Очекувајте промени во столицата на бебето до кај месец и пол два. Мешето и цревцата се учат да работат, па мали промени во бојата не се страшни. Ако е цела зелена, ама баш трева зелена тогаш или е гладно(а ако е ќе плаче) или едноставно му е ладно кај мешето. Загревајте обичка тетра пелена со фен и ставете ја преку облеката над бодито да го стопли, ама и внимавајте да не го туткате многу со облека или пак премалку. Кај мене кога ќе му ставев пелена да се стопли, ем поубаво си спиеше, ем наредната кака беше супер. Не се секирајте за џабе. Ако нешто нависта не е во ред, ќе знаете верувајте. Пробајте некој совет, ако пак продолжува неколку денови по ред, тогаш исконтактирајте стручно лице за совет. И следете го мирисот, стуктурата на какате, секоја промена кај вашето бебе, размилсете што може да е пред да се засекирате, или уште полошо да почнете да паничите. Ако на мама и е добро, и бебе ќе е добро, така не уче на педијатар тука. Смирено и се ќе биде во ред. Среќно мамички
Избезумена сум..10 дена имаме проблем со запек..маки изнамачивме..на ад сме што да и давам за да се стабилизира столицава?? ..
мамичи здраво ми треба помош моето беме има 3 ипол месеци и има тврда столица плаце се буди ,има гасови ама кака само еднаш дневно , плачејки во раце ...што да му дадам ? што јас да јадАМ ?
Пробај да внесуваш повеќе течности, по можност компот од слива. Масирај му го стомачето на твоето бебче и виткај му ги нозете кон стомакот. Ние пиевме и капки еспусмисан л, кои многу му помагаа со грчевите. Се надевам дека ќе му биде полесно
Денеска јадевме трет ден банана и во каките имаше како црнки раски. Исто и не е веќе течна како пред некој ден. Знам бананата ја стврднува столицата, ама дали и црнките се од неа?
Од секое јадење се менува столицата, особено ако е нешто ново. А мојава пак наопаку е, кога јаде банана има пролив
Еве јас почнав кокосово масли во појадокот да ставам, па да видам дали ќе има промена. Внимавам на комбинациите ама откако почна да јаде какањето е се поретко и оформена е каката. Маскирам и црвена тиква давам и модри сливи и џабе. Некои викаат амарантот бил добар, па ќе го воведеме др.недела.
Кај нас па дека и вода не пие....ама денес купив три различни шишиња со меко клунче па ќе видиме, мора да се учи, ќе тргнам на работа.
Ние имаме нови шишенца од зегин со силикоско како клунче и сеуште неможе да се научи да пие од нив ги гризе.Пред овие имаше спрескано клунче ама каучик од еурофарм и со дупче одоздоле.
ми треба помош од вас,,ве молам...моето синче има 11 и пол месеци..последниов месец има запек скоро секој ден..му ставам чепчиња ке се искака едвај...дурти на газето надворешно фајчам камен стврдната е каката...додека го доев воопшто немавме ваков проблем...го доев до 8 месец..после ад..па сега кравјо,,прво давав битолско трајно...па со 10 витамини,,каката камен е...денес зедов млеко баланс...му давам и јогурт баланс...сок од портокал..сок д сливи...ноо ништо не помага...казете некој совет,,ве моламмм.очајна сум..
Давај храна со фибри ( влакна) значи житарици, овошје повеќе, течности, намали со кравјото некое време, без ориз и банана, тиква црвена многу помага ( варена подобро). Чепчиња на своја рака не ставај и немој во никој случај често ( доктор консултирај) така уште помрзливи ќе му станат цревата. Масажа на стомачето.
4дена слива и 5 дена кака гомциња како јаренце суви, мали, тврди и мноогу смрдат таква миризба не сум осетила до сега чудна. А од банана ни омекнува а јас пак брзав за да му ја средам столицата со слива а од нејзе полошо.
И ние мака мачиме со какањето од кога почнавме со дохрана . Знам дека време требало да се навикни мешето цревцата ама веке месец ипол помина и подобрување никакво. Внесов и житарици сега за сега безглутенски ама подобрување не гледам. Кака тешко на неколку дена , многу тврдо , душичка се мачи не може да го истурка Не знам ленено семе дали смеам да дадам , имаме скоро 7 месеца ?
Ленено семе од 8 месеци, не знам дали смее порано. Слива, тиква, презреана банана, тоа давај, ако најдеш круша, исто помага. Ако пие кравјо млеко, од него може да е запекот. Син ми кога тргна во градинка (на две и пол години), почна да пие млеко таму, имаше запек невиден. Цела недела се мачеше, а пред тоа по два пати дневно му беше минимумот. Два пати му ставив чепчиња, со банана, киви, овес и малку пробиотици му се среди. Ама и ги замоливме во градинка да не му даваат млеко воопшто. Сега и менито им е сменето, нема млеко секој втор ден, само еднаш неделно. Житариците многу помагаат за регулирање на столицата, влакната во исхраната се прилично важни.
@Annath додека сина темава да те прашам. Не се сеќавам во која тема те прочитав за да го барам постот, а не се сеќавам ни на одговорот точно. Кој спас го најдовте за црвено газе од чести столици? Вади забче и ја фати пролив, па миењето нема да е доволно.
Gingira alba спрејот ни помогна најмногу. Ама и го оставав почесто голичок, да не му се спурува газето во пелените. Инаку Бекутан со цинк оксид секогаш ми помагала, ама кога беше со проливче, само од џинџира видов брз резултат.