Аха кој што разбира и сака да разбере.Не го знаеш мојот живот,ниту пак мене затоа немој више да пишуваш за мене ни па за пример не ме земај.Позз А поентата баш тоа ти беше дека не можат сите слободно да живеат како мене хехе не сакала тоа да го каже
Не би требало вера да се променува,барем јас така мислам.Во кое семејство си родена,во муслиманско,христијанско или друго,би требало по тие правила да живееш зошто како се раѓаш така и умираш.
Многу бе осудувачки настроени, што ви е? Јас на пример сметам дека верата не е вродена, и дека секој разумен човек, кога ќе почне да биде таков треба да одлучи сам во што ќе верува. Зошто пак родителите да ми наметнуваат нивни верувања? Дали треба ко така во животот да се водам по сите нивни постапки и верувања? Треба да гласам за Грујо ако и татко ми гласал за него? Де што ви е, 21 век е, секој има право да верува во што сака и како сака, друго било во средновековието кога можеле да те обвинат за ерес и да те запалат жив. Јас сум крстена и тоа не значи дека ако одлучам дека сум неверник тоа што сум крстена ќе ме спречи или задржи. Секој се развива различно, секој одбира во што ќе верува, нема ништо чудно во тоа што некоја станала муслиманка, нејзино право, можеби нејзе таа вера и е поверодостојна. Може ако сака и Хинду да стане. Религијата е право на избор, не наметнување. И смирете си го осудувачкиот тон, нападнавте жена зошто преминала во друга вера. Нејзино право е тоа да верува во што сака, да се омажи со кој сака, да се разведе од кој сака и да гласа на избори за кој сака.
Глупости. Секој може да верува во што сака. Јас ако сакам сега од православна ќе станам будист или хинду, или муслиман.
Глупост е кога верата е наметната, а не треба да биде. Верата не е вродена, ти не се раѓаш како муслиманка ни како православка, ти се раѓаш како битие, човек кој подоцна во животот како созрева, така и осознава што сака во животот, со тоа и во што и дали ќе верува на одредена религија. Крстувањето деца на 1 година по мене е глупост, затоа што е наметнување, не му даваш право на избор туку одлучуваш за него уште додека е несвесно и неразумно битие. Што ако моето дете кога ќе порасне сфати дека е нерелигиозно, или дека верува во друга вера?
Крштевање. Но дали доколку се остави тоа младо битие надвор од верата во годините кои следат и кога за еден млад човек има многу искушенија, не ли постои опасност тоа младо суштество да залута во погрешен правец? Дали не мислиш дека тој период на созревање на личноста кој трае поприлично долго дека тоа дете и млад човек треба да се остави надвор од сите верски обреди во семејството? Дали мислиш дека семејството може да биде функционално ако таткото е православен христијанин, едниот син муслиман, другиот протестант.... Не ли е верата таа која што го зближува семејството? Замисли Велигден таткото се спрема да слави, синот пости за рамазан бајрам....
Не сите размислуваат како тебе.Сите ние имаме различни мислења и што и да кажеш тоа не можеш да го промениш.
Мои врснички (бифши соученички) кои се верни христијанки и ми го исмеваа неверувањето се драпаат со муслимани и опијануваат. Многу побожно, чисто и невино, нели? А, изгледа и моето семејство е дисфункционално затоа што сум атеист, а тие верници.
Затоа што ние така тоа сме го замислиле во нашите глави. Затоа е чудно. А де кажи ми, каква врска има крштевањето, со залутувањето по погрешни патеки? Тргнав вчера да пишувам ама морав да прекинам. Крштевањето нема никаква врска со тоа дали некој ќе биде добар човек или нема да биде. Секој може да залута во погрешен правец апсолутно и религијата нема никаква врска со тоа, затоа што тоа е човечки карактер. Не одлучува религијата кој ќе биде добар човек а кој не. Постојат морални норми, кои не се поврани со религијата, постои свест во нас која рассудува што е добро а што е лошо. Ене ти најпрост могучи пример ќе ти дадам, нашата влада се декларира како демохристијанска, многу големи православци, а мамата му ебаа на народов, слушавме и на телефон што си зборувале и се договарале меѓу себе. Дали тоа што се декларираат како религиозни ги спречи да бидат такви шупаци? -Не. Семејството може да биде функционално ако никој во него не е религиозен, да не постојат религии во светов многу убаво и сложно ќе се живее, ете ја Шведска е мислам во главно атеистичка земја, види шо убаво си живеат луѓето во неа. А ти мислиш дека нема да функционира затоа што нас во главите ни е всадено дека неможе да функционира. Мене религијата не ми игра апсолутно никаква улога во животов, ретко и дискутирам за неа, влегов овдека слуќајно и видов еден куп пази ОСУДИ од православни христијани спрема жена која решила дека не се поистоветува во православието па решила дека друга вера и е по веродостојна.
Аха... Па кога влегуваш во тема, неможеш само да си треснеш два збора и да кажеш после тоа си е мое мислење, а твоето не ме интересира. Јас мислев ќе образложиш зошто моето мислење е грешка, како што јас образложив зошто твоето мислење е глупост. Еве јас твоево мислење од два збора го сматрам за шупливо, затоа што не го образложи, не кажа зошто е тоа така.
Како можи верата да биди вродена? Мислам некое традиционално верување и правење на одреди океј е бар за чест да се прават ама верата нема да е вистинска ако поединецот не верува во неа. Неможи да се натера да верува и неможи сосила да верува. Наметнувањето на вера е океј во смисла детето гледа кои обреди ги врши родителот и ги прави истите, ама ако едноставно не се пронаоѓа во некоја религија која е целта да вели дека е верник и дека се класифицира како таков ако во глобала не верува во тоа, се е празно? Баш пред некој месец читав во темиве за лажни верници и што не. Лошо лажни верници, ама неможи поинаку? Сериозно? Ако јас се пронајдам во иднина во Будизам, која сила ќе можи да ме врати мене од тој пат? Тато ќе плесни два три шамари, мама ќе вика два- три дена? И јас ќе паднам на колена и ќе речам „Извини, вервам во вашето“, а кога уствари немам никаков мир и спокојност во нивната религија? Е баш ради ова постои промена на вера, има премногу религии како што има политички партии, и сите одбираат во што веруваат односно она кое најмногу им одговара со нивната идеологија и начин на живот (знам дека компарацијата со политички парии е гнасна, ама баш е исто, и баш беше споменато погоре во темата. Ете конкретно татко ми е за одредена политичка партија и ми го наметнуваше тоа. Знај дека претходното ливче не гласав туку го исшарав и дека ова ливче во иднина нема да гласам за неговите. И не е од инает туку зошто неможам да гласам за нешто што ме одбива. Исто и ова, ако моите припаѓаат на една религија а јас се осеќам како отпадник, која ќе биди целта? Нели треба мир да се почувствува). Извесен период се држев настрана од подфорумов зошто ми се чини рак на мозок ќе добијам ама морам да кажам дека до збор се согласувам со @Offspring
Па лажни верници постојат затоа што толку им сече, незнаат, веруваат оти мајка им и татко им веруваат, а мајка им и татко им веруваат оти нивните мајка и татко верувале. И така до недоглед. Ама денес е друго време, имаме право и слобода сами да одлучуваме во што ќе веруваме, имаме одврзани раце и пристап до секакви мислења низ целиот свет благодарејќи на интернетот, се и сешто може да се научи и сечие мислење да се прочита, па да се оформи свое, од сите тие информации. Лажните верници уствари поима немаат, библија виделе само на телевизор, да не зборувам дали ја отвориле и прочитале нешто во неа, ама верници се, затоа што ако не се, што ќе каже ами народот? Денес луѓето се опседнати со тоа каков впечаток ќе остават на околината, како околината ќе ги доживува, дали ќе направат помен за мртовец на кој попот ќе пее и ќе ги одере, а ќе соберат луѓе на поменот како да е свадба, па после глупиот народ што дошол да јаде и пие гага ќе рече арни беа сендвичите за душа на умрениот,или не беа арни, па ќе оговараат. И така, луѓето од шубе си патат, и од што ќе рече народот.
Не сакам да бидам некултурна ама не ти пишав директно тебе Па секој си има свој став и не мислат сите исто,штом имаме различни мислења не лагам да се образложувам за џабе кога ти тераш на друго јас на друго,ќе нема крај.И кажав зошто не подржувам некој вера да смени прочитај ако си испуштила.
Им имаш ли кажано на твоите дека е глупост тоа што те крстиле како бебе а не оставиле сама да одлучиш?
Што као, ќе ги навредам ако им кажам? Ќе ме истепаат, ќе се откажат од мене преку весник ако им кажам? Мајка ми знае дека јас не сум религиозна, не ме однесе кај истерувач на демони. Моја работа е дали јас ќе бидам религиозна или нема, и дали ќе верувам во Буда или Кришна или Исус или Алах, не е работа на мајка ми. Што би требало мајка ми да направи жити се, по сознанието дека не сум религиозна и дека тоа што ме крстиле апсолутно ич во животов не ми значи? Види, јас мајка ми може како родител да ја загрижам ако се дрогирам, ако сум пијандура, ако крадам, ако сум преварант, а за среќа ниедно од ова не сум, ем нерелигиозна, зошто би ги загрижила со тоа што сум нерелигиозна?
Ако ти не си видел - не значи дека нема или не е возможно. Познавам повеќе, но еден пример ќе дадам, бидејќи ми е најблизок - моја другарка муслиманка е мажена во православно семејство. Децата имаат универзални имиња, и двете, и сите празници се слават дома. А и во моето семејство, јас сум атеист, постарите ми се православни, братучетка ми е во брак со католик, итн. И никогаш не ни е тоа проблем, зошто за сите подеднакво религијата е небитна. Јас да. И им имам објаснето зошто. И не само што не ми се лутат, туку откако ги разледаа аргументите зошто мислам така, се согласија со мене. Мене туѓ срам ме фаќа!!
Мислам дека воопшто не ми го свати прашањето.Јас еден период исто размислував да не ги крстам децата и да ги оставам сами да бираат.Од тој аспект те прашав како родител ,не знам што се газиш толку од смеење?Со оглед на тоа дека заедно со мм ги правевме,ги чуваме немав право сама да одлучам за ова прашање.Он е религиозен по сите правила и прописи.А од секогаш се прашував што ако не ги крстев дали еден ден ке се радуваат поради правото на избор или ке ме осудуваа.Ете тоа ми беше поентата..чиста дискусија. Ти претпоставувам тогаш не си венчана во црква?Ми нема локига атеист да се венча во црква или грешам?