Сакам само да кажам за позната личност кошаркарска звезда, оделе на утакмица авионски во друга држава , моментот кога се издигнал авионот низ облаците , кога се видело тоа чисто и блескаво сино небо почнал да слуша мелодија, незнаел што е , кога слетале почнал да кажува на колегите не му верувале и се смееле, поминувајќи покрај џамија слушнал како оџата пее за алах истата мелодија веќе знаел таканаречено колку е саат, влегол и конвертирал од христијанин во ислам. На страницата за конвертити може да погледните кои се христијани конвертирале во ислам , исто како и познатиот глумец Jason Statham, И многуу други
Човек кој е крстен за мене не може да се конвертира, него Исус го зема под заштита. Не секој што носи муслиманско име е муслиман. Пред некој ден на јавен настан Ром со муслиманско име кажа дека е неверник, не припаѓа на ниту една религија и е против религија.
Секој за себе кога ќе порасни сам одлучува во што ќе верува , неговите го однедле во црква ајт едно жигче крст и христијанин е ? НЕ Секој што ќе одлучи сам за себе тоа. А тебе никој не те праша што се за тие за тебе или не се.
Јас не го сфаќам тоа така. Ретки се тие што конвертираат. Јас сум крстена, и да решам да конвертирам да речеме, јас сум го поминала тој обред на крштевање. Нема мешана религија, има само една. Животот не е пола, пола, ај ќе си играме. Штом си ксртен, готово во тефтерот на Иксус си.
Мило ова со конвертирањево на познативе, мислам дека си свесна дека е само реклама така? Кога веке спомена за конвертити, јас имам еден куп ликнови и видеа поставено, каде муслимани преминуваат во христијанство. Погледни сега бегалциве во Германија, како експресно го напуштааи исламот и се крштеваат.
ДА бидејки нели исламот е мирољубив, за тоа шеријатот јасно кажува дека тој што ке го напушти исламот ке му летне главата, без прошка и помилување. Како што реков, стравот ги држи.
Ова и многу други срања содржи библијата , не ми се дебатира ни планирам да објаснувам, исто така ни планирам да се докажувам секој си има свое право што сака да мисли. Ако веќе земаме да кажуваме реклама дека конвертирале , еве успешно кријав 4 години дека сум конвертит без џихаб , кој ме знаеше никој освен сестрами и блиските, јавноста дозна ли за мене не Само за сестрами се дигна галама за да се вреѓаат, тука кријав и пишував дека не сум , кога маските паѓаат паѓа се во вода. Значи реклами нема , тоа е тоа едноставно конвертираат и се објавуваат да ги знаат сите има многуу анонимни и тоа нема никаква врска. Сепак вера е вера различни религии а ЕДЕН е Господ бог, како сме дошле така и ќе си отидиме од овај свет , голи без злато без пари, останува почитта спрема човекот и мирот како живеел спрема другите поштовањето а во што верувал и како верувал тоа е најневажно..
@rose60 Што е тоа што те натера да се конвертираш? Како дојде во контакт со Исламот? Што е тоа што те привлече и ти се допадна во учењето на Исламот? Најучтиво те прашувам,без напаѓања или осуди. Мој став инаку е дека секој треба да си избере некоја религија или атеизам,во зависност од убедувањата,после 18 години од животот,а не да му биде дадено со раѓањето.
Уште пред да се омажам во 2012 јас бев конвертит, и тоа не е ништо лошо Мажоттми секако дека Беше Христијанин и ќерками е крстена спрема нивно верување. Кога ќе порасни сама нека си одлучи во што ќе верува. И така
Може дечко ти бил тогаш? И кажи сега после 4 години, така е како што не убедуваш? Мажите муслимани си ги гледаат жените како принцези?
Розо ова од стариот завет што си го извадила од контекст се надевам дека е само крајна лутина твоја Е сега Ти како муслиманка не смееш да бидеш мажена за христијан КАПИРАШ и не смееш да раѓаш христијанчиња, ама толку знаеш де. Односно ти знаеш, само лажеш дека маж ти и девојчето ти се христијани. Не ти ја разбирам поентава демек си преминала поради самиот ислам, а не поради муслиманот. Мижи асан да ти баам. Сестра ти се омажи за муслиман така? Него пошто еве веке си муслиманка 4 год, ти знаеш да ги одговориш прашањава погоре? Или и ти си по традиционалниот ислам. И извини кааква е таа муслиманка со гола глава? Сигурно носиш и кратки ракави. На плажа плаираш да се сончаш? Онака само си прашувам, да видам до кај е спуштен лимитот на муслиманот.
Едноставно читав многу читав , и за двете вери и се одлучив за ислам. Можеби некогаш ќе пишам поопширно сега и не сум во можност, но има многуу конвертити кои преуспешно се кријат од своите семејства за да нема кавги и расправии
Ако верувам во ислам треба да се облечам во нинџа желка ? Многу муслиманки одат откриени па што? И дозволени се браковите , со регистрација кој ќе се венчава во црква џамија и зошто ме цитираш окцензи сакаш ли расправија? Стварно не ми е јасно, пред се ве читав тука се препукувавте, се вметнав за да кажам за нешто што прочитав бидејќи беше лага сакав да кажам дека не е точно тоа, со тоа што се вметнав јас открив и вистина за мојот живот, поради моја постапка за нешто кое јас сакам да верувам а притоа не вреѓам никого мирољубива сум , не би сакала да се карам со никого , ако постов твој е на кавга не одговарам воопшто на никого повеќе.
Чекај нели тебе мажот те остави а имаш и керка? Така е? Се премажи за муслиман? Во ред. Само каков е тој исламски брак со регистрација? Не постои таков.
@okcenzi , Во христијанството мислам дека исто така не е дозволен црковен брак по развод. @rose60 , А,ќерката ја воспитуваш во духот на која религија? Или ја учиш дека може да избере што сака од сите опции? Јадеш свинско месо? Извини ако прашањата се премногу лични.