Не .Млеко се добива на релација побарувачка-понуда ,колку почесто стимулираш повеќе млеко ќе имаш.Само бебе на града почесто и ќе успееш.Битно е многу и добра хидрација и добра исхрана на мајката.Ако нудиш ад на почеток прво да цица па после ад.Со лесно.
Па не знам која недела точно бев 7-8 можеби. И сега воопшто не ме болат 16та недела сум сега. Мислам нема место за загриженост, некои ги сеуште болат, некои пак ни од почетокот, кај секој е различно.
Мене накај 9 - 10 недела престанаа да ме болат. Ама затоа сега незнам што повеќе ме боли дали стомак дали градите а само 15та недела сум
@Mari-Li некој ден буквално ништо не осеќам ни на гради, ни на брадавици. Ама некој ден самата маица што ја носам ме иритира. Така да, веројатно денес имаш одмор од нелагодноста.
Здраво, бремена сум 34 недела, имам болки во левата града и на допир ми е по тврда од десната. Имам ли простор за грижи? Секако ќе посетам доктор утре.
Здраво цури Едно прашање... 27 +3 сум ама гледам вчера денес градиве ми се намалени односно братени во прбобитна големина и не ме ни болат. Јас имав некоја претстава дека градиве ќе се зголемуваат до крај. Искуство некоја вака да и се случило ?
Си варираат хормоните така и градите. Не им се замарај си знаат што треба да си прават. Градите во првата бременост ми беа исти од почеток до крај. Кога надојде млеко тогаш се зголемија х2
Здраво, дали пред доење треба да се измиваат градите од кремот на фризидерм? Користев ланолин на медела ама немало па мажми земал од овој на фризидерм.
Незнам искрено прашав во апотека, ми рекоа како сакаш не било штетно ама мене ми имаше некој јак мирис и не мачкам веќе. Се навикаа градите без крем.