1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на вера

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 9 јануари 2014.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Освен прашањето околу гревот, сите други прашања се релевантни и за атеист. Атеист ти е човек кој не би се водел според книга во која пишува дека девици раѓаат деца и дека мртовец трга плоча од гроб и си оди. Толку е едноставно.
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Фала ти што ни објасни дека атеистите не се водат по Библијата. Ја па цело време ги мислев за христијани :)

    Шала на страна, точно дека горните прашања се релевантни и за атеистите. Кога би анкетирал група атеисти, ќе видиш дека повеќето од нив ќе ти дадат различни одговори на тие прашања. Зошто? Затоа што секој од нив се води по различни извори, различни искуства, различни прочитани книги, различни личности чии мислења ги почитуваат итн. Сепак едно е заедничко: Сите се водат по нешто или по комплекс на нешта.
     
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не ти објаснувам јас дека атеист не се води според библија, туку дека христијанин се води според бесмислени и нелогични нешта, ама твој проблем е што не знаеш да читаш меѓу редови.
     
    На ana992 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Зарем е проблем за Оној кој на почетокот го создал животот од ништо, да го создаде повторно во утробата на една жена? Или да го создаде во гробница каде веќе биле присутни сите хемиски елементи, протеини и се што е потребно за ново тело? Ти го занемаруваш факторот - Создател и затоа ти изгледа бесмислено и нелогично.
    Зарем е нелогично и бесмислено ако имаш сликар, платно и бои да очекуваш некоја уметничка креација?
    Зарем е нелогично и бесмислено ако имаш вајар и глина да очекуваш некоја глинена вазна?

    Факти дека животот на почетокот бил создаден од интелигентен Создател имаш безброј, а ако бил создаден еднаш, нема ништо нелогично или бесмислено Тој Создател да го повтори тој настан во утроба на жена или во некој гроб.
    Она што е бесмислено и нелогично е верувањето дека неживите самонастанати хемиски елементи самостојно, водени од слепите сили на природата се самоорганизирале и некако магично создале ензими, ДНК молекула, протенини, органели, митохондрии, јадро, мембрана итн жива клетка и потоа полека се усовршувале и развивале и најпосле направиле човек што куца на форуми :) Ете ти ситуација каде што можеш да бараш стотици низи од бесмислици и нелогичности, спротивни на секоја наука, логика и разум.
     
    На turist му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Боите ниту се живи, ниту ги оживуваш кога ги пренесуваш на платно.
    Или вазната, таа нема нозе да стане и да си оди кога некој почнува да и проповеда вера, за среќа, нема ниту уши да чуе.
    Ако во денешно време е неизводливо мртовец да оживее од гроб и неоплодена девица да раѓа, уште понеизводливо било пред 2000 години. Period.

    Човек, луѓе - физички, имунолошки, психички и интелектуално дефектни :D (кој-како и кој помалку, кој повеќе). Планета Земја исто така несовршена, со постојана тенденција кон промени, оттаму земјотреси, нели?

    Не се тоа никакви факти, туку креационистичка псевдонаука што Советот на Европа ја прогласи за опасност по образовните процеси.
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Фокусирај се малку кога ме читаш. Не зборев за оживување, туку за логиката дека ако имаш создател и материјал дека е сосема логично и разумно да очекуваш создание. Еве ти уште еден пример:
    Ако имаш ѕидар + цигли, дрва, арматура, шајки, стакло итн. нема ништо нелогично и бесмислено ако ѕидарот направи куќа од тоа.
    Нелогично и бесмислено е ако некој верува дека циглите, дрвата, арматурата, шајките, стаклото итн. сами од себе настанале, па самостојно се собрале на купче, па поминало некое торнадо покрај нив и торнадото направило куќа од нив, куќа со ограда, со аларм систем, со водовод и канализазција, со осветлување, со систем за греење и ладење итн.

    Тоа е така само доколку го разгледуваш ова преку очилата на натурализмот (светогледот на атеистите). И јас би се согласил дека доколку не постои Бог, сам од себе живот не може да настане ни сега, ни пред 2000 години, ни пред милијарда години, ни по милијарди години. Гледано преку натуралистичкиот светоглед, научно гледано ни обична клетка не може да настане сама од себе, а камо ли цел човек да оживее или пак бебе да се создаде во утроба на девица.
    Но, доколку ги извадиш очилата на натурализмот и за момент претпоставиш дека постои Создател, тогаш за него создавањето на живот е ситна риба, еден обичен клик со прстите, нешто попросто од она кога ние со маусот правиме десен клик и креирање на нов документ.

