1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на вера

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 9 јануари 2014.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Така некако. Но штом е истиот Бог истата света книга нема што да се менува, според мене, но можеби некој смета дека е подобро да промени поради некои причини. :)
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Не тоа,туку зашто не би менувала вера нема да кажам
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    А кај мајка ми за славата , попот дојде љољо пијан,не можеше ни да збори, камоли да го пее славскиот колач:drunk:, богами за пари му се пушти јазикот!
    Во таква состојба отишол и кај комшивката која претрпе мозочен удар и му рекла на попот : "леле попе, за малку ќе ми пееше за лошо!" и пијаниов колку што можел да дослуша и рекол:"амин боже, догодина". :worried: Страшно!
     
    На Aschenputtel, marchi-cool, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Дечкото на мојата старосватица е католик (мексиканец) па го утепаа од мајтап дека не знае никако да се крсти. Жал ми падна, на сред венчавка ова...
    Сам се изјасни дека кога ќе се решат за брак, ќе премине во православие, бидејќи како што кажува он не е ниту запознаен со верата. Кај нас нашол мир, многу љубов, разбирање, добрина која никаде не ја сретнал.
    Вели дека од наша (православна) и нивна(католичка) перспектива има огромна разлика. Како што го разбрав кажа дека ја нема таа топлина и негување на брак. :)
     
    На Shalitra, buba4e89, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Moondust

    Moondust Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Зошто да ги фаќа носталгија за претходното верување? Ако им било толку добро веројатно немало да направат конверзија (зборувам за оние кои слушајќи ја душата прават конверзија, а не за оние кои тоа го прават поради маж/жена или незнам каква друга причина која не произлегува од душата бидејќи тоа јас и не го сметам за вистинска конверзија, па затоа подоцна доаѓаат и до точката на деконверзија). Инаку, всушност луѓето кои не се задоволни од својот живот, кои не ја гледаат вистината во една наследена религија, минуваат низ криза, почнуваат да истражуваат за другите религии, а пред се за својата дадена од родителите, а не седат само да мудруваат на празно без разлика дали знаат нешто или не, дали прочитале макар своја света книга или не, ама важно да кажуваат колку си ја почитуваат и сакаат религијата и ќе даваат аргументи за други религии врз никаква основа, не, тоа се луѓе трагачи по вистината и кога вистината ќе ја пронајдат не сакаат веќе да се навратат на првобитното нивно верување кое за нив било извор на незадоволство и фрустрации. Ете тие се одлучуваат за конверзија и на тој начин чувствуваат преродба, ја чувствуваат промената во секој дел од себе, му се радуваат на животот бидејќи им пружил нова шанса и полесно се борат со несаканите случувања, со неуспесите во животот бидејќи го пронашле тоа што им дава сила. Ова се последиците на конвертирани луѓе со кои сум стапила во контакт и кои целосно ми го опишале тој нивни процес. И повторно, ова се одговори од луѓе кои не се конвертирале поради брак со личност од друга религија или незнам што. Кога се дискутира за некој поим добро е да се задржиме на ВИСТИНСКИТЕ карактеристики на поимот за да нема забуни за други читатели кои ете може и тие исто така немаат поим за поимот па ќе се дезинформираат !
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Не негирам дека постојат личности кои промениле вера,поради свои лични убедувања или од фамозното"не се пронашле во наметната родителска религија".
    Но,мојот пост баш се однесуваше на тие кои конвертираат во друга религија поради љубов,поради брак,затоа беше така поставено прашањето,дали лесно прифаќаат да слават туѓи(нови)празници,дали ни за момент не се сеќаваат кои биле пред тоа и што славеле и слично.
    Оти не ми е толку за верување оваа конвертација,затоа баш на неа обрнав повеќе внимание од другата конвертација.....
    Познавам многу случаеви каде многу е лицемерна конвертацијата и затоа сум малку скептична,но секој си има право на свој избор.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Зошто се глорифицира промена на вера ако од ислам/католицизам се премине во православие (како примерите погоре), а не обратното?

    Ве молам само не кажувајте бидејќи православието е *вистинскиот пат*.
    Истото можат да го кажат муслиманите за тие што преминале во ислам од христијанство.
     
    На crimson, Gosh, Luciferovog zlo♧ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Логично, затоа што мнозинството се православни христијани :D
    Од муслиманска гледна точка, се глорифицира преминувањето од христијанин во ислам, ама тој глас не допира до нас затоа што православието е најбројна религија.
    Кога се работи за католицизмот, католиците не го сметаат православието како различна религија, туку како огранок на истата, па за да стапиш во брак со католик во католички храм не си задолжен да ја промениш верата.
    Од православна гледна точка - можеби си задолжен - можеби не, зависи како се расположени. По правило, православните не ги признаваат светите тајни на римокатоличката црква.

