1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на вера

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 9 јануари 2014.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Ама најтрагично е што он не е дел од Православно Христијанство.
    Он верува во нешто што јас летово прв пат слушнав за тоа.
    Протестант. На што те асоцира самиот збор ? :)
    Се бори да урне нешто што пости гоооодини светлосни !
     
    Последна измена: 9 октомври 2016
    На Orthophill, Vitaly, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Фала @Semih-Al што не удостои со одговор. :)
    Ете @EvAngelos и тие можат да добијат вечен живот. Си се фатил ти дека само Христос е семоќен. Нормално дека во Библијата нема да пишува да веруваме во други богови освен нашиот но не значи дека само нашиот е тој највеликиот, најсемоќниот. Да, таков е ама за нас кои веруваме во него. Низ друга призма ако гледаме... поинаку е.
    Значи комшиката на Петра нема потреба да менува вера за да добие вечен живот. That's what I'm talking about.
     
    На theowndemon, Orthophill, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Леле!
    Одма да отвориш учебник по историја да читаш за Мартин Лутер и Реформацијата
     
    На theowndemon, Someonespecial, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    :x
    И јас прв пат слушам...
    Тогаш да не го цитирам веќе, појма немав каков е.
    Прво мислев е женско, па дознав бил машко, сега мислев е православен ама сепак не бил...
    Ајде да не трошиме време на него тогаш. Убаво реков дека ова дури и болно е од негова страна
    :x
     
    На HUNK и Petra777 им се допаѓа ова.
  5. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Аааа неам др работа :D
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    А да отвориш ти? Да ѕирнеш од кога Кој и кога го формирал Христијанството(Православието) а кога е Протестанството и зошто :)? Чисто информативно.
     
    На Rama, Orthophill, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Земјите населени со протестанти се светлосни години понапредни од вашата, закочена... Или Господ повеќе ги сака протестантите, или не знам шо е работава веќе ;(
     
    На LadyC и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Точно.. но на Бог во Библијата не тражи да се бориме во технолошки развој туку духовен :)
    Протестантските земји кои се империјални сили.. убиваат по светот,легализираат хомосексуалност.. се што забранува Бог... :)
    Но тоа веќе е друга тема.Ти сепак читни малце историја.. :)
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Еве пошто се пофали си учела , колкав е бројот на Протестанти и колку протестантски објекти има?
    Не знам, ме интересира , место да листм кажи.
     
    На Orthophill, HUNK и Vitaly им се допаѓа ова.
  10. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    @sjdgo го изгубила учебникот, меморија слаба :D Ќе почекам .
     
    На Orthophill и HUNK им се допаѓа ова.
  11. cupcakeb

    cupcakeb Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Никогаш, во никој случај не би ја променила верата.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми објасни што е разликата меѓу протестанти и христијани?
     
  13. jsmith

    jsmith Нов член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Христијанството е монотеистичка религија, па затоа ова што го велиш не е точно. Припишување “здруженик„ веќе означува влегување во политеизам (како што прават хиндуистите со Богот Ганеш, Божицата Кришна итн).

    Троицата претставува три аспекти на едно Божјо единство. Бог е еден, а се појавува во три личности. Не постојат, според вас, три богови, па затоа не постојат “здруженици„. Не се секирај, добрите христијани нема да останат ненаградени за нивните добри дела, зошто и ние веруваме дека Господ е сомилосен, најмилостив.
    Господ, кој е и ваш и наш Бог, во Куранот во вид на совет ви кажува дека е подобро за вас да го оставите ова настрана, и да не го сметате Исус како единороден син. Во ред е според нас да го сметате како син Божји, во смисла дека сите други пророци во Светото Писмо се опишуваат како синови Божји. Но како единороден син, не е логички прифатливо со оглед на Божјата природа која е ослободена од нашите сфаќања.

    Ен-Ниса 4:171 "О следбеници на книгата (Еврејци и Христијани), не претерувајте во вашата религија и за Аллах говорете ја само вистината! Месијата Исус, синот на Мерјем (Марија) е само Аллахов пророк и Аллахов збор 'Биди' доставен до Марија и дух даден од Него. Затоа верувајте во Аллах и во неговите посланици и не говорете "Три се (Света Троица)" - престанете со тоа, подобро е за вас. Аллах е само еден Господ - Славен нека е - зарем Он да има дете? Нему му припаѓаат се' што е на небесите и земјата, и Аллах е најдобар сведок (за вистината)".
     
    Последна измена: 9 октомври 2016
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Абе @HUNK, знаеш дека во денешно време, се помал број од населението таму се изјаснуваат како верници? Така да, не можеш причинителот на некои современи појави во нивните општества (како легализација на хомосексуални бракови) да го наоѓаш во религиозната определба на нивните предци, иако така ти чини.