    Дали ако на улица најдеш расипан компјутер ќе претпоставиш дека тој настанал сам од себе само затоа што е расипан? Дали затоа што видео плеерот сецка и Фотошопот не се подига или има вирус, ти ќе претпоставиш дека тука воопшто нема дизајн и технологија, туку дека ова било купче пластика, метал, силициум, германиум итн. и дека поминало торнадо ги завртело овие работи и оп настнал дефектен компјутер?

    48 гласаа дека креационизмот е опасен, а 25 гласаа против тоа. А знаеш зошто мнозинството од тие 48 гласаа дека е опасен? Затоа што застапниците на креационизмот сакаа да го фураат библискиот модел, што според мене (иако сум христијанин) сметам дека тоа не е фер, излегува од рамките на научниот метод кој единствено се очекува во образовните системи, ја нарушува секуларноста на земјата (бидејќи се мешаат верските заедници со државата) и е дискриминирачки кон муслиманите и верниците од другите вери и во најмала рака треба да се дозволи да има повеќе креационистички модели.
    Дури и во тој документ пишуваше дека таквиот креационизам е опасност по човековите права.
    Секако, опасноста по човековите права ќе се појави и доколку не се застапува само библискиот креационизам, туку и општо креацизмот. Зошто? Затоа што на пример креационизмот ќе зборува на пример за дизајнот и целисходноста на половите органи, ќе зборува дека пенисот и вагината се дизајнирани за меѓусебно оплодување и еротско задоволување, дека аналниот отвор е дизајниран да биде излез за отпадни материи, а на влез за пенис и слично. Ова секако ќе ги навреди правата на хомосексуалците за кои креационизмот е ноќна мора, а лобито на ЛГБТИ е и тоа како моќно во советот на Европа.
    Ми ја сфаќаш поентата? Значи не е проблемот дека нема научни, логични и разумни докази дека Универзумот и животот во него биле создадени и дека тоа би било добра дебата и интерно во образовните системи, туку проблемот е дека тоа има последици по нечии „човекови права“.
    Пример, се до 17 Мај 1990 година хомосексуалноста во светската здравствена организација беше дефинирана како ментално нарушување. Дали знаеш кое научно откритие направи да таа биде тргната од листата на ментални нарушувања? Никое. Немаше такво. Тоа се случи заради силниот долгогодишен притисок на ЛГБТИ затоа што тоа ги нарушуваше нивните „човекови права“. Значи и ова нема врска со наука, разум и логика, туку едноставно со политика, со демонстрации, со паради.
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мене ми вели да се фокусирам :D Оф, мори мајко...
    Туку, ме поттикна да ти поставам едно прашање. Дали госпо може да изгради куќа? Дали е логично и има смисла да се очекува тоа од госпоТ?


    За момент можам да претпоставам дека знам да летам, па да излезам на тераса и... :D

    Ако најдам расипан компјутер на улица, нема да мислам на процесот на неговото производство (facepalm) Иако, ништо чудно сопственикот на тој компјутер да размислувал за производителот...
    Интересни прашања се тоа: зошто семоќниот креира чкарт роба, зошто некоја ја создава со повисоки перформанси, а некоја со фабричка грешка, зошто некоја ја сместува во опкружување каде ќе остане читава, а некоја не, и зошто сите тие имaaт иста судбина да им помине рокот и крајна дестинација - отпад?

    Ова ако има некаква врска со ЛГБТ-заедницата, истата е незначителна. Не си прави conspiracy филмови.
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Се разбира дека може, а дали е логично и очекувано, тоа зависи од тоа што и како веруваш за Господ. Според христијанството, не е очекувано Бог да гради куќи затоа што Бог им ја дал целосно Земјата на владеење на луѓето и очекува луѓето сами да си градат куќи.

