1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на работна позиција

Дискусија во 'На работното место' започната од vichy, 24 јули 2013.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Што би направиле ако ви ја сменат работната позиција со изговор се незадоволни како работите,но не се до толку баш незадоволни па ви нудат можност да ве унапредат повторно откако ќе завршат летните одмори и тоа ви го најавуваат како можно унапредување работното место што добро знаете дека и е ветено и на колешката што веќе е замината на одмор?
    P.S.A IMATE PONUDA ZA RABOTA VO STRANSTVO NO ETE NEISKORISTENA...
     
  2. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    промена на раб.позиција

    Би ја искористила можноста да одам и во странство да работам.
    Јас не би наседнала на тоа дека после одмор ќе ми го доделат на мене тоа унапредување кое е веќе ветено на некој друг. Какви игри играат не ми се верува. Ако се незадоволни нека ти кажат, а не да те држат преку лето затоа што другите вработени се на одмор.
    Размисли убаво дали има шанси да те унапредат после одморите или само те залажуваат.
     
  3. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    промена на раб.позиција


    Vichy,
    ако сте сигурна дека истото работно место и е ветено на колешката, тогаш СИГУРНО се работи за
    манипуланти; не се фер не само кон тебе туку и кон колешката.
    Целта овде е да преку тебе ’на некој начин“ и таа дознае дека не и е баш најсигурно работното место
    и дека ке мора да се “потруди“ или сакаат од некои причини да ја држат на “штрек“, дека не е незаменлива ако „се прави многу важна“ .

    Ова е многу лоша форма на созадавање компетититвни односи меѓу вработените со основна цел
    вработените да не спријателуваат меѓу себе туку да бидат постојано во антагонистички односи.
    Грозно! :puke:

    Што да се направи? Зависи од многу околности.Но во никој случај не разговарај за ова со колешката или да ја пуштиш информацијата преку некој друг вработен.
    Во врска со понудата за работа во странство, за жал многу се битни твоите лични животни околности кои ние не можеме да ги знаеме за да се даде било какво мислење или не дај боже совет.