1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на вера

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 9 јануари 2014.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш би ја промениле својата вера од било која причина?
    Што мислите за менувањето на верата?
    И многу други мислења за оваа тема.

    Темата се однесува за било која вера христијанство, ислам, католицизам, будизам, јудизам...
    Доколку се отворат дискусии на оваа тема, не би сакала да се појават навреди кон било која вера, како ни кон припадниците на било која вера.
     
  2. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Јас сметам дека менување на религија е сосема непотребна работа, освен ако некој навистина се чувствува така за да е во мир со себе. Сите ние сме деца на оваа земја, религијата е пропратна работа, создадена од луѓето, за да се сносат се со она што им носел животот.
    Како што луѓето порано верувале во духовите на своите предци, духовите на растенијата, дрвјата, животните, разни пагански ритуали и обожување на богови, така сега имаме обожување на еден бог во повеќе облици (Исус, Алах итн.) односно три водечки монотеистички религии Јудаизам, Христијанство и Муслиманство. Пред повеќе од две илјади години, она што се верувало не било доволно и луѓето барале нови начини и теории да си потврдат дека се живи, што е животот и каква е суштината на животот. Па така се развиле монотеистичките религии по тој редослед што го наведов, со слични основи за моралите на животот а сепак различни теории за тоа како настанал светот и Бог. И тоа сеуште се менува... повторно на луѓето не им е доволно, па така имаме разни секти како вахабистите, јеховини сведоци и што уште не... Само што сега е малку поинаку, сега Бог се употребува за лични цели, во век во кој треба сме свесни за ширење на љубовта, се шири омраза кон оние што веруваат поинаку, се употребува оружје и се изговара името на бога во исто време.
    Што е до мене, јас сум во мир со себе и моите верувања, немам што да менувам, можам само да прифатам добрина и да не осудувам. :bow:
     
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Тргнувам од себе, јас никогаш не би ја сменила својата вера,и сметам дека е погрешно сосема погрешно менувањето на верата.
     
    На Anne15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    тој што не го најдува Бог во матичната религија, нема да го најде на друго место ( зборувам за христијани за други незнам)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би го направила тоа! Јас не знам кој би можел да направи такво нешто?! И зошто? Родена сум христијанка и ќе си умрам како христијанка! Не би ја сменила верата по никоја цена!
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Како што може да се смени партнер, автомобил, куќа на живеење така може да се смени и верата.
    Верата не се стекнува со раѓање (иако постои можност во одредени општества или семејства да се наметне) и е право на избор и треба да биде последица на слободен избор, а не на слепо следење на некоја традиција.

    Верски разочараните христијани од запад понекогаш ја менуваат верата во некоја источна вера, на пр. хиндуизам или будизам, разочараните верници од исток понекогаш стануваат христијани. Има американци кои од протестанти станале православни и тн.

    Некое време бев трагач, барав и најдов. Јас во моето духовно верување го најдов Бога, се најдов себе и ги најдов одговорите на сите длабоки животни прашања кои јас ги имав, оттаму не гледам потреба да ја сменам својата вера.
     
    На MissCottonCandy4, turist, КикиМаус и 6 други им се допаѓа ова.
  7. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Никогаш ама баш никогаш не би сменила вера. Родена христијанка, така и ќе си умрам како христијанка :)
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Се случува. Сунет, крштевки и др религиозни ритуали обично се прават на мали деца, пред да бидат навистина свесни дали се навистина Христијани/Муслимани/Будисти/...

    Немам ништо против тоа и не го сметам како наметнување. Тоа е дел од воспитувањето и начинот на живот кој нашите блиски сметаат дека ни` е потребен. Ако не го чувствуваме и не се пронаоѓаме во тој свет, кога ќе пораснеме може да направиме промени. Важно е да се следи срцето, а не убедувањето од околината.

    Ние како семејство не сме биле многу побожни. Јас се пронаоѓам во Православното Христијанство и дури чувствувам дека им помогнав дури и на некои мои блиски личности повеќе да се пронајдат во таа вера. Колку повеќе учам за својата вера, толку повеќе чувствувам дека припаѓам и сум добредојдена таму. Истото го чувствувам и секој пат кога комуницирам со луѓе духовно повеќе издигнати од мене. Затоа никогаш не би ја сменила. Тука припаѓам, тука сум спокојна, тука сум среќна.

    Но, има луѓе (без разлика на вера) кои го немаат тоа чувство кон религијата која им е наследена од семејството/општеството. Доколку навистина имаат чувство дека припаѓаат на друго место, во друга филозофија на живот, подобро е да се приклонат кон истата и да бидат подобри и посреќни верници.

    Има и некои на кои им е тешко и им треба долго време дури се пронајдат некаде.

