Промена на календарот - да или не?

Discussion in 'Религија' started by Serafima, Jan 3, 2011.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,367
    Likes Received:
    2,951
    Gender:
    Female
    Не ме разбираш.
    Во Украина има две украински православни цркви...слават различни датуми на Божиќ.
    На едните верници им се укинува 7.јануари, нека си слават програмерите тој ден, ко да е битно ....8)
     
    Mr.Limonko likes this.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,981
    Likes Received:
    4,828
    Gender:
    Male
    Знаеш ли што е пострашно од тоа да се разликуваат црковниот и граѓанскиот календар? Тоа што денес дел од Православните Цркви кои го славеа Божик во четвртокот, сепак Велигден го слават по јулијанскиот календар! Е тоа е пострашно, едни празници по еден календар, други по друг!
    Друг проблем е што за промена на календарот најчесто се залагаат оние кои не се ни верници, а од друга страна доколку дојде до промена на истиот голем дел од верниците на МПЦ-ОА ќе се оддели од Црквата и ќе настани раскол кој нема да може да се исцели со години, децении, па можеби и векови.Што значи за да им го направи ќефот на комшиите, да се откажи МПЦ од децата.
    Така што, МПЦ-ОА не треба и не смее да го менува календарот, но треба да дозволи во странство да се формираат новостилни парохии.
     
    Last edited: Dec 27, 2025
    Miss666, sonuvana and Mr.Limonko like this.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    18,117
    Likes Received:
    136,962
    Gender:
    Female
    Отсекогаш сум сметала дека сите христијани треба да ги слават Божиќ и Велигден заедно. Поделбите се глупи и одат во корист на атеистите.
     
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    4,074
    Likes Received:
    10,225
    Gender:
    Male
    Божиќ е еднаков за сите, католици, православни и протестанти. Речиси и да нема разлика, само што едниот е понапред со сметањето.
    И по Јулианскиот календар, Божиќ пак е на 25 Декември, само тоа што тој 25 Декември е поназад и паѓа на 7 Јануари спрема државниот.
    Ако тие слават на 25 Декември Божиќ, спрема Јулианскиот тогаш е 12 Декември - Св. Спиридон. Кога ние славиме Божиќ на 7 Јануари (25 Декември Јулиански) тие слават чинам Водици.

    Ако отворите црковен православен календар, пишува:
    7 Јануари (25 Декември) - Божиќ.
    IMG_20251227_103941.jpg

    Значи и православниот Божиќ е на 25ти, само што 25ти се паѓа на 7 Јануари. Како и да вртиш, Божиќ е на 25 Декември за сите Христијани по двата календари, само што Грегоријанскиот е официјално прифатен спрема пресметките на пролетната рамноденицата за Велигден, а Јулианскиот заостанува затоа што имаат метода пасхалија, Велигден да не смее да се паѓа пред или заедно со еврејската Пасхаa а кај нив се паѓа.

    Па спрема Јулианскиот 1 Јануари (Нова Година) е на 14 Јануари по државниот т.е Грегоријански.
    IMG_20251227_104654.jpg

    Источната црква (особено Руската Православна Црква) никогаш нема да ja прифати Грегоријанската форма зошто со Грегоријанскиот ќе испадни дека Папата е доминантен а источната црква има Патријарси, ова се случило уште во минатото со големиот раскол.
     
    Last edited: Dec 27, 2025
    Orthophill, sonuvana and Mr.Limonko like this.
  5. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2023
    Messages:
    626
    Likes Received:
    951
    Gender:
    Female
    Прво мн погрешно ти е поставено анкетното прашање.
    Второ Украина има и политичка позадина за менување на датумот.(живеат мн Руси таму а русите се православни,избркани им се мн свети лица од црквите и слично,но тоа е друга тема).
    Трето одговор на прашањето: не е битно кој кога слави но сепак не би сакала лично јас да се смени поради тоа што ете тоа ни е и традиција. Во смисла со различниот датум доаѓаат и различни обичаи а ние веќе сме ги прифатиле овие на наши простори. Имаат и општо верски различни обичаи од нас како католици.
     
    Mr.Limonko likes this.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,367
    Likes Received:
    2,951
    Gender:
    Female
    Се е ова вистина за политичката позадина. Само што не се само Русите проблем, тие си имаат руска црква во Украина.
    Моментално најголем проблем е што украинската се подели на два дела. УПЦ која ја протеруваат ( 7. јануари го почитува ) и ПЦУ подржана од Вартоломеј, која народот не ја прифаќа, а која го прослави Божиќ пред два дена и за прв пат се случува на верски православен празник да се повикува на омраза и нечија смрт.
    Православието е на удар, макар свесни да бидеме.
     
