Промена на вера

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 9 јануари 2014.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.863
    Допаѓања:
    158.157
    Пол:
    Женски
    Според мене, нема ништо лошо во промена на религиозните гледишта по свој сопствен ум, чувство и искуство.
    Дали се работи за верник кој престанал да верува/атеист кој почнал да верува или пак конвертирање, на пример од христијанство во ислам, па и во понетипични за ова поднебје религии (будизам, хиндуизам or whatever) и сите обратни варијанти - немам ништо против ако е тоа самостојно и од длабоки свои причини, пронаоѓање на своја филозофија и мир по темелно истражување на конкретната религија и слично.
    Важно е да се напомене дека религиската припадност не е ниту вродена, ниту наследна.

    Е промена на вера поради нечие туѓо перење мозок, на пример поради партнер - ми е нешто многу поразлично и неоправдливо. Пак не поради некакво „предавство“, туку затоа што е лична манипулација и наметнување кон личноста, а строго сум против тоа. Религијата, како и целиот светоглед и ставови на една личност не треба да зависат од никој друг.
     
    На mime87, neno0o, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Moondust

    Moondust Нов член

    Се зачлени на:
    17 март 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Имам аргументи, ти одговорив на твоето прашање дека ДА, секако користев нешто, а ваљда нема тебе тука да ти раскажувам што се сум вклучила, па така ти за твоите примери со комшиските муабети и за психички неарното дете кое преминало во Ислам секако не можеш да кажеш дека спаѓаат под истражување, а за моето не можеш да тврдиш што било и како било.
     
  3. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.822
    Допаѓања:
    91.802
    Ако некој менва религија за љубов пример, го сфаќам како формалност, дека во документ некаков ќе пиши дека е од одредена религија, ама не и духовно. Зошто нема смисла да престаниш да веруваш така преку ноќ, во еден ден. Можиш да научиш нечија традиција и да сакаш да ја исполнуваш поради саканиот, ама према мене тоа не е вистинска верба, иако има случаеви каде некој вистински верува во религијата на партнерот. А промена на вера зошто не се пронаоѓаш повеќе во истата или воопшто во никоја - е нормално. Не е страшно да се сменат нечии гледишта, духовни поведенија итн., едноставно не можи некој да тврди дека е нешто што длабоко во себе знај дека не е.
    Лично, не осудувам некој кој менува религија, секој сака да се пронајди себеси, дали тоа било во одредена религија или надвор од неа. Среќата за секој е на различно место.
     
    На candy.cane, Moondust, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  4. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Да, ама со превод. Се знае кој е Алах, а кој Господ.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Премногу пати вербата во Бог ме има спасено во тешките моменти, за јас да му свртам грб заради маж.Искрено јас не би била со некој, на кого условот за да бидам со него му е да се сменам за него, а камоли пак нешто толку битно за мене.
    Да верник сум, православна христијанка, ама мојата вера си ја чувам за сопствен мир во срцето.И многу мразам да се расправам со некој на тема религија, посебно пак за тоа чиј Господ е поголем и поправеден или пак дали воопшто постои-затоа што јас на религијата гледам од духовен аспект.
    На крај, Бог е еден за сите нас верници и затоа не пробувај да ме разубедуваш, верувај во што сакаш-остави ме јас да верувам во што сакам.Треба да се има почит пред сè.
     
    На La.loca, Annora, afrodita94 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.440
    Допаѓања:
    13.542
    Пол:
    Женски
    Обично жените се подготвени на разни промени заради маж, по своја желба. Мажите се поригидни за овие нешта.
     
    На Rama и buba4e89 им се допаѓа ова.
  7. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    449
    Пол:
    Женски
  8. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    3.444
    Пол:
    Женски
    Кој е кој, да знам да ги распознавам?
     
  9. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Ако си ја знаеш верата тогаш сама треба да распознаеш.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    3.444
    Пол:
    Женски
    Коментарот е сарказам Господ е еден за сите!
     
  11. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    НЕ!

    Јас како православна Христијанка верувам во Господ и синот Божји Исус Христос и во неговото учење.

    Муслиманите веруваат во Алах и го следат патот на Мухамед.

    Многу различности имат помеѓу двете вери.
    Дај најнапред те замолувам добро прочитај за секоја религија, па потоа коментирај.
     
    На Just.do.it, Bitter-Sweet и Rama им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Ако е еден Господ за сите зошто тогаш постојат стотици различни Цркви, Џамии, Синагоги?
    Некои народи веруваат во Буда и сличните Богови на него, некои во Исус, некои во Алах, и тоа е тоа, секој се држи до своето верување дека неговата религија е онаа најисправната и дека неговиот Бог е оној вистинскиот.
    Чудни сме малку ние верниците кога ќе речеме еден е Бог, ама дали јас како православна христијанка би клањала во џамија, дали би рекла дека Алах и Исус се едно исто? НЕ, никогаш.
    А знам дека и муслиман нема да се крсти во Црква и да му се моли на Исус, на Богородица или на некој од светците.
    Ако е еден Бог, зошто тогаш муслиманите го порекнуваат Исус како Бог, како дел од Света Троица, туку го спомнуваат само како обичен пророк?
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    3.444
    Пол:
    Женски
    Ништо тогаш, VIP влезница ќе бараме на оној свет, да не ги смешаме случајно :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Значи не сте свесни колку сте смешни и мизерни истовремено со изјавиве од типот ауаааааа мој Бог не е твој Алах и обратно ауаааааа лупање у гради у шимпанзо стил. За сите ова го мислам, христијани, муслимани, католици, будисти.... Сите не дал Господ и на Него ќе му се вратиме и точка. Не се потресувајте многу, ако сте вистински и добри верници тогаш живејте го животот по дадените правила кои се горе долу исти во сите вери. Омразава не ви стои добро, ви одзима од лепота
     
    Последна измена: 6 ноември 2019
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. neohack

    neohack Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Ај те молам не биди саркастична, како прво мислам дека фино ти се обратив, а како второ не мразам јас никој, не мели воденица со нешто што не сум кажала ;)
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    4.964
    Пол:
    Женски
    Kolku glupi mislenja procitav na temata no comment.
    Ako se omaziz so nekoj od razlicna vera neznaci deka i ti treba da ja smenis verata ili toj treba da ja smeni, ako nekoj te saka i te pocituva ke te prifati takov kakov sto si so site tvoi licni ubeduvanja mani i doblesti, lugeto ne ja menuvaat verata zaradi partner samo taja tema e dolga i siroka,kako ke si postelis taka ke si legnis.
    Jas vo moeto srce veruvam deka bez razlika od kade sme i koja religija sme ima samo eden Gospod-Bog za site.
    Zaradi vakvite razmisluvanja se siri omraza strav,gnev megu lugeto bez potreba.
    Zarem ne se slucilo Hristijanin drug Hristijanin da go ograbi, napadne,navredi,da mu zabie noz vo grb? se slucilo toa i megu Muslimanite.
    Ima mnogu da se diskutira na temata no ke bidam kratka.
    Nema nisto posilno na ovaj svet od LJUBOVTA.Verata sekoj si ja nosi vo srceto.
     
    На Luminary и daylight им се допаѓа ова.