    Да интересни прашања се и затоа доколку немаме одговор на нив, не би требало од незнаењето да вадиме заклучоци и да правиме „atheism of gaps". Во тој случај би били исти како примитивните пагани кои не знаејќи од каде доаѓа громот си заклучувале дека постои некаков „бог на грмотевиците“ и сл.
    Од каде на пример знаеш дека производителот креирал чкарт компјутер? Зарем не е можна опцијата дека производителот креирал добар компјутер, ама корисникот го расипал?
     
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Гледам , слушам а и читам во последно време многу познати личности од светски размери ја менуваат својата вера и пеминуваат на ислам исто како што Касиус Клеј ја смена верата и стана МУхаммед Али.
    Тоа значи е личен избор ако некој доволно ја проучил некоја вера и нејзината света книга и добил впечаток дека се проонаоѓа во тоа тогаш...
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Чим Госпо досега не изградил куќа при толку луѓе без покрив над главата, вклучувајќи и мали дечиња, значи не може да го прави тоа.
    Или не сака ;(

    Немој вака, како во четврто одделение. Секое мислење ти е толку предвидливо, некој уште пред да напише, знае што ќе му вратиш.
    Веќе ти реков, секој еден компјутер ќе се расипе, кога-тогаш. Ама чкарт компјутери постојат, значи некои производители произведуваат чкартови :nod: А бидејќи човекот е лика и прилика на госпО, значи и госпО создава чкарт роба, но и госпО самиот може да биде чкарт понекогаш.
    Демек паганите примитивни верувајќи во силата на громот, а христијаните, верувајќи во оживеан мртовец, многу научно-прогресивни :D
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    svetcite vo hristijanstvoto bile macenici i ni do posleden moment ne se pokolebale vo toa da ja promenat verata. drugoto e nepocituvanje prema boga
     
    На Petra777, Jean-Baptiste, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сите 12 апостоли на Исус (значи најблиските ученици на Исус) биле припадници на Јудејската вера пред да го запознаат Исус. Сите до еден се откажале од верата на своите татковци и дедовци и прадедовци и ја примиле новата вера (христијанството).
    И сите останати христијани, за да станат христијани морале да се откажат од верата на своите татковци и предци (кои најчесто биле или Јудејци или пагани) за да станат христијани.
    Промена на вера може и да биде добра работа, особено ако претходно си имал погрешна вера во Бог, Па Бог те просветлил и си преминал во вера која правилно верува и правилно го слави Бог. Тоа е почитување на Бог.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    e zaova se slozuvam inaku pak si stojam na stavot koj prethodno go pisav :)
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Значи сега ок ли е да се промени верата од предците доколку таа е неправилна?
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Најправилно е да се промени верата и да се вратиме во верата на нашиот праотец Адам и нашата прамајка Ева, кои лице в лице разговараа и со Бога, па и со сатаната. Кога денес би живееле тие би верувале во истото она, во што верува Светата Православна Црква, односно Православната вера. Така да, да се вратиме на верата на нашите предци, на праотецот Адам и прамајката Ева.
     
    На Petra777, Selest, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    e a kako ke znaeme sega koja e taa pravilna vera? vo biblijata pisuva deka ke se pojavat mnogu proroci koi lazno ke ne nateraat da veruvame vo niv i sto ke pravime?
    i jas mislam deka @Orthophill e vo pravo prvata vera vo koja veruvale adam e eva e onaa vo koja BI TREBALO site da veruvame
     
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  17. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.077
    Пол:
    Машки
    А која е таа прва вера во која верувале Адам и Ева
     
    На realGirl и EvAngelos им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Хаха се мислев дали да го ставам овој пост во најсмешни мислења, ама ај викам да не ги замараме со религија таму :D
     
  19. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Можеш да си ја промениш религијата ама верата не, бидејќи Бог е исти во секоја религија. Тој е, абсолутниот и не манифестираниот, вечен, семоќен, седржател Бог. Верата исто така би можела да се смени само во еден случај, да ја добиеш повеќе или изгубиш т.е off и on. Можеби личи на сарказам, но ова е моето мислење на оваа тема :D

    Јас да не сум избрал да бидам православен како дете, па да се сеќирам сега за менување на вера :D
     
  20. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.445
    Пол:
    Женски
    Vera ima samo EDNA, a religii se poveke. Ama na koj kolku mu e dadeno...
     
    На Orthophill и Daern им се допаѓа ова.