Промена на вера

Discussion in 'Религија' started by Emotional123, Jan 9, 2014.

  1. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Joined:
    Mar 17, 2014
    Messages:
    80
    Likes Received:
    89

    Познавам еден пар од куманово кој се во брак поточно пријатели се на мојте родители ама си ја немаат сменето верата, а децата не се ни христијани ни муслимани ги оставаат сами да одберат, барем според мене прават добар избор :)
     
    iloveyou29 likes this.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Ако сакаат да бидат венчани во Храм, мора едниот да ја земе верата од другиот.
    Ова е по желба од самите нив.
    Познавам многу случаи каде секој си останува на своето, не се венчаваат во Храм, но обајцата си ги почитуваат и слават двете религии.

    Ако ги почитуваат сите религии што е битно од која се... :)
     
    tessie likes this.
  3. elanor

    elanor Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    526
    Likes Received:
    1,047
    Gender:
    Female
    Зависи. Секоја религија е различна.
    Еве да го земеме мојот пример. Јас сум православна христијанка, мм е баптист. Венчани сме во капела од страна на воен капелан кој е презбитеријанец. Никој од нас не требаше да се конвертира.
    Истото важи и за склучување брак во црква и со католик, епископалец, евангелист. Т.е. не е важно на која христијанска деноминација припаѓаат партнерите, сите комбинации од горенаведените се можни.
    Единствениот услов е да бидете крстени во црква.
    Единствено кај католиците за католик да може да склучи брак во црква со не-католик христијан треба дозвола од бискупот.
    Проблемот не е во склучувањето брак, туку во понатамошното воспитување на децата. Имено, и двете деноминации од партнерите ќе бараат да ветат дека ќе направат се' што е во нивна моќ за децата да бидат воспитани во духот на таа црква. Што значи едниот од партнерите мора да попушти. Двата партнера во бракот слободно можат да продолжат да посетуваат литургија/миса во своите храмови, меѓутоа треба да одлучат во која деноминација ќе бидат воспитувани децата и каде ќе одат на катехизам(веронаука).
    Доколку другиот партнер не е крстен христијан, кај секоја деноминација има различни правила. Баптистите не дозволуваат брак со луѓе кои не се крстени христијани. Кај католиците е можен таков брак, иако не се препорачува. Таквиот брак е natural (natural се користи и за за вонбрачни деца - пр. natural син или ќерка), и не е sacramental (чинот на склучување брак е еден од седумте сакраменти - свети тајни - на католицизмот). За да се склучи ваков брак потребна е дозвола од бискупот. И православната црква не дозволува брак со луѓе кои не се крстени.
    http://preminportal.com.mk/content/view/7718/127/
    Не знам какви се правилата за брак со христијани од другите деноминации.

    Кај муслиманите важат различни правила за мажите и жените. Генерално, на брак со припадник на друга вера не се гледа со наклоност.
    Меѓутоа дозволени се отстапки доколку мажот стапи во брак со христијанка или еврејка. Децата родени во ваков брак МОРА да бидат воспитани како муслимани. Жената не мора да ја промени својата вера.
    На жените муслиманки не им е дозволен брак со не-муслимани.

    Во јудаизмот исто така важат важат различни правила во зависност од тоа на која деноминација на јудаизмот припаѓа партнерот. Некои деноминации не дозволуваат мешан брак. Некои дозволуваат, меѓутоа децата треба да бидат воспитани како Евреи.

    Кај Дармичките религии (Хинду, Сикх, Будизам) бракот се смета за секуларен и како таков не е сметан за сакрамент. Овие религии се најтолерантни во однос на брак со припадници на различна религија.
     
