Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на вера

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 9 јануари 2014.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ти не си променил вера туку од неверник си станал верник. :)
     
    На Orthophill, Rama, Philippa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е сега... :bow:
    Оној кој од мал не е задоен со вера, знае да залута...
    Тоа е како еци-пеци-пец
    Чекај Православен Христијанин, протестант, Католик, нововерец ,муслиман илиии па будизам?!?! Хммм и ете второто излегло.
    @EvAngelos ?
     
    Последна измена: 9 октомври 2016
    На Orthophill, Rama, Philippa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Затоа што Исус вели: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа до Татко ми, освен преку Мене“ (ев. Јован 14:6, Библијата)

    А на друго место Исус вели: „Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.”“ (ев. Јован 3:36, Библијата)

    Овде а и на десетици други места, Исус јасно вели дека кој верува во Него ќе биде спасен и има вечен живот, а кој нема да поверува во Исус, нема да се спаси и Божјиот гнев останува врз него.
    Божјиот гнев кон нас е заради нашите гревови. Исус е единствениот што се жртвуваше за нашите гревови. Никој друг, ниту Мухамед, ниту Буда, ниту Конфучие не се жртвуваше за нашите гревови. Исто така само Исус воскресна и беше потврден од Бог за Месија и наш Спасител. Ако веруваме во Него, имаме вечен живот (рај), ако пак не, Божјиот гнев останува во нас и ќе бидеме уништени во пеколот.

    Дали ти сакаш твојата сосетка да ја смени верата и од муслиманка да стане христијанка и со тоа да добие вечен живот, или пак сакаш да си остане муслиманка и да гори во пеколот?

    Библијата за човековото срце вели дека е најизмамливото нешто што постои. Еве еден цитат од Библијата што го потврдува тоа:
    „Поизмамливо од сè е срцето, и е страшно болно (расипано)“ (Еремија 17:9, Библијата)

    Затоа, без разлика на нашиве дебатирања на форумов, мој најискрен совет за тебе е да не го следиш срцето, туку да го следиш разумот и она што Исус го кажува во Библијата - се разбира ако веруваш дека Исус ја зборува вистината.
     
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Христос влегува преку нашите срца и се чува во нашите срца.
    Толку.
     
    На Orthophill, Rama, HUNK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Иако атеизмот не е религија, сепак се темели на одредени верувања. Јас како атеист бев верник во материјализмот и натурализмот - тоа е гледише дека видливиот свет е се што постои, дека се е материја и енергија (нема духовен свет, нема натприродно, нема Бог и сл), и дека се што се случува може и мора да се објасни само преку природните сили и природните закони на Универзумот. Како атеист верував дека постанокот на Универзумот и животот во него се склоп на низа на случајности (а не создадени од Бог). Јас за тоа немав сигурни факти, туку верував во тоа. Значи сепак имав некаква вера која пред 13 години ја променив откако ја дознав вистината за Исус Христос и станав христијанин.
     
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    И сам велиш дека атеизмот не е религија, си бил атеист ама си променил вера... како тоа? :clap:
     
    На Orthophill, Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Да но оној/онаа кој го немал Христос во срцето, мора да ја смени верата за да може да го прими Исус во срцето и да добие прошка на гревовите и вечен живот.
    Не може твојата сосетка да си продолжи да си верува во Мухамед и да го прими Исус во срцето. Исус го примаме во срцето со тоа што ќе поверуваме во Него. Значи твојата сосетка муслиманка треба да ја промени верата и да поверува во Исус, па дури потоа Исус би влегол во нејзиното срце и би и ги простил гревовите и би и дал вечен живот.

    Па не реков дека променив религија, туку вера. Верата во натурализмот е релевантна вера. Еве прочитај малку за натурализмот: https://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy)
     
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Од главата си патиме.
     
