Здраво мајки, многу сум уплашена, малата ми е 10м денес при менење на пелена кога ја избришав имаше како кафен иседок ова се деси два пати денес само со мокра пелена, утре ке одам на педијатар но сакав да ве прашам дали сте имале слично искуство и ваше мислење што може да е
Најубаво е да испитате мокрача и да неправите уринокултура за да отфрлите можноста дали има или нема нешто.
Исто ќе те советувам како Софи. Испитајте уринарен статус па ако има индикации за уринарна инфекција ќе направите и уринокултура. Инаку како е со мокри пелени? Дали се полни или празни? Можно е да се работи и за дехидратација, ако е тоа случај мора да внесува повеќе течности. Сликата што јас ја постирав е во случај на дехидратација, кога се излачуваат урати во урината, па се јавуваат портокалово/кафеави траги на пелената.
Пелените се мокри секогаш, пиеме многу вода, нема шанси да е од дехидрација, сепак фала ви многу на советите, ќе ги направиме испитувањата
https://www.novalac.mk/iskhrana-na-novorodenche/interesno/stolica-ka-deca-shto-e-normalno-a-shto-ne/ Еве мајка види на линков. Се надевам ќе ти помогне линков.
Фала ти, најверојатно е од антибиотикот. Утре ке и кажам и на докторката.. патем се префрливме кај Олгица, супер е, фала за препораката
Сигурно е од антибиотикот или па како што пишува и на линкот од самото млеко може да смени. Не верувам дека е нешто друго, но Олгица најубаво ќе ти каже. Баш ми е мило што ви се допадна педијатарката. Јас сум презадоволна. И слободно можеш и викенд за што и да е да ја контактираш, пиши и на вибер и враќа секогаш. Поздравче до вас и бакнеж до бебе од нас
2 недели сме почнати со пробување вкусови, сеуште немаме ни цел оброк, а денес 4 дена цели како нема какано синчето. На доење сме. Знам доени деца долго можи да не се испразнат, ама веќе не сме само на доење па не знаев дали е нормално. Досега не се случило да прескокни ден. Жал ми е. А не изгледа дека го мачи мешето. Само испушта гасови ама не можи да се покака. Му правам вежби, масирам меше, давам пробиотик, јас пиев компот од црни сливи два дена нема ефект. Чаре? До кога да чекам? Што да превземам?
Дај му чајче од анасон, синчето го провоцираше тој.. дека олеснува на мешето. Масирај му го мешето со кружни движења. Мојов се случи еднаш само највеќе 6 дена да не се покака, мешето огромно му беше, таман решив да го испровоцирам со топломер, си се покака сам еден тон. Почекај уште два дена, би требало да си се покака Фала @sofi2107
Исто ,јас го ранам во исто време кака. Прашувам бидејќи до минатата недела се случуваше по 3 дена да не кака,а сега 3 пати на ден. Значи ок е.
Мислам дека е ок , не е нешто течно (проливче) да ги цади .. регулирана им е столицата веќе ... и ние имавме исто доста мака , првите месеци знаеше и по 4/5дена да закочи , од кога почна цврста храна супер е еве 11м сме си веќе.
Дали е можно од кисело млеко каката да има светла боја ? Завчера и вчера дадов,денес мн светла кака и како топчиња ситни