    ADOKI likes this.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Во личниов пример што сте го навеле почитувана Еланор, станува збор за презбитеријански протестантски заедници и за брак склучен во една од нив. Тие таму не побарале да си ја смените верата, но бракот кој што сте го склучиле за Православната Црква е невалиден. Доколку сте сакале да се венчате во Православната Црква, Вашиот сопруг ќе морал да се крсти на ново.
    Православната Црква, најчесто не признава ниту една света тајна извршена во било која друга заедница. Единствено во некои случаи, во зависност од локалниот Епископ се дозволува прием на Римокатолици и Дохалкидонски Христијани(Копти, Ерменци, Сиријци, Етиопјани), без да се прекрстат, но повторно ќе треба да се миросаат.
     
    Tanjamm and tessie like this.
  5. elanor

    elanor Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    526
    Likes Received:
    1,047
    Gender:
    Female
    Ортофил, јас сум венчана во капела во воена база. Поради тоа што воените бази изобилуваат со персонал кој припаѓа на различни деноминации на христијанството, капелите не припаѓаат ексклузивно на одредена деноминација. Значи сите христијани можат во нив да одат на миса, да се венчаат или не дај Боже за погреб. Тоа е направено така затоа што нема да им се знае крајот ако отвораат црква за секоја деноминација.
    Воените капелани и покрај својата припадност на одредена деноминација, се грижат за духовните потреби на војниците и нивните семејства без разлика на нивната религиозна припадност. Невозможно е секоја база да има капелани од сите деноминации на религиите. Така што, еден капелан од било која христијанска деноминација има права да венча, исповеда, води миса и слично за сите крстени христијани.
    Во војската постојат четири вида капелани - христијански, муслимански, еврејски и будистички. Секој од нив се грижи за верниците од било која од деноминациите на гореспоменатите религии. Во случај на потреба истиот се грижи и за верниците и од останатите религии. Неговата улога е да пружи т.н. pastoral care за верник од било која религија и при тоа не смее да дискриминира.
    Military chaplains normally represent a religion or faith group but work with military personnel of all faiths and none.
    Црквата каде мојот сопруг одел како дете воопшто не ни направи проблем и за нив нашиот брак е валиден (и двајцата сме крстени христијани). Со оглед на тоа дека најблиската православна црква (српска во овој случај) е стотици милји оддалечена од местото каде живеам, немав шанса да прашам како постапуваат во однос на бракови склучени во воена капела.

    п.с. Ортофил, ако добро те разбрав Македонската православна црква не дозволува црковен брак со припадници на други христијански деноминации? За да нашиот брак е валиден мојот сопруг ќе треба по втор пат да се крсти? Не ми е јасно, тој еднаш е крстен и со тоа е полноправен член на христијанската црква. Зошто треба два пати да станува христијан?
    Сите останати христијански деноминации, дури и римо-католиците, ги признаваат браковите помеѓу партнери кои се крстени христијани. Само православните цркви не признаваат?

    п.п.с. еве гледам дека Српската православна црква дозволува брак на припадници на други христијански деноминации, доколку се исполнат неколку услови (нешто слично како кај католиците). Само што малку построги услови има во однос на децата родени во тој брак.