    На Rama, HUNK, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Прво Петра пиша дека сосетката нејзина е муслиманка, си верува во нивниот бог ама ЈА ПОЧИТУВА И СЕКОЈА ДРУГА РЕЛИГИЈА....никаде не рече дека таа се каела за нешто па Исус за да и прости.
    Никаде не рече дека сакала Исус да и прости и дека Исус сака да и влезе во нејзиното срце. Таа едноставно не верува во Исус, ама ги почитва луѓето што веруваат во него.

    п.с. Сериозно размисли си за посета на психијатар.
    Се сум видела ама ваква преокупација со религија немам видено. Ова дури е болно.
    Треба да си најдеш ЗДРАВО хоби....Излези и прошетај малку во реален свет.
    Get a life.
     
    На Orthophill, Rama, HUNK и 2 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Не мора да ја повторуваш, точно знам што пиша Петра :) Јас ја прашав Петра дали таа сака нејзината сосетка муслиманка да ја промени верата и да поверува во Исус - со цел таа сосетка да добие вечен живот и да не гори во пеколот.
    Петра на ова ми одговори дека таа не сака нејзината сосетка да ја смени верата. Во ред е, си добив одговор, нема потреба од повтарање на дискусијата.

    Си имам јас и хоби и социјален живот и редовно си спортувам и си шетам предоволно. Не мора да се грижиш за мене. Поздрав!
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.754
    Пол:
    Женски
    Извини што се мешам, ама муслимамите не добиваат вечен живот??? Само ние што веруваме во Христос?
    Имам прашано муслиманка, ми објаснуваше за верата, и тие си веруваат дека со своите постапки ќе одат или во рајот или во пеколот (џенетот и џехенемот). Секоја вера со својот бог и верувања. Во пеколот горат оние што се оддалечиле од Бога или од Аллах, без разлика.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Хахахахах :D абе и ти па сега.. битно е да се каже..... важно е што е ноторна глупост :D?
    Јас искрено,прв пат во својов живот слушам дека некој сменил вера(алудира на религија) од Атеизам во "Христијанство"......
    И ако е од него..... многу е :D :D :D..
    Христе Боже,Распети и Свети..
     
    Последна измена: 9 октомври 2016
    На Orthophill, Rama, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Знам што веруваат муслиманите, но според Исус Христос вечен живот добиваат само оние кои веруваат во Него. Еве неколку изјави од Исус цитирани од Библијата:

    „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа до Татко ми, освен преку Мене“ (ев. Јован 14:6, Библијата)
    „Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.”“ (ев. Јован 3:36, Библијата)
    „Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.”“ (ев. Јован 6:47, Библијата)
    „Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее. И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли во ова?”“ (ев. Јован 11:25-26, Библијата)

    А еве и еден цитат од Делата на апостолите:
    Нема спасение во ниту еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.”“ (Дела 4:12, Библијата)

    Зошто ваквата ексклузивност на Исус Христос?

    Библијата јасно учи дека сите луѓе се грешни, дека нема ниту еден праведен и дека казната за гревот е смрт (и телесна и духовна)
    „Зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава“ (Римјаните 3:23, Библијата)
    „Нема никој праведен, нема ниту еден“ (Римјаните 3:10, Библијата)
    „Заслуженото за греовт е смрт“ (Римјаните 6:23, Библијата)

    Бог го испрати во светот Исус Христос за да ја плати казната за човековиот грев со тоа што Тој се жртвуваше за нашите гревови на Голготскиот крст, Тој ја зема осудата за нашите гревови, за ние да бидеме спасени.

