Дали некој од вас го има менето личното име ? Може ли да ми кажете колку трае и колку чини процедурата ? Дали знаете дали треба да се променат свидетелствата и дипломата од средно ? Однапред ви благодарам
За да се промени личното име односно само името или презимето, потребно е граѓанинот да поднесе барање до подрачната единица на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, според неговото место на живеење. Покрај барањето потребно е да приложи и: извод од матичната книга на родените, уверение дека против него не се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност и документ за идентификација. Спојлер Еве линк од барањето кое се пополнува http://www.mvr.gov.mk/Uploads/PRAVILNIK ... %20IME.pdf И линк од страната на Владата,каде може да прашаш поконкретно. http://www.uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx? ... f05012ac89 Се надевам некако помогнав
Јас имам другарка (односно познаничка) што променувала и знам дека имаше некои проблеми со упишување на факс заради претходните документации ама после мислам дека извади потврда (или што и да беше) дека го сменала името и ваљда имаше уверение (или некој си друг документ) кое и било претходното име баш ради тие формалности и се среди работата
Брат ми го има променето презимето.По негова волја кога стана полнолетен го зема фамилијарното презиме.Треба да ја промениш целата документација.Не се сеќавам добро,но мислам дека не плати повеќе од 3000 ден.Му издадоа и некакво решение за промена на презимето,па кога требаше да патува во странство истото го бараа во потребната документација преведено на англиски.Пожелно е да се обратиш во МВР и да се информираш затоа што не е едноставно.
Дечки, имам едно прашање (гледам се зборува за менување на име/презиме секако ) следната година се мажам само сакам да знам (за да си почнам процедура ако треба), вака - на пр. Моето име е Ена Андонова и кога ќе се мажам сакам да го додадам презимето на маж ми Игнатов, но од почит кон дедо ми сакам и да го земам и неговото име како презиме т.е. да го сменам постоечкото Андонова( дедо ми се вика Вито) па да бидам Ена Вито Игнатов како конечен продукт Па сакам да прашам ако некој знае да не почнувам постапка сега за менување презиме дали е можно кога ќе се мажам да го сменам наеднаш, дали тогаш само треба да му кажам на матичарот да ме пишат така, па после ќе си мењам документи секако..или не е така баш Дали знае некој повеќе околу тоа???
Јас имам МЕГА глупо име, ама против менување на лично име сум. Сум се викала Трпана до вчера, и сега сум Стојна (без навреда ако некоја се вика вака, пример давам само). И доаѓа некој: "Кај си бе Трпана", и ти: "Немој ти мене Трпана, Стојна сум сега". How about no? А инаку за презиме менување немам ништо против. Познавам дечко чиј татко ја оставил мајка му само што се родил, и му го носеше презимето, иако никогаш не го видел. Па разбрав дека само што наполнил 18 си го земал на мајка му презимето.
Не можеш така, законот нема опција за ново име при брак. Започни ја процедурата сега, па после кога ке менуваш пасош и лк, се да смениш наеднаш.
За ништо на свет не би си го променила личното име,име кое ми е дадено при раѓање,име со кое сум крстена во Црква,име на кое ми се обраќале сите долги години,и да ми текне некој каприц ,абе не јас не си го сакам имево ќе го сменам мислам,глупаво ми е ептен,ама секој има право на свој избор
А вие да не се правите многу паметни, ако некој има искуство нека го сподели. Од безброј причини може да се јави желба за промена на име. Моето е македонско и затоа не го сакам.
Процедурата трае најмногу 2 месеци, ако си од Скопје појди во Македонска, мислам дека ти треба лична карта и извод од книга на родени и потврда од МВР дека моментално не си гонета за некое дело. Така беше пред 10 години, сега дали е нешто сменето не знам. Не е некоја голема процедура, откако ќе ти ги земат документите, релативно брзо оди постапката. Со промената на името добиваш решение за промена, и со истите документи истиот ден се сликаш за нова лична карта. Сведителства, и останати документи не менуваш, само секаде каде што ги приложуваш, ќе си приложуваш и решение за промена, иако скоро никаде не го бараат, чисто за да не дојде до забуна.
Се случува луѓето да менуваат презиме или име, посебно кога имало некоја грешка при запишувањето. Имало случаи некое лице да било погрешно запишано во матичната евиденција, па после се врши промена. Знам таков конкретен случај. Процедурата е иста. Во законот стои “промена на лично име”, а тука спаѓа и промена на име, и промена на презиме.
Името не си го сакам, ама не би го сменила од почит спрема баба ми. А презимето ќе си го сменам. Во процедура сум. Лошо е што после тоа треба цела документација да се менува.
Моето на многумина им се допаѓа, ми велеле ќерки дека ќе крстат по мене , ама јас не го сакам баш. Имам план да го сменам надвор од Македонија.
Дали некој од вас има искуство со додавање на презиме од сопруг од странство кое ја содржи буквата "W"? Поднесено е пријавено и кај нас во матична книга на венчани. Тоа е завршено со кириличната форма и превод како Вв. (така ми ја бараа од мвр и матична) Прашањето ми е за во МВР. Ме известија дека во полето за латинична форма, не може да стои оригиналната изворна форма на презимето, него од преводот се пренесува пак на латинично писмо според кирилицата односно Vv. Во овој случај добивам друго презиме во графата за интернационална употреба. Што во земјата каде треба да поднесам понатаму документи ми тврдат дека е апсолутна глупост да не може да се впише буква W во интернационалната графа која треба да ја водат по ICAO 9303. Со цел да се избегне двојна форма на исто презиме. Thanks