    Српска православна црква дозвољава мешовити брак и омогућава венчање православног вереника и припаднице римокатоличке вероисповести (ако је, сем крштења, примила у тој Цркви и Свету тајну миропомазања, кризму) у православној цркви и по православном обреду. Уколико вереница није примила кризму (у Немачкој Sacrament Firmung), треба надлежни православни свештеник да над њом изврши Свету тајну миропомазања, пре но што приступи венчању. За склапање мешовитог брака неопходно је разрешење, благослов надлежног православног епископа. Такође, пре Чина венчања, а уз молбу за благослов надлежног епископа, вереница римокатоличке вероисповести дужна је да потпише изјаву, да ће деца рођена у томе браку бити крштена у Православној цркви и васпитавана у православној вери. И још, да супруга римокатоликиња ничим неће ометати мужа православне вере у вршењу православних обреда и учествовања у животу Православне цркве. Тек након испуњавања свих ових услова може се приступити венчању и такав мешовити брак је потпуно важећи. Дакле, вереница Немица не мора да се одриче своје вероисповести и да прелази у Православље, али се мора сагласити са свим прописима и захтевима Цркве у којој се венчава.
    http://www.svetosavlje.org/pastir/index_sve.php?qa=2338
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Значи вашиот брак е валиден за заедницата на Вашиот сопруг, но не и за Православната Црква. Јас немам ништо против што вие сте се венчале во воена капела, тоа си е ваше право, но во никој случај вашиот брак не може да биде валиден за Православната Црква, како што не се валидни ни другите чинодејствија што ги врши свештеник од друга вера (деноминација). Патем да не бидам погрешно сфатен, не е проблем капелата, светите тајни можат да се вршат и на ливада, проблемот за Црквата е кој го извршил венчанието - некој каплан кој не е православен и правоверен свештеник со апостолско преемство. Причесната која што ја даваат разните заедници, за Православните Христијани е само попара/двопек. Телото и Крвта Христови, како и сите други свети тајни се само во Православната Црква. Еден од каноните на Православната Црква пак вели дека ако некој се моли заедно со еретик, дури и дома, истиот ако е свештеник да биде расчинет, ако е лаик да биде исклучен од Црквата. Лично јас, кога би бил во војската на Вашиот сопруг, не би одел на собирите во капелата (освен ако не се служи православна литургија, од страна на православен свештеник). Во Српската војска почнаа да воведуваат воени свештеници -каплани, но таму има од сите традиционални вери: Православна, римокатоличка, муслиманска, еврејска и словачко-евангелистичка. Слично е и во Бугарија, но кои заедници освен Православните се застапени искрено не знам.
    Како и да е ви посакувам многу среќа во вашиот понатамошен брачен живот.

    За ПС-от, како што разбрав Вашиот сопруг е крстен во некоја протестантска заедница, за да биде легално вашето венчание во Православната Црква(било која, не само Македонска), истиот треба да се крсти и да се изврши уште еднаш светата тајна брак. Православната Црква може да го прифати крштевањето од само заедница:
    1) која има апостолско преемство (Христос ги поставува апостолите, апостолите ги ракополагаат епископите, епископите епископите и така до ден денешен)
    2) крштевањето е извршено правилно по следнава формула: „Се крштева работ/ињата Божји/а (името) во името на Отецот(потопување во вода или потурање со вода, во екстремни ситуации песок)... Амин. И Синот(потопување во вода или потурање со вода)... Амин. И Светиот Дух(потопување во вода или потурање со вода)... Амин.
    1) и 2) како што претходно напишав ги исполнуваат римокатолиците, дохалкидонците и веројатно некои од епископалните заедници(кои точно, не знам; можеби англиканци, лутерани и калвинисти). Сепак и покрај 1) и 2) крштевањето може целосно да се повтори, бидејќи оној кој сака да се соедини во Православната Црква не бил крстен во истата, т.е. не го исповедал истото Верувам, во кое е вклучен и следниот челн: (Верувам) Во една, света, соборна и апостолска Црква.

    Имам гледано некои т.н. крштевања од страна на некои протестантски заедници, каде истото се врши по следнава формула: „Се крштева (името) во името на Исус Христос!“ со само едно потопување во вода.

    За ППС-от: станува збор за венчание извршено во Православната Црква (под во подразбирам од православен свештеник, а не во храм, како градба), а не за венчавка извршена во римокатоличката црква.
     
    iloveyou29 and DELFIN-15 like this.
  7. elanor

    elanor Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    526
    Likes Received:
    1,047
    Gender:
    Female
    Мошне интересно. Со оглед на тоа дека нашиот брак е признат и од црквата каде одиме на литургија и од црквата која мм ја посетувал се' додека живеел во родниот град, претпоставував дека слични правила би важеле и за православните цркви.
    Осеќам дека следен пат кога мм ќе дојде на гости во Македонија, нашиот свештеник ќе одговара на милион прашања. :lol: :D
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Сите опаку, ние Православните терсене. :lol: :D
    Патем ќе може да ни напишете во која заедница одите и како се извршуваат службите таму? Не ќе е лошо да пишете и каде и крстен Вашиот сопруг.
     