    „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (Исус, ев. Јован 3:16, Библијата)
    „Но Бог ја покажува Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници“ (Римјаните 5:8, Библијата)
    „Христос умре за нашите гревови...“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)

    Итн. Ова спасителна мисија на Исус Христос е пророкувана дури и во Стариот завет. Стотици години пред Исус да се роди е претскажано дека Тој ќе биде измачуван и погубен за нашите гревови. Прочитај го 53-то поглавје од пророкот Исаија, целото збори за тоа. Ќе наведам само еден стих:

    „За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.
    Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас...
    ....Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт...
    Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него...
    ...Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе...“
    (Извадени цитати од Исаија 53, Библијата)

    Името „Исус“ на еврејски значи „Спасител“. Зборот „евангелие“ значи „добра вест“. Добрата вест е дека Бог толку нè љуби што ни прати Спасител кој се жртвуваше за нашите гревови, за да не мора ние на Судниот ден да платиме (со смрт) за нашите гревови. Исус умре за нас, за ние да добиеме вечен живот. Ниту еден друг верски лидер (Мухамед, Конфучие, Буда..) не бил определ од Бог за таа мисија и не го дал својот живот како жртва за нашите гревови. Бог ја потврди Неговата жртва со тоа што го воскресна од мртвите.
    Ако нешто од ова погоре е се уште нејасно, пиши слободно. Се трудев да бидам пократок, ама сепак целосен во изложувањето на евангелието :)
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.754
    Пол:
    Женски
    Епа муслиманиве не ќе веруваат во Христос, и Богот нивни нешто слично ги учи. И јас да бев муслиманка веројатно ќе си верував во тоа моето, не ќе сменев вера само затоа што Христос дава вечен живот. Божем Алах не дава. Еве нека објасни некој од таа вера. @Semih-Al @Sanya20 дали Алах ви дава вас вечен живот? Како се стигнува во рајот а како во пеколот? Дали вие би смениле вера за да добиете вечен живот?
    Не дека не го знам одговорот, ама добро би било да се вклучите малку овде и да одговорите вие лично, ако сакате, секако.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Како може вака да пишеш? Ако верува во Исус ќе добие вечен живот?
    Како што ние веруваме во Исус, како што ние се надевме дека ќе одиме во рајот... така тие исто си веруваат во нивната вера.
    Ајде сега да пише некој муслиман дека ако не верувате и не се придржувате по правилта на куранот и нивниот бог, тогаш сите ќе горите во пеколот.
    Колку е глупо, нели?

    Ти веруваш во Исус и ок, ама треба да се научиш да ги почитуваш и туѓите религии. Ако им е празник, честитај им, ако поминеш покрај џамија не им плукај... а според твоите мислења премногу се напнуваш за сите да почнат да веруваат во Исус.
    Епа ајде земи стап и терај ги луѓето со сила или да веруваат во Исус или ќе горат во пеколот.
    И ако имаш храброст ајде појди кај некој муслиман и очи во очи речи му да ја промени верата за д не гори во пеколот. Појди речи, па ќе видиш што ќе ти се случи :) тогаш ни Исус, ни цела библија да ја рецитираш не те спасува... автоматски ќе заминеш во пеколот.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Абе некој може да си верува дека и верата во некоја крава дава вечен живот, ама дали е тоа вистина, тоа е веќе друго прашање. И во болницата Бардовци можеби ќе сретнеш луѓе што тврдат дека даваат вечен живот ако веруваш во нив, но дали навистина даваат, е веќе друго прашање.

    • Христијаните веруваат дека Исус е Божјиот Син. Муслиманите веруваат дека е обичен пророк.
    • Христијаните веруваат дека Исус бил распнат како жртва за нашите гревови. Муслиманите веруваат дека Алах го земал на небото непосредно пред да го распнат и направил некој друг да личи на Него и всушност римјаните распнале некој друг, а не Исус.
    • Христијаните веруваат дека Исус воскреснал, муслиманите не.

