Денеска паднавме на тема со колешката за тоа како телото се менува низ годините. Таа има 30 години и тврди дека има исто килограми како и пред 5 години, но не ја собираат фармерките што ги носела пред 3 години најверојатно зошто и се проширила карлицата (нема раѓано деца). Не зборам за промени во пубертетот, ме интересираат после 20тите...дали сте забележале некоја промена? Дали се шират коските? п.с Целулитот не го спомнувајте, он си е задолжителен
Конкретно за колешка ти најверојатно нема доволна физичка активност штом тежи исто, а не ја собираат старите фармерки - салото е полесно и зафаќа повеќе простор од мускулот. Не е до годините
Мислам дека телотот со годните се менува( особено кај жени што раѓале). Во прво е Артемиссон, и тоа допринесува да деформација на телото. На пример јас имам приметено кај мене промени во стапалата ( најсериозно), некако ми се прошитени. До пред некоја година носев 38/39, сега 39/40 ме стегаат.
Ќе зборев за салото како причина поради која се зголемува обемот но не и тежината, но гледам погоре веќе истото е искоментирано. Конкретно кај мене имам забележано промени после породувањето, претходно бев со ситна градба и имав нормална тежина, сега после породувањето мислам дека сум проширена и покрај тоа што речиси се вратив на истата тежина како пред бременоста но сепак се осеќам многу подебело. Исто така се забележуваат и промени во градите, стомакот и истите тие промени се забележуваат и кај жени кои не рагале, односно со самото стареење се разлабавува мускулатурата па делови од телото стануваат помлитави и полабави. Сепак бременоста го забрзува тој процес, така да истите тие промени порано се забележуваат кај жени кои се мајки а покасно кај жени кои не родиле. Не дека не постојат исклучоци ,кои во текот на годините усеваат да одржаваат стегната конструкција, но мислам дека се ретки. Искрено на таквите им се дивам. Значи како минуваат годините така ќе се јавуваат и промените на телото, и тоа ќе мораме да го прифатиме за нормална работа но и да се трудиме да го забавуваме процесот на тие промени.