  9. elanor

    elanor Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    526
    Likes Received:
    1,047
    Gender:
    Female
    :D :D
    Ние па сакавме се' да биде регуларно и се распрашавме кај 4 различни капелани :D :lol:
    Инаку мојот сопруг е баптист. Неговата црква е една од најголемите и најстарите баптистички цркви во државата од каде потекнува (ние живееме во сосема трета држава). Многу внимателно размислувавме за тоа каде ќе одиме на богослужба. Проблемот е што во близина на местото каде живееме нема православна црква. Плус, ете во иднина кога ќе имаме деца не сакавме да ги збунуваме со веронаука и од двете деноминации. А не е фер и да треба да се избере само една, нели во бракот сме рамноправно и да делиме се', и арно и лошо. Ниеден од брачнте партнери не треба да ги наметнува своите верувања. А сакаме да ги воспитаме во духот на христијанството.
    И на крајот сосема случајно дознавме за Non Denominational Church - црква која не се врзува за ниту една деноминација, ниту католици, ниту баптисти, ниту методисти, ниту православни. Се следи Светото Писмо. Има миси секој ден, а пасторот има проповед во недела. Секоја недела бира одреден пасус од Библијата и за тоа најнапред говори, го објаснува значењето, дава примери како да го примениме Христовото учење во секојдневниот живот. На крајот можеме да поставуваме прашања и пасторот се труди да не остане неодговорено прашање. Секогаш не' охрабрува да поставуваме прашања, затоа што, како што вика самиот, не е целта да ни раскаже некој цитат и да прочитаме пасус од Библијата, ако не сме го сфатиле словото се' е залудно. За да живееме според него треба и да го разбереме.
    Понекогаш организира и квизови. Баш она на забавен начин да си го провериме знаењето :) А во таква атмосфера и доста нови работи научува човек, а на некои подзаборавени и се потсеќа.
    Доколку некогаш имаме потреба од него, за совет или слично, можеме било кога да го побараме.

    Јас сум присуствувала на миси и во католичка црква и она што најмногу се разликува од литургијата во православните храмови е што чинот на евхаристијата се одвива пред верниците, за разлика од православието каде тоа се одвива во олтарот. Се разбира има и многу други разлики, меѓутоа оваа и лепчето за светата причесна (едното е квасно, а другото е бесквасно) се највоочливите за некој како мене кој не е толку упатен во овие работи. :$
     
    Orthophill likes this.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Благодарам за одговорот. Баш интересна е оваа појава: Non Denominational. :) Ама пак ќе кажам, не би одел во таква заедница. ;)
     
    okcenzi likes this.
  11. elanor

    elanor Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    526
    Likes Received:
    1,047
    Gender:
    Female
    ^ Се' пораспространета е во земјата каде живеам. А особено практична за случаи како нашиот - каде партнерите се припадници различни деноминации. :lol:
     
  12. natemila

    natemila Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    2,533
    Likes Received:
    8,444
    Gender:
    Female
    Никогаш и за ништо не би си ја сменила верата.
     
  13. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Joined:
    Jan 10, 2013
    Messages:
    423
    Likes Received:
    190
    Gender:
    Female
    Родена сум христијанка и ќе си умрам како христијанка!
     
    Ella.313 and okcenzi like this.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,524
    Likes Received:
    55,233
    Gender:
    Female
    За ништо не би ја сменила верата , но сепак тоа е индивидуално секој има свои мислења и гледишта на животот .
     
    Consultant likes this.
  15. Joi

    Joi Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2014
    Messages:
    606
    Likes Received:
    1,996
    Како може да си родена христијанка. |( Сите луѓе се родени неутрални, а мислењата, верувањата и знаењата ги стекнуваат со текот на живото. Тоа е исто ко да речеш дека си се родил паметен. :wasntme:
     
    Dim40, iloveyou29, crimson and 5 others like this.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Кога сме веќе кај оваа тема, ме интересира за прифаќањето на новите верници во различни религии. Во Библијата има една многу убава мисла, дека едната најдена овца на овчарот му е помила од 99-те незагубени. Можеби сум грешка, но некако ја поврзувам и со оваа тема. Доброволната одлука за промена на верата (доброволна, не под присила, не поради партнерот и слично) укажува меѓу другото и на тоа дека личноста поминала време во сериозно проучување и себеспознавање.