    Чанта likes this.
  7. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2023
    Messages:
    626
    Likes Received:
    951
    Gender:
    Female
    Жалосно.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,409
    Тоа нема врска со верата туку со науката и како се движи Земјата околу Сонцето.
    Почнувајќи од 2100. година па некое време натака, според јулианскиот календар Божиќ повеќе немада биде на 7 туку на 8 јануари. После неколку милениуми ќе стигне до пролет. Додуша ако ѝ се верува на Библијата, Исус веројатно бил роден некаде околу март па тие што се држат до стариот календар ќе дотуркаат до вистинското време.
    Но најмалку четри православни цркви го слават според новиот календар.
    Мене лично не ми пречи да си остане 7. јануари (нов стил, стариот си е 25. декември ионака) но ако одите според логиката дека не треба да се менува бидејќи ете тоа било дел од некаква си традиција, валидно би било прашањето зошто тогаш свештенството користи современи превозни средства (автомобили на пр.) какви во старите времиња немало? Исус при влегувањето во Ерусалим јавал магаре на пр. Треба ли денес поради тоа сите магариња да јаваат?

    Освен тоа, стариот календар не го создала Црквата туку насилен римски император кој бил многубожец т.е. паганин уште пред појавата на христијанството. Испаѓа дека оние делови на православната црква кои се држат до стариот календар, не се држат до христијански календар.
    Грчката, Бугарската и Романската православна црква си слават одамна според грегоријанскиот календар, исто како протестантите и католиците.
     
    Mr.Limonko likes this.
  9. ani23

    ani23 Популарен член

    Joined:
    Sep 2, 2011
    Messages:
    1,067
    Likes Received:
    1,671
    Gender:
    Female
    Грчката, Бугарската и Романската,одамна си слават зашто се во ЕВРОПСКА УНИЈА.Центарот на православието што е во РУСИЈА ,и има најмногу православни граѓани и нивни блиски земји што беа дел од бившиот ССР,си слават на 7 Јануари.
    Исус јавал магаре зашто тоа било превоз.Свештенството што го кажуваш вози автомобили во ова време,и неприкладно е да го споредуваш со синот БОЖЈИ -ИСУС,тие се посредници и ја шират религијата.Монашките заедници во МАКЕДОНИЈА се најблиску до вистинската религија,испошниство и вера.Ги посетувам често и тие вистински живеат и се издржуваат од својот труд,чуваат пчели,одгедуваат сами храна,имаат и кози за млеко и сирење,работат секој ден.Понудив аргументи,се надевам ме разбра .Треба да се држиме сите заедно ние православните верници,и да не се отстапува од нашата религија која ете ја газат и сакаат да не уништат.Вака со датумите,па други работи ,ке биде ко оваа непостоечкасеверна МАКЕДОНИЈА,каде полека стануваме граѓани од втор ред и ни се земаат едно по едно правата,и насилно ,а народот на референдум се изјасни НЕ ,за северна МАКЕДОНИЈА.
     
    Last edited: Dec 28, 2025
    Чанта likes this.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,409
    Тоа нема никаква врска. ЕУ не е верска, туку политчко-економска унија.
    Грција е во ЕУ од 1981 год., Бугарија и Романија се во ЕУ дури од 1. јануари 2007 година.
    Промената на календарот прва од овие 3 држави го направила
    Бугарија уште 1916 година, потоа
    Романија 1919 год. и на крај
    Грција 1923 год.
    Не, центарот е во Истанбул (поранешен Цариград односно Константинопол), таму е Вселенската патријаршија.
    Има 40% православни што не е ни половина.

    Русите велат: Куда все, туда и я.
    Би прифатила ли промена на календарот ако тоа и Русија го стори?
    Сакаш да речеш дека свештенството е на повисоко ниво од самиот Исус Христос па затоа им се може? Како и да е, поентата е ако се држите до традиција, зошто се држиме селективно? Превозот ќе го смениме, ама календарот не го менуваме? (еве и јас сум да не се менува!)
    Ова е за поздрав со пчелите.
    Не е точно, народот се изјасни 94% ЗА, тоа што мене и тебе не ни се допаѓа тој резултат е друга работа.
     
  11. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Joined:
    Jul 9, 2025
    Messages:
    203
    Likes Received:
    181
    Gender:
    Male
    На хартија да, но во пракса дали е така?

    Успешен беше референдумот?
     
    ani23 likes this.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,409
    Нема тука хартија и пракса. Ватикан е центар на католицизмот, Цариград на православието, Мека на исламот и тн. Освен ако не се согласувате со Црковната теологија и историја...
    Да, успешен.
    Името на државата доби и официјално географска одредница.
     
  13. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Joined:
    Jul 9, 2025
    Messages:
    203
    Likes Received:
    181
    Gender:
    Male
    На референдумот излегнаа 36,91% од гласачите, а за да биде успешен треба 50% + 1 од гласачите. Да се смени но во парламентот од сдс-предавничка, а не од народот 63,09 од граѓаните не излегнаа на референдумот!
     
    ani23 likes this.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,409
    Небитно, сменето е веќе.
     
  15. ani23

    ani23 Популарен член

    Joined:
    Sep 2, 2011
    Messages:
    1,067
    Likes Received:
    1,671
    Gender:
    Female
    О битно е,и тоа многу,како што може да го сменат насилно -така можат и да го вратат по исти принцип.Еве нас православните верници ни истури листови со факти земени од интернет,и пак не разбра ништо за религијата???На верата не и требаат докази ,тоа е чувство без докази.Разбрав забавно ти е ова со пчелите само,од цела дискусија.
     
    Burevesnik likes this.