    Имам слушано приказни дека католиците не си ги даваат лесно верниците, и како на некој што земал жена протестантка по кратко време магично му се запалила куќата ;)
     
    На crimson, Rama, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сестрата на едан другар е православна. Она се заљуби во една католик од Полска и беше таму неколку пати и лично она ни кажуваше како таму меѓу католиците нашла повеќе љубов, топлина, единствно, прифатеност, слога, мир, разбирање. И прво нешто што забележала е дека католиците таму се исти како католиците тука и католиците секаде т.е. дека нема Полска Католичка Црква, Македонска Католичка Црква, Бугарска Католичка Црква, туку Католичката црква е иста секаде и не си копаат очи кој чија мајка или ќерка црква била :) Тоа единствно, мир и љубов, слога и разбирање меѓу католиците особено и се допаднало. Потоа и се допаднало тоа што католиците прават хуманитарни мисии насекаде низ светот, дека дури и во нашава Државна болница има „чесни сестри“ што служат бесплатно како сестри во служба на пациентите, особено оние потешко болните, болните од рак или старите изнемоштени лица. Видела исто така како служат и во домовите за деца без родители со голема љубов и емпатија. И не можела на ова да остане рамнодушна и затоа одлучила да стане католик, бидејќи сето ова не можела да го најде во нејзината (православна) вера.
     
  10. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Каква инспирација доби од мојот пост... :clap: Сподели уште некоја ако имаш. ^_^
     
    На Just.do.it и Rama им се допаѓа ова.
  11. Moondust

    Moondust Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Во моето истражување сите конвертирани беа од Христијанство во Ислам, се обидов да најдам и обратно но не најдов, доколку оние со кои стапив во контакт беа претходни Христијани кои се конвертирале во Ислам, врз основа на нивните одговори го напишав тој текст погоре. Се тоа беа нивни импресии, но сепак зборувам за конвертирање од вистински лични причини, додека пак имав и таков кој променил религија поради брак со партнер од различна религија и неговите импресии не беа такви како кај оние вистински конвертираните. Тоа е лажна конверзија и некако ми е безмислено да се конвертира човек доколку тоа не доаѓа длабоко од душата. И во тие случаеви секако ќе го има сето тоа за што погоре една феминка прашува, многу веројатно кај таквите постои жалење за таквиот чекор, а можеби и не, бидејќи ако навистина си ја почитувале претходната религија за никаква причина не би ја промениле.
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А каде го вршеше твоето истражување? Дали користеше некој медиум за анкетирање и/или статистика?
     
  13. Moondust

    Moondust Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Секако, но тоа и не е тема на разговор, само сакав да споделам некои импресии од таквите луѓе. Мене ме интересираат овие теми, ме интересираат религиите, интересно ми е нивното проучување, но тука во нашите средини за жал се нема право на слобода за избор, нека верува кој во што сака, нека верува во она што му дава надеж и сила. Зошто да се глорифицира едно, а да се омаловажува друго.
     
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Ne bi menuvala vera , ama i ne bi gi omalovazuvala drugite veri . Sekoj neka si veruva vo sto saka . Jas veruvam deka Bog e eden i za pravoslavnite i za muslimanite i za katolicite , taka da , ne gledam pricina zosto bi veruvala vo Isus a ne vo Alah i obratno :)
     
  15. Moondust

    Moondust Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Точно, според мене, навистина нема логика да постојат повеќе богови, но многумина овие работи си ги замислуваат како политички партии :D
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Има голема разлика помеѓу Алах и Господ! И тие не се еден и ист Бог.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moondust

    Moondust Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Аллах во превод од арапски на македонски значи Бог, Господ.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Баш тоа е тема на разговор. Ти велиш дека си направил „истражување“ и дека сите искрени конвертирања биле од друга вера во ислам, а не обратно. Јас те прашувам какво е тоа истражување што си го направил, дали е објективно, дали си вклучил некој медиум за анкетирање и сл. Затоа што некој под „истражување“ може да ги смета и комшиските муабети у с. Велебрдо :D
    Јас на пример знам многу муслимани што преминале во христијанство, а само еден пример на традиционален „христијанин“ што се конвертираше во Ислам, ама детето не е психички добро, па сега ни во џамија не иде, па и тие муслиманите се разочараа од него :( Ама секако ни ова не е истражување.
     
  19. Moondust

    Moondust Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Хахахаха и сега ? Си го нахрани ли егото ?
     
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За какви ега збориш? Ако немаш аргументи, не мораш да преминуваш на ад хоминем.