    Јас сум пресреќна што си го најдов моето место, а ги почитувам припадниците на сите религии кои проповедаат добрина, мир, морални вредности и љубов и истиве вредности ги практикуваат кон мене. А и атеисти кои не ме осудуваат, омаловажуваат или ми солат памет поради мојата религиозност.

    Сум ЗА промена на вера ако доаѓа од нашето срце, ако е нешто во кое НИЕ се пронаоѓаме. Сум ПРОТИВ доколку е наметнато од семејството, сопругот, околината.
     
    На AnaaKareninaa, Ece 1309, minne992 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да си ја сменам верата, христијанка сум и така ќе си останам! 8)
     
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Неможам да зборувам што ќе се случи во иднина, но сега најмногу се пронаоѓам и мислам дека местото ми е каде што сум, во православното христијанство.
    Но, никогаш не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден. Се се менува секојдневно, па може и ќе дојде до промена на вера. Не го осудувам менувањето на вера. Секој човек си има свое право на избор да се пронајде онаму каде што припаѓа.
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Јас сум православна христијанка и никогаш не би ја променила верата.
    Промената на исконските корени значи и промена на своето битие.
     
    На Ella.313 и Agrona им се допаѓа ова.
  12. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Митологиите и религиските идеи се моја пасија и потесна специјалност. На ваква тема тешко ми е да не останам пристрасна :D
    Верата и религиската припадност треба да бидат одбрани според личниот избор на поединецот. Верата треба да биде избор, а не нешто што е стекнато со раѓањето. Дали секој што е роден, да речеме во Јапонија треба да биде шинто? Или пак роден во Рим треба да биде римокатолик?
    Верата не е ген па да го наследиме од своите родители. Верата е личен пат, личен избор.
    Секој од нас чекори различен пат. Секој од нас во себе носи различни прашања. На секој од нас срцето му жуди (не знам соодветен македонски збор, извинете) на различен начин за тајните на Универзумот.
    Не значи ако некој е воспитан во христијанска (на пример) фамилија, дека кога ќе порасне во Библијата ќе ги најде одговорите кои му се потребни. Можеби неговите прашања за природата на светот, за воскресението и многу други нешта ќе ги најде во (на пример) ведите.
    Никој никому не смее да наметне религија. Дури ни на сопствените деца. Наше е да ги подучиме. Па сами нека изберат. Макар одлучиле и да бидат атеисти или агностици. Нивен избор. Нивно право.

    Затоа постои и чинот на света потврда (кај римокатолиците познат и како "кризма") кога верникот ја потврдува својата вера и својата припадност кон црквата. Клучот е - претходно прикладно поучен за верата и способен своеволно и свесно да ги обнови своите ветувања кои ги склопил со Бог при чинот на крштевање.
    Кај христијаните верата се прима преку крштевањето. Крштевањето е чинот на воведување на едно новородено дете во црквата (освен кај баптистите), еден од трите сакраменти на христијанската црква кога крстениот станува Божјо дете.
    Се' до моментот на потврда на верата, тој човек е христијанин по раѓање, а не по личен избор. Голем број од атеистите и агностиците се крстени како деца. Но тоа не ги прави христијани.

    Со оглед на тоа дека ги сакам сите вери, дури и оние (погрдно наречени) пагански верувања, јас не гледам никаков проблем во менување на верата. Се разбира се додека станува збор за ЛИЧЕН ИЗБОР, дел од патувањето наречено живот, дел од потрагата по одговорите на прашањата кои ги носи човек во душата. Против, изричито против, сум менување вера под принуда, со заканување или уценување (уценување со давање медицинска или било каков друг вид помош под услов промена на вера).

    Иако со мм и двајцата сме христијани, сепак јас сум православна а тој е баптист. Двајцата посетуваме т.н. Nondenominational црква (црква без деноминација). Деноминација е подгрупа во рамките на една религија - на пример православие, римокатолицизам, протестантизам, методизам, баптизам се деноминации на христијанството / суни, шија, суфизам се деноминации на исламот.
    Децата ќе ги воспитуваме во духот на христијанството, притоа учејќи ги и за другите вери. Затоа што најголемата омраза доаѓа од незнаењето. Па кога ќе станат доволно возрасни, ќе оставиме на нив самите да одлучат дали и на која вера ќе одлучат да припаднат.
     
    На rose60, Domino, dakaranani и 2 други им се допаѓа ова.
  13. tejjaam

    tejjaam Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    14
    Не би ја сменила верата.
     
  14. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Оу не! Никогаш!
     