    Епа не може и двете вери да се во право. Разумот и логиката велат дека две контрадикторни изјави не може истовремено да се во право. Не може Исус да бил распнат и да не бил распнат. Не може Исус да воскреснал и да не воскреснал. Не може Исус да е Божјиот Син и да е обичен пророк. Една е вистината. Ако го љубиме искрено Бог, на нас останува да истражиме дали Бог се објавил преку Исус Христос и Библијата, или пак преку Мухамед и Куранот. И секако дека треба да ги толерираме оние кои веруваат поинаку од нас, бидејќи секој си има право да си верува во што сака, но ќе повторам, тоа не значи дека вистината е релативна и дека сите вери се вистина.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.754
    Пол:
    Женски
    Се повлекувам јас од дискусијава затоа што не ме разбираш. :)
     
    На Orthophill и Petra777 им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Јас не го велам тоа, туку Исус го вели тоа. Јас само го цитирам Исус и тоа директно од Библијата. Тие референците што ги пишувам со црвена боја покажуваат каде во Библијата Исус го вели тоа. Пример ова (ев. Јован 3:36, Библијата) значи: евангелие по Јован, 3-то поглавје, 36-ти стих. Ако не се согласуваш со тоа, тогаш ти не се согласуваш со Исус. И во ред е да не се согласуваш со Исус, но толерирај нè нас христијаните кои му веруваме на Исус. Не барам од тебе да ја почитуваш верата на христијаните (ако ти изгледа апсурдна и ограничувачка), туку само да ја толерираш, бидејќи ова е јавен форум во една секуларна држава каде што слободата на вероисповед со уставот му е загарантирана на секој државјанин, а тоа ги вклучува и христијаните.

    Независно од тоа дали некој муслиман ќе го пише тоа на форумов, во Исламската света книга (Куранот) јасно си пишува дека Алах нема да им го прости гревот на оние кои на Алах му припишуваат здруженик. Според муслиманите, христијаните се едни од оние кои на Алах ми припишуваат здруженик бидејќи веруваат дека Исус е Бог и дека Светиот Дух е Бог т.е. дека Бог има троична природа (Тројство, света Троица). Во Куранот пишува дека таквите нема да влезат во рајот (џенетот), туку нивното живеалиште ќе им биде во пеколот (џехенемот)

    “Аллах, навистина, нема да прости да Му се здружува здруженик, а сé, освен ова, простува кому сака..” (Сура Ен-Ниса 48, Куранот).

    „Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во џенетот и неговото живеалиште ќе биде џехенемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ (Сура Ел-Маида 72, Куранот)

    Џенет на арапски значи рај, а џехенем - пекол.

    А кој рече дека не ги почитувам или дека не им честитам празник или дека плукам покрај џамија??? Почитување не значи и согласување дека сите вери се вистина. Толеранција исто така не значи согласување дека и нечија друга вера е вистина. Толеранција значи да не се согласуваш со другиот, а сепак да го толерираш неговото/нејзиното верување и да го почитуваш правото тој да си верува како што сака.
     
    Последна измена: 9 октомври 2016
  19. Semih-Al

    Semih-Al Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Машки
    Аллах дава вечен живот, т.е. ние муслиманите правиме добро на овој свет за да кога ќе умреме отидеме во џенетот.Тоа е целата суштина на нас.да клањаме 5 пати зашто само така се отварат портите од џенетот.
    И во никој случај не би сменал вера,а и тешко дека некој друг муслиман ќе смени вера,тоа е нешто невозможно:)За нас Аллах е еден и единствен,ќе умрам но вера нема да сменам.
     
    На Hopelessgirl, Zeynep, Bella.04 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Тоа што го вели Исус, ништо не им значи на муслиманите како на што христијаните ништо што не им значи што пишува во куранот.
    Вадиш цитати од библија за вечен живот. Тие цитати може тебе, мене и останатите христијани да не засега и да се водиме по тоа, ама дефинитивно не и е гајле на сосетката муслуманка за тоа што пишува во библијата.
    Си имаат тие други првила и верувања за вечен живот, и не може со сила да им наметнуваш нешто од христијанството.
    Верувај во што сакаш ама не напнувај...
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.