1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на календарот - да или не?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 3 јануари 2011.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Дали би сакале, конкретно Рождеството Христово - Божиќ да се слави на 25 декември според Грегоријанскиот календар пред Новогодишната ноќ или како што го славиме сега според Јулијанскиот календар. Се одлучив овде да ја отворам оваа тема (можеби постои и на друго место иста тема, однапред се извинувам и доколку е така модераторите можат слободно да ја избришат) за да го искажеме нашето мислење во врска со ова прашање од религиозна гледна точка.

    Моето мислење е НЕ. Зошто? Нема да навлегувам подлабоко, но само ќе наведам пример.

    Во 1925 година (не сум потполно сигурна мислам дека се работеше за Ерусaлимската Православна Црква), од таа година одлучиле Воскресението Христово (Велигден) да го слават според Грегоријанскиот календар. Бидејќи не знам колку знаете, но секоја година за Воскресение (Велигден) во Ерусалим точно во 12 часот, Патријархот се моли на Гробот на Господ и во тој момент носи со себе свеќи кои потоа сами се палат, а тој оган се нарекува Благодатен оган. Во тој момент тој оган не гори, без разлика дали ќе го допрете со рака, со коса, со било што, тој не гори. Токму во таа година кога конечно се одлучиле да го сменат календарот, влегол Патријархот, но и колку да се молел Благодатниот Оган не слегувал. Тогаш ја сватиле својата грешка, но подоцна според другиот, Јулијанскиот календар, кога било Воскресението, слегол Благодатниот оган. Еден пример.
    Друг пример. Во еден православен храм кој исто така започнал да го служи овој календар се случила ваква случка. За време на службата (Литургијата), односно на 25 декември, започнала службата што се служи за Божиќ. Во тој момент една икона што била на ѕидот започнала да се ниша, а исто и нејзиното кандило. Тоа била иконата на Св. Спиридон, бидејќи според Јулијанскиот календар се слави тој празник. Присутните ги опфатил страв, а исто и свештеникот кој служел. Веднаш ја започнал службата посветена на Св. Спиридон и во истиот момент иконата престанала да се ниша.
     
    На Bulgarian и Bright им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Јас сум за да се смени календарот.
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам да се смени календарот, да не се правиме нешто што не сме!
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас сум за. Барем наеднаш ќе си го славам и едниот и другиот Божиќ ;)

    Цел свет ќе слави одеднаш, во исто време. И во тоа ја гледам убавината.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Зошто да се менува? Толку години сме славеле Божиќ на 7ми јануари, па сега ќе менуваме. Ако го преземеме тој календар, дали тоа значи дека ќе треба да славам и Ден на благодарноста и да колам мисирки? Тие си имаат свои празници, ние наши. Ние сме православни христијани и нема потреба да го преземеме нивниот календар, да не се правиеме тоа што не сме.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.482
    Пол:
    Женски
    Едно големо ДА! Ако го славиме Божиќ на 25.12 нема да сме помалку православни од тоа што сме денес, само јас не верувам дека некогаш МПЦ ќе го прифати ова.
     
  7. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    НИКАКО! Зошто да го смениме календарот? Ние сме православни и Божиќ си го славиме на 7ми јануари, нема потреба заедно со католиците да славиме на 25ти и не само Божиќ, туку сите празници. Патем, ние на 25ти си славиме голем празник, Свети Спиридон Чудотворец и не гледам причина да го промениме тоа.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Jaс сум да се промени календарот од причина што сите сме ХРИСТИЈАНИ. Сите веруваме во еден Бог, и многу нелогично ми е еден ден со исто значење да се слави на различни датуми. Но, да бидиме реални, тоа никогаш нема да се случи, затоа што ни едните ни другите не сакаат да си го променат датумот на славење на Божиќ. Така да и да сакаме и да не сакаме, ништо нема да се смени.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Сакале или не ќе мора да се помириме со фактот дека календарот кога тогаш ќе мора да се смени. Па нели по библијата Христос се родил, па почнала новата ера. Е кај нас птво доаѓа Новата година па се раѓа Христос. Ако е веќе така треба да си славиме Нова година на 13 ти јануари. А со оглед на тоа што цел свет станува едно глобално село, ќе мора се да се направи да биде исто. Макар што се однесувам за празнување и неработни денови. Така да ако го славиме на 25 ти Божиќ официјално никој не не спречува да си го обележиме и на 7 ми како шшто правиме со стара нова година.
     
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    БИ постеле ли вие до Божиќ, а пред тоа за Нова Година сте се направиле ршум! Нелогично!
    Јас сум за да се промени!
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Да...зошто цел свет тогаш да го слави само ние како "најпаметни" да се делиме..па не е ова нешто многу религиозно ( зборам за датата не за празникот) ...и така и така никој незнае кога стварно исус се родил
     
  12. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    НЕ,НЕ,НЕ-ДЕФИНИТИВНО НЕ!Аман веќе од тоа,во запад се прави тоа,во запад се прави она,ајде и ние,пошто тие на запад нели се попаметни од нас,па ги занемаруваме нашите празници,ги славиме нивните,глумиме нешто што не сме...(Што да му купам на дечко ми за Валентајн?....Алооооооооооо,св.Трифун е,ние немаме никаков Валентајн).Никогаш не би го прифатила тоа,си го сакам Божиќ на 7-ми јануари,па дури и да се промени јас пак ке си го славам тоагаш!
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hristijankata

    Hristijankata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    14
    Историски гледно, не се знае со сигурност ни точната година кога се родил Исус, а камо ли пак месецот и датумот. Оттаму датата воопшто не е важна. Важно е да сме синхронизирани со светот, па макар заедно со целиот свет го славеле и на 15 Октомври. Ние не славиме денови, туку Го славиме Христос.
    http://www.youtube-nocookie.com/watch?v=ZzEeSHDMztQ
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Сум за менување на календарот од една проста практична причина. Кога цел свет не работи ние работиме, кога цел свет работи ние не работиме. А со оглед на тоа дека во државава на големо се влезени странски фирми, си го слават божиќ на 24 и 25 декември и за нив 6 и 7ми јануари се обични денови. Колку само божиќни празници сум поминала на работа место со семејството само заради таа причина. А инаку никој не ни брани да си го одбележуваме православниот божиќ исто како и православна нова година. Ако сакаме по старо тогаш не треба ни нова година да чекаме на 31 декември туку на 13 ти према 14 ти јануари.

    Сакале нејкеле, глобализацијата си го прави своето. И никој не е поголем христијанин од другиот ако иде контра.

    Инаку и јас не сум за славење валентајн, си имаме наш православен празник на љубовта Љубов, Верба и Надеж на 30 ти септември. А на 14 февруари е Св. Трифун. Ноќ на вечтерките не признавам. Тоа си се католички празници. Маскембал кај нас се прави на 1 ви Април. Толку.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    ноќ на Вештерките не е католички празник, тоа воопшто не е верски празник.
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    родната година на Исус сe претпоставува дека е 2 година п.н.е или 0 година спрема 1 н.е. а умрел 33 или 34 год н.е.
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    таа Нова година 31 декември е според нов календар, всушност тој календар и го користиме, само што некои верници ги водат и верските празници според него, а некои го користат стариот како во случајот на православните.
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    не мислам дека нема потреба :$ :$
     
  19. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Јас сум за да се смени официјално, а не да биде како сега..
    Ние си го славиме на 25ти декември и многу е по правилно и подобро..
     
  20. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Вака подолг распуст имаме затоа не :D :)