исто како и телото и градите ги мачкам со бекутан масло и со лосион од макадамиа и ванила.. не сум купила некоја посебна крема или лосион за брадавици
^^^ Девојки дури сега гледам дека сте ме прашувале во врска со кремите за градите и стриите. Не се скапи, околу 200 ден е едното, а 200 другото, но јас не ги користам редовно.Почнав некаде од 8-ми месец. Онаа што е за гради, ланолинот, кога го користев осетив разлика, брадавиците ми беа помеки, не ме болеа и чешаа, а за стрии, незнам, мрсна е кремата, содржи состојки кои ја прават кожата помека и поеластична, ама ете јас заборавам да се мачкам. Јас не ја правев кремата за стрии оти вака ми е поефтино, плус се што се става внатре го содржи и оваа крема на Lea Mamma, а и речиси сите креми се со ист состав, па што и да земете ќе ви биде од корист. Немаат парабени, и се сосема безбедни за трудници.
Bebaa, во ПМС градите се чувствителни и болни на допир, зголемени и тешки како резултат на прогестеронот кој се лачи после овулацијата. Доколку не настане оплодување, доаѓа до нагол пад на прогестеронот, градите олабавуваат, болката и чувствителноста се намалува и тогаш добиваш менструација. Доколку почувствуваш намалување на напнатоста во градите, тоа е скоро сигурен знак дека не се случила бременост.
Што е најефикасно за мачкање на брадавиците во бременост? Моите веќе почнаа да распукуваат и да болат.
прашај во аптека сигурно че ти понудат нешто добро....можи је малце глупо ама имам слушнато дека добро било грепките да се мачкаат и со салото најбргу омекнувале.пробај така да ги смириш болките додека си купиш некој крем
да имам промена,сега се поголеми како пред циклус кога бев,јас имам инаку мали гради па сега ми годи промената инаку сум во 14 недела
И кај мене има голема промена. Абе нека растат нема проблем само стрии да не ми се појават и брадавициве да не ми испукаат.
Оваа тема е соодветна донекаде за моето прашање.Градите ми се зголемени и сега неможам да носам прслук со потпунки а незнам пак кој број да купам за да го носам моментално.Дали треба да биде ист број на градник или 2 броја поголем и секако бес потпинки?
Сето тоа е индивидуално....пример јас сеуште го носам истиот градник,градите ми се малку само зголемени,брадавиците набрегнати и секако многу чувствителни се......Мозис да земиш обичен градник без потполнки и поголем 1-2 броја за да си послободна....
Јас пред да останам бремена бев со гради како да имав јајца на око на мене ама ко почнаа да си минат месеците се осекав ко Цеца да сум гради уф уф само си се радував хаха ама после доењето ми виснаа како да се пифтии и сеа мора прслук со потпунки за да ги крене хаха
Мене почна да ми тече малце како вода, сигурно е првото млеко појма немам А пошто градите ми се зголемија ми излезе и некоја стрија Јас се мачкам со павловичева ма џабе некој предлог
јас ќе правам маст деновиве, маст што е ефикасна за стомакот сигурно, ама би требало и за градите, за стрии: 2 лажици големи сало и топиш во 9 води, водата да биди млака, кога ќе се соедини во првата вода го прецедуваш и така 9 пати и после му ставаш малце крем за тело или раце што има убав мирис, и му ставаш во салото за да не мириса на сало, го ставаш во пластично стаклено нема врска и се мачкаш преку еден ден. Девојкава нема ниту една стриа на стомакот, поченете порано со мачкање! А инаку за градиве мои, уште пред да дознаам дека сум бремена, ми пораснаа ама и ме нервираа брадавиците, особено од левата града, неможев прслук да поднесам во никој случај, сеа не ме нервираат брадавиците ама растат и се тврди, треба ново бројче да земам, мало ми е ова
Uuu goolema promena vo posledniot mesec...zgolemeni gradi areoli golemi i temni,bradavici ispaknati,edna kupa veni isprepleteni i sekako najnovoto so go zabelezav sinoka se striite pod areolute.. daj bize da imam mlekce,drugoto voopsto ne mi e bitno
Немам искуство со бременост, но сум слушала, па пренесувам. До сега сум кажала на неколку мајки ту би, и имале успешна борба со стриите. Свинска маст, најдобро е домашна, се става во повисоко канче и се „плакне под тенок млаз вода“ - ова се плакне значи дека матите со вилушка под постојан млаз вода додека маста не стане снежно бела. Можеби ќе треба да ја матите 5-10 минути, зависно колку е чиста, па затоа можеби најдобро е сопругот да поработи на темава. Се мачка по целото тело, наутро и навечер. Не остава флеки на облека и не мириса на маст, ако добро се измие/измати. Готова е кога ќе стане пенеста (ако ова ви помага)Знам дека некои ставаат етерично масло или невен или перфимирани креми, ама тие содржат хемикалии па се поштетни во секој случај. Во однос на регадите, се става масло од кантарион, на вата за да стои во периодот кога детето не цица, веднаш ги мекнее и не дозволува создавање на нови. Многу е важно масолото да е домашно, за да сте сигурни дека нема бои и ароми. Пред доење само се брише градата со газа.
zdravo, ima li nekoj da mi pomogni. Vo sedma nedela sum i veke ima srceva reakcija, gradite me bolea i mi bea podueni a sega ne me bolat poveke i gi osekam kako da se po meki. dali e toa problem problem? ili pod hitno da odam kaj dr?
Нема потреба толку да паничиш.Некои девојки воопшто немаат никакви симптоми а се бремени. Сакам да кажам дека кај секого е различно. Според мене немаш потреба да одиш на лекар,меѓутоа ако ти сметаш дека ако одиш и ти каже нешто поконкретно лекарот тогаш...оди,ќе ти биде мирна главата.