    Не ми кажувај мене да читам историја, туку прекини историјата и останатите животни сфери да ги гледаш низ верска призма, ако сакаш да дојдеш до некакви вистини и факти.


    @sjdgo не седи цел ден на форумот, има други занимации.
    Колку протестанти имало на светот? Многу. Рачунај, северозападна Европа, нивните вековни прекуокеански колонии...
    Какви објекти, на црковни градби мислиш? Ех, па го немаше тоа во учебниците, не спаѓа во оние основни лекции кои си ги испуштила. Ќе мора да истражиш.

    И протестантите се христијани.
     
    На Bender Rodriguez, HUNK, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Прееска кога се залета да ги пофалиш земјите населени со Протестанти дека се светлосни години понапред од нас,тогаш беа верници така :D? Сега кога ги кажав фактите... почнаа да се откажуваат од Протестантството.. сега сите атисти станаа,се помалце се изјаснуваат како верници нели.. :D?
    Добра си.. :D Ете ти лајк за што си искрена и што знаеш што збориш :D
     
    Последна измена: 9 октомври 2016
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Понапредни??? Оооо мој боже..... полни се со педофили, терористи, хомосексуалци тоа на понапредно ли ти личи ?? Во што се понапредни ? Во верба во рогастиот ?
     
    На Sashko1992, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Вера не би сменала ни под разно!
    Веќе се имав изјаснато..
    Ок,е сега единствено нешто што ми боде очи и на форумов и надвор од него,е што сите се прават нешто модерни и современи,па така велат го прифаќале како Бог и муслиманскиот Алах,исто и тој покрај Исус бил моќен.
    А додека пак од другата страна истите тие на кои им се умилкувате не го признаваат Исус како единороден син Божји,и го ставаат на исто рамниште со обичен пророк!!
    Значи сум голем верник,православна,не сум онака радикален верник да речам,на никој не му налагам или присилувам на ништо,ама морав да се изјаснам.
    Ок е секој да си верува во своето,ама ве молам не ја порекнувајте вистината т.е Исус Христос.
     
    На sonuvana, Orthophill, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Да, се залетав да ги пофалам затоа што навистина верувам дека Господ ги сака повеќе од православните, и не од вчера или од денес, туку од порано ги засакал и тоа ти е. Утре мож' нема да ги сака, ако ти е за утеха :f:

    Помислив дека е непотребно да почнувам за војните и убивањата ама ајде, нели будно ме цитираш... Aкo читаш историја како мене, ќе знаеш колку пати православните народи на Балканот (Грци, Срби, Бугари, Романци) крваво се пресметувале за превласт и територии. Православна Византија ич не била моќна империја и никогаш не војувала, никако.
    Дали овие факти, некому даваат за право да плука по православното верување (и по тебе лично како верник) како да е корен на сите несреќи во светот? Ако пробуваш од горчливата чаша што ја сервираш на други...

    Инаку, @Petra777 веројатно прашуваше за бројот на протестантски деноминации, ама нека се изјасни правилно.

    Па овде го има истото, и?
     
    На Bender Rodriguez, rose60 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Кога од порано? Од меѓу првиот и 15-от век.. кога точно е тоа порано :D?
    Чекај,ајде,не наседнувај.. бидејќи си учена :D Протестантите не постоеле до 16-ти век,кога Лутер и кралевите на северните држави не им текнало ,,А зашо ние уствари му плаќаме арач на Папата? Зашто тоа за нас не си го земеме? Зашто не се прогласиме за Божји"? And so be it.. :D
    Знаеш колку милиони невини луѓе убиле Протестантските земји Велика Британија,Холандија,Германија?..
    Толку нема мртви во сите вкупни војни на Балканот меѓу народите кои ги спомна :)
    Ова како треба да го сфатам ? Како буквално или шегобијачко :D?
    Драго Сјго,треба да ја познаваш малце Библијата.Која светска сила отиде да ги поробува Протестантските земји? Да ги става под режим? ропство? диктатура? да ги исламизира? да ги гони? Ниедна..
    Додека Православните земји... кој стигна проба и пробува да ги пороби.Но тоа се случува со Божјо допуштение.Бог вели:
    ,,Кои Јас ги сакам, нив ги карам и казнувам''. Откровение 3:19
    Не ми е тешко да ти објаснувам историја,политички науки или теологија,но идеме офтопик.. :)
    За да не идеме офтопик,слободно прашај ме во порака за овие работи.. :)
     