  15. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Хехехе... ја сум еден од оние кој ја имаат сменето верата роден сум како Христијанин - и многу разочаран од религијата ( не само христијансвото, туку и од исламот и јудеизмот) , сега сум Неопаганист поточно Wiccan .. :)
     
  16. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Жудња е копнеж, оттаму жуди значи копнее.
    За темата:родена сум како православна христијанка (македонка), како таква ќе си умрам.Избор да направам и да си ја заменам националноста и верата можам, како и полот, небитно е дека сум создадена од православни родители македонци како женско-голема работа..Ви се молам.Тоа што сум го наследила од моите родители и предци е мој идентитет кој ќе го носам до гроба а демократијата може комотно да се носи..
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dakaranani

    dakaranani Нов член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Јас сум Унитариан Универзалист (Unitarian Universalist). Родена сум како христијанка - во не многу религиозна фамилија (не одиме често во црква, а јас веќе воопшто не одам). Сепак, се почитуваат традициите на христијанството. Фактички, јас веќе ја имам сменето религијата, но за ова воопшто не ми беа потребни некои посебни процеси, ритуали и слично. Моите верувања и сфаќања се едни и се само мои.

    Повеќе за Унитариан Универзализмот...
    Ова е религија која- па, не е поточно одредена. Има многу подгранки во кои човек може да се пронајде и да се прилагоди. Еве јас, на пример, никогаш немам верувано во Исус Христос или било кој како еден бог. Верувам во некоја сила, која е посебно одвоена од силата на природата. А зошто? Бидејќи секое живо суштество има психа, тоа е живо и има способност да мисли. Дури и растенијата - и тие ги одвојувам како посебни и како дел од енергијата и силата на природата, во која спаѓаме и ние луѓето. Богот, ако така го наречеме, нема моќ да управува со живите суштества. Тој е како еден чувар, еден надгледувач кој само го држи беспрекорниот ред на природата - создавањето и уништувањето. Но, тоа е само мојата гледна точка. Не ми беше одредена религијата, но знаев дека не се чувствувам како христијанка... па земав тест за религија. Од 7 тестови кои ги земав, 7 ми покажаа дека сум ова.

    Но еве, да земеме од википедија...
    "Unitarian Universalism, or Unitarianism,is a liberal religion characterized by a "free and responsible search for truth and meaning". Unitarian Universalists do not share a creed, but are unified by their shared search for spiritual growth. The roots of Unitarian Universalism are in liberal Christianity, specifically Unitarianism and Christian Universalism. From these traditions comes a deep regard for intellectual freedom and inclusive love, so that currently individual congregations and members actively seek inspiration in and derive spiritual practices from all major world religions.
    The theology of individual Unitarian Universalists ranges widely, including Humanism, Atheism, Agnosticism, Pantheism, Deism, Christianity, Judaism, Neopaganism, Buddhism, and many more."

    Тоа значи, токму како што кажав, дека еден индивидуалец може да зема карактеристики на различни религии, да ги прилагоди кон своите верувања и да се означи како Унитариан Универзалист.

    Па, според мене, менувањето на религијата е сосема природна работа. Ете тоа, го наложува и мојава религија, која, е според мене најуникатна и овозможува најслободен избор за тоа во што веруваме. Така, јас можам да славам Велигден, Божик, Бадник, но да не се карактеризирам како христијанка. :)
     
    На Moondust му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Wicca е една од најетикетираните и погрешно сфатени религии. Често погрешно сфатени како следбеници на Сатаната и слични такви работи. Ме заинтригира овој пост навистина, затоа што не знаев дека и во Македонија има неопагани.
    Eagle.eye, ако не е премногу откривање информации, ме интересира дали Wicca во Македонија се организирани во covens? Дали има обреди на иницијација и сл.?
    И дали ги одбележувате Samhain,Yuletide, Beltane и останатите Сабати?
    Ептен ме заинтригира :)
    Келтскиот и Германскиот паганизам отсекогаш ми биле слаба точка. :$
     
    На eagle.eye му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Јас за себе можам да кажам дека никогаш не би ја променала верата но немам оформено некое мислење за другите во смисла дали тоа би требало да го направат...
    Секој нека си верува во што сака, во што мисли дека е точно. Јас секогаш ќе бидам Христијанка!
     
  20. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Хмм не сме некоја посебно религиозна фамилија, одење во црква итн, меѓутоа се држиме до она во што веруваме- православното христијанство. Искрено, за мене лично никогаш не би променила вера. За тие што менуваат вера и немам некое посебно мислење, секој си има свој живот и свои размислувања во кои ние не треба да се мешаме и сугерираме.

    Би сакала да прашам, нели има парови кои се од различна вера и сега кога одлучуваат да стапат во брак, како иде тоа?? Дали едниот од нив ја менува верата во верата на партнерот, дали си остануваат секој во својата вера или како иде тоа?? :^) :^)