    Сепак, многу често среќавам, низ историјата, како "новите" верници се некако ... одделени од оние коишто истата ја имаат наследено и е дел од семејна традиција, како со други очи да се гледа на нив. Дали е тоа можеби затоа што многу често имало преобратувања преку насилство или со уцени со коишто чистата вера нема никаква поврзаност? Кај луѓето сум забележала тенденција да го ставаат фокусот кон традицијата и семејството, наследеното и тн пред индивидуалното. А тоа индивидуално, според мене, е клучниот елемент. Затоа што апостолите, следбениците на Исус, го оставиле семејството, имотите, родното огниште и САМИ тргнале по тој свет пат. Тоа мене барем ми укажува од клучноста на индивидуалното однесување во процесот на духовно издигање на којшто треба да се гледа кога станува збор за прифаќање на таа личност од страна на заедницата.

    Ме интересира како се прифаќаат новите верници во различни верски заедници, Христијанството, Исламот, па и Јудаизмот (не сум прочитала нешто од припадник на последнава религија низ форумов). Кои се првичните очекувања од нив и тн.
     
    Teodora* likes this.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,359
    ^
    Чиста претпоставка, мислам дека во сите религии новодојдените верници добиваат помалку или повеќе селебрити статус. Затоа што кога ќе погледнеме како различните убедувања од верници, не сите, но мнозина, или доволно од нив имаат потреба да покажат и докажат дека таа религија е онаа вистинската а сите други грешат, па кога би добиле нов верник му доаѓа како успех во работата, „разбудиле„ некого. Од останатите верници кои цел живот се воделе според религијата и не отстапиле, не се интересни. Обични се, им фали тој восхит, тоа чудо од Бога. Метафората со најдената овца од овчарот баш е на место.

    Имаш не знам колку атеисти или агностици, не знам што име им се дава(уште малку и религии за нерелигиозните :^) ), ама овие кои се родени во религиозни семејства, се цепат од религијата, па или ги прифаќаат сите религии или ништо нема таму горе. Тие никогаш нема да добијат внимание макар што се во илјадници или милиони, не знам. Еден деклариран атеист да се сврти кон религија, било која, станува видлив во очите на оние чија религија ја прифатил, макар било на мала скала од село со 50 души, тој е на тема на муабет на чешмата. Уште ако е и некој познат во светот пак, неговото будење веќе станува редовен дел таму меѓу цитати од коранот или библијата на форумски дискусии :wasntme:
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Јас пак сум сведок на сосема спротивен тренд. Оние коишто се отцепуваат од религиозните учења обично се многу попочитувани, посовремени, пофраери во друштво и сл.
     
  19. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Joined:
    Nov 19, 2014
    Messages:
    4,682
    Likes Received:
    46,946
    Јас сум родена од родители Муслимани и сум Муслиманка и Муслиманка ке останам.Што се однесува до менување на вера никогаш не би ја сменила да не даде Господ. И дури да бидам приморана можеби ке изговорам дека сум христијанка или било каква друго (кажувам само пример) сепак моето срце ке остане цврсто убедено дека јас сум Муслиманка и ке верувам во тоа што верувам сега.:):)
     
    mssuniquee and Sanya20 like this.
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Joined:
    Jul 22, 2011
    Messages:
    764
    Likes Received:
    538
    Gender:
    Female
    Никогаш не би ја променила верата христијанска,но никогаш не би се омажила со муслиман,не ми е на ниво да склопувам брак со некој на кого верата не му дозволува брак со луѓе од друга религија:emo:
     
    Tanjamm likes this.