    На Rama, Orthophill и Vitaly им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А демек западна Европа, Америка, Австралија, Јужна Кореја итн. се само во технолошкиот развој светлосни години пред нас? Си бил ли барем во една од овие држави пред да коментираш за нив?
    Овие земји се нарекуваат „развиени“ пред се не поради технолошкиот развој, туку поради развиената општествена свест на луѓето, свет за етика, култура, хигиена, државен систем кој замисли функционира, каде што не мора да си член на партија за да добиеш работа, каде што не мора да бркаш врски за еден обичен преглед на лекар.
    Пред некој ден имаше статија дека образовниот систем ни е на дното во светот. (Еве ти линк)

    Да не зборам за здраството и корумпираноста што постои во него, врските, непотизмот, партизацијата. Дали утре ако треба на твоето дете да му се врши некоја сериозна операција (не дај Боже), ќе го пратиш во некоја од православниве земји (Русија, Украина, Бугарија, Србија) или пак во земјите каде што има протестанти (Германија, Англија, Америка, Австралија)?

    Зошто кога некој ќе се врати од некоја развиена земја одма уште од аеродром го мава културен шок? Влагаш во тоалет и гледаш чешмата не работи, сапунчето празно, во вецето искршена шољата, лево дено од тебе испошрктани графити и полови органи по тоалетот... да да, можеби делува чудно, но јавните тоалети многу кажуваат за народот на една земја, за општествената свест.
    Потоа одиш по улица и гледаш ѓубре насекаде, ѓубре на кое сме навикнати, ама кога се враќаш од развиена земја одеднаш ти штрчи, ти боде очи.

    Зошто сме една од најзагадените земји? Зошто Скопје беше прогласен за најзагаден град во Европа? Заради слабиот технолошки развој? Или заради ниската свест на луѓето кои мислат дека си фраер ако сам се возиш во кола и истата ја паркираш пред Броз кафе? Епа пријателе, во развиениот свет, луѓето не живеат сами за себе и за својот „фраерлук“, туку се грижат за околината и се возат со јавен превоз или со точак. Да да, обичен точак, не зборам за некој скап точак од 500 евра па нагоре.

    Треба ли да ја спомнам работната етика и да ја споредиме со таа на западот? Кај нас е популарна фразата „учи за да седиш во фотеља, а ако не учиш ќе бидеш ПРОСТ работник!“ Оваа фраза ни ја кажуваа уште како деца. Со тоа уште од мали децата ги учиме дека е успех да седиш во фотеља и да земаш плата без работа, а ПРОСТИТЕ работници се ниска класа на луѓе. Епа извини пријателе, ама два пати сум бил во Америка и тоа по неколку месеци и сретнав чистачи кои се високо почитувани во професијата и на кои луѓето им велат БЛАГОДАРАМ што ни служиш. Најобични продавачки во Walmart (огромен комплекс на продавници) земаат плата доволна за да си купат куќа и автомобил на кредит и да си ги школуваат децата. Се цени трудот, се цени работливоста и има чесен напредок во кариерата.

    Да не зборам за љубезноста и меѓусебната почит на луѓето или пак за културата во сообраќајот кои се светлосни години понапред од нас, каде то никој не ти свири, нема пцуење, нема нервози, сите ти даваат предност, ти вика Thank You кога ќе го пропуштиш да помине. Тек па полицаец ако те застане, прво нешто што ќе те збуни е тоа што ќе ти се насмее, ќе ти се обрати со почитување.. абе дури и мило ќе ти стане што те застанал да ти даде ticket :) Остај ти филмовите каде то полицаецот доаѓа како некој намрштен каубоец, тоа е само на филмовите и ретки исклучоци.

    Независно дали во развиените земји има доминантно протестантско населени или пак само значителен процент (20-30%), сепак не се протестантите тие што се водачи или подржувачи на војни, ниту пак за легализација на хомосексуалност.
    Во Америка имаш слобода да избереш каде ќе го донираш дел од данокот и христијаните најчесто го донираат во христијански цркви, христијански организации или хуманитарни организации. И не знам дали го следеше целиот тој процес на легализација на хомосексуалните бракови, ама христијаните (протестанти) даваа голем отпор, со протести, со кампањи, со сите можни демократски средства, а дури и откако го изгласаа законот, сепак христијаните не го подржуваат, некои од нив одбиваат да прават свадбени торти за хомосексуални свадби и заради тоа и некои беа притворени.
    Замисли кај нас да се организира хомосексуална свадба и на некој православен слаткар да му побараат торта да им направи, а ако одбие да треба да лежи затвор? Не само што ќе им направи торта, туку ќе им рече: А и колачиња да не сакате со панделки убави ќе ви ги направам? :) Зошто, затоа што просечен православен верник верата му е само традиција и нешто што се прави само за празник, а не и во секојдневниот живот. Во секојдневниот живот бог му се парите и хедонизмот (јадење, пиење, весеље).
     
    На Херкул, Bender Rodriguez и Asparagus им се допаѓа ова.