https://mk.wikipedia.org/wiki/Етничка_група https://en.wikipedia.org/wiki/Ethnic_group Има дефиниција за етничка група а секако дека етникумите се мешале низ историјата ама на крај сите се асимилирале во најбројниот етникум и веќе одамна има оформено посебни етнички групи низ светот. А најголема етно-лингвистичка група во Европа се Словените од кои произлегуваат и Македонците.
Секој може да напушти етничка група и да се приклучи кон друга. Тоа се случувало, се случува и ќе се случува. Физичка разлика e воочлива само доколку кај поединецот е присутен факторот различна раса. Сопствената раса не можеш да ја промениш, етничка припадност можеш.
Ние со мм ги раснеме децата во христијански дух и гледаме да им ја пренесеме љубовта кон Бог, да им помогнеме да го разберат на начин на кој ние го разбираме, не го викаме Дедо Боже, туку го објаснуваме како Оној кој е милостив, кој се грижи, љуби, простува, ама и праведен. Сепак, ние не крстивме ниту едно од децата. Веруваме дека тој чин треба да биде свесен чин, своевољно направен, кога ќе можат самите да разберат што и зошто го прават тоа. Јас самата сум крштена со 20 и некоја година, пред тоа не бев ни самата на чисто верувам ли во Бог или не. Сепак се надевам нашите деца ќе донесат одлука порано од мене, бидејќи ако верувам дека тоа е добро за мене, тогаш колку повеќе за нив. Ако самата не сум убедена дека сум на исправен пат немаше ни да се крстам или верувам, а најмалку да зборувам за верата, па така глупо е да речам дека на нив, моите деца, оставам целосно право да изберат самите еден ден без притоа јас да не ја споделувам својата вера со нив. Јас ќе ја споделувам, ама не можам да ги натерам и тие да веруваат. Само можам да им ги понудам мојот избор, за кој верувам дека е правиот избор.
Па да тоа се вика асимилација ама не е баш така лесно бидејќи еден етникум подразбира исто биолошко потекло, ист јазик и иста раса меѓу другото. И да, се забележува само факторот различна раса ама тој е најважен бидејќи само луѓето од различна раса не може да се асимилираат. Неможе некој од Африка што не е од наша раса да дојде овде и да стане Македонец .
Зошто да не може? Што ако доселените Африканци остават потомство со Македонци, зарем тие деца би немале право да се идентификуваат како Македонци? Зошто можат Словените да станат Македонци, а доселениот Африканец да не може? Доста беше оф-топик. Работата е дека етничката припадност може да се промени (исто како и верата)
Па тие деца ќе бидат мешана раса и ќе бидат пола-пола ама не 100% Македонци и затоа јас не сум многу за мешање на расите а посебно не на бела и црна. А како што реков етникумите се веќе оформени меѓу кои и Македонскиот така да ние сме подгрупа на Словените и Јужните Словени и тоа никој не може да го промени. Ова е посебна тема за дискусија така да овде не е место за тоа.
Абе ако се оформени современите етникуми не значи дека процесот тука запира и готово, крај. Што е за тебе дете од мајка Италијанка и татко Холанѓанин на пример? Може да си порасне во Холандија, да се идентификува повеќе со Холанѓаните, да се ожени со Холанѓанка, ама на неговите деца ќе им пренесе гени од Италија, шо викаш за тоа? А тие деца од мешана раса во мкд ќе бидат пола-пола, ама штом живеат тука, имаат право да си се наречат Македонци како што и Словените си го презеле тоа име. Капиш? Ете толку.
Те сфаќам за сето ова само поентата ми е дека многу е полесно да се асимилираат луѓе од иста раса а исто така многу важен фактор е и местото на живеење затоа што ако еден Афро-Македонец живее во Македонија ќе се асимилира меѓу Македонците ама ако живее во Африка неговите потомци ќе бидат Африканци со минимален % Македонско потекло.
На некој му е од корист ваквото твое размислување, океј твое си е тоа добро.. само знај дека баш поради ваквата филозофија на многу луѓе и политичари, Европа па и ние сме сјебани за навек..
Секулaризмoт и нaпуштaњетo нa христијaнските филoзoфии вo Еврoпa не е oд денес, туку пoтекнувa oд ренесaнсaтa, сo делaтa нa Агилиери, Бoкaчo и Петрaркa, пoтoa сo рефoрмaтoрскoтo движење нa Мaртин Лутер, индустрискaтa ревoлуцијa, прoсветителствoтo и рaциoнaлизмoт, фрaнцускaтa ревoлуцијa и филoзoфите кaкo Кaнт и Русo. Oдaмнa еврoпските вреднoсти не се спoред христијaнските учењa, и тoa не ги сјебaлo еврoпските држaви, нaпрoтив, сo индустрискaтa ревoлуцијa и идеите штo дoшле сo неa денес тие се нaјрaзвиени држaви. И пoвеќетo рaзвиени земји се сo пoмaл брoј нa религиoзнo нaселение, кaкo Јaпoнијa и Кaнaдa. Тaкa дa, прaктикaтa пoкaжувa декa нaмaлувaњетo нa религиoзнoстa нa нaселениетo немa дa сјеби ништo. (Нoрмaлнo aкo некoк не е религиoзен не знaчи декa не верувa вo Гoспoд или вишa силa)
Зошто не си за мешање на расите? Зарем нема право некоја белкиња да се заљуби во црнец, кој е тој што ќе ги запре да не се омажат и имаат деца? Некакви фиктивни верувања? Догми поставени од простиот и ограничен народ? Секој има право да биде во брак и да створи деца со кој сака. Расата нема никаква улога додека се раѓаат здрави деца по придоден пат. Нездрави деца се раѓаат во инцест, расата нема врска дали ќе се роди здраво или нездраво дете. Да не заборавиме дека и Македонија се декларира како секуларна држава. Црквата и државата не се поврзани, така што со самото тоа паѓа во вода дека традиционално македонците мора да бидат православни.
Европа ги загуби своите вредности последните 50 години, не е поентата личната религиозност туку целокупно своите вредности и моралот на национално ниво. Практиката баш покажа колку е самоуништувачки и штетно за општеството, имаш милион примери што се случува во Еу.
Па не сум за мешање на расите (посебно бела и црна) затоа што на пример ако јас се оженам со црнкиња децата нема да бидат од моја раса ( а јас сакам да бидат) и обратно ако некоја белкиња се омажи за црнец тие деца нема да бидат ниту бели, ниту црни а точно е дека секој има право да биде во брак со кого сака барем во денешно време, тоа е лично право на секого, јас само кажувам мое мислење. А инаку дека тоа се фиктивни верувања или догми поставени од простиот и ограничен народ не е точно. Имаш пример во Америка каде до 1967 ваквите бракови биле забранети од државата а не би рекол дека тие луѓе што ја воделе државата биле прости и ограничени. А да не зборувам за Апартхејдот во Јужна Африка кој траел до 1994 година каде што народот во потполност бил поделен врз база на неговата раса а бракови меѓу луѓе од различни раси биле невозможни.
Мелиха-Мелиса-Мелита се најчесто ромски имиња, барем во мојов крај И ајде да се вратиме на тема религија а не раса, етникум, националност итн
Се согласувам со тоа дека верата на сите како мали ни е наметната на која ќе припаѓаме, тоа оддамна било така и сеуште е. Но кога веќе ни е дадена одредена верска припадност сметам дека истата треба да ја почитуваме се до крајот за нашиот живот. Не би можела да замислам да станам сега на пример будиста и одново да ги учам нивните обичаи и слично.. ми нема логка ми нема цел кога сум цел живот христијанка и ги знам обичаите и верувам во тоа.
Сите религии проповедаат едно исто- да сме здрави и живи, да не мислиме лошо, да помагаме на лугето, нема религија која вика да убиваш и да крадеш, нема такво нешто. Така што, важно е само да го почитуваш она што го вика твојата вера, ништо повеке. Не лутај од еден на друг свет храм, зошто ако ти не си начисто дека сакаш да правиш добрини, да не правиш лошо, не постои свештено лице што ке те убеди во тоа, ако ти сам не си решен да бидеш добар.
И така ке налета некој кој не знае да прави разлика меѓу религија, верба и морал, која не прочитал ниедна света книга и ке ти одржи говор за сите реллигии во 3 опширни реченици. офффффф мори мајко