Се надевам дека е ова соодветна тема за категоријава и дека нема да оди во корпа Ме интересира вашето мислење за промена на факултетот по започнувањето студии на еден факултет. Многу сакам да го сторам тоа, но мислам дека немам доволно храброст. Не знам како би реагирала средината на тоа, сепак сме балканска земја, нели? Најмногу од се, се плашам од реакцијата на моите родители. Мислам дека ќе сметаат дека сум ги изневерила и разочарала и не знам како да се справам со тоа. Веќе се обидов да разговарам со нив на оваа тема, но добив бурна реакција, водена од начелото "Срамота е!". Ги очекувам вашите мислења овде. Ова е многу важна тема за мене и однапред сум благодарна на сите што ќе споделите мислења и искуства. Поздрав девојки!
вака сеа..ние сме прост народ..кај нас е таков менталитетот шо ако например не го завршиме факултетот тоочно на време значи не не бива...оф мори мајко..па во германија чист пример вујко ми знаете шо ми рече? (пошо сум бруцош) ми вика `ај за 6-7 години кога ке го завршиш факултетов (а мојов е со 3) дојди германија ке имаш сигурна работа..`и јас му викам шо???? за 6-7 мене ке ме убијат ако не ги земам сите испити на време, нема да ме пуштат да продолжам...и ми вика лелее глуп македонски народ,абе кај нас битно е да го завршиш и да знаеш, а шо дека ке го земиш на време ако немаш абер, шо сте се исфорсирале толку..и во право е..а за промена...па види сеа. ако сакаш да го смениш факултетот очекувај непжелни реакции од околината ама јас би те советувала ако вистински сакаш да го направиш тоа...боље да учиш нешо шо сакаш, него да одиш на факултет шо не те влече и на крај да останиш и без факултет (пошо нормално ако не си на факултет шо го сакаш нема да имаш желба за учење) на крај краева твој живот твоја ствар, шо те боли шо ке кажат другиве, некои без факултети никакви..биди си своја и прави си шо сакаш,ако ти се мења мењај го, ама да не ти стане навика позз
Вака сега, и јас планирам да го сменам факултетот, ама јас си ја задржувам струката, останувам истото да го учам, само што го менувам местото на факултетот. Е сега, кај тебе не знам каква е работата, и која е причината, и колку време веќе студираш на тековниот факултет. Ако не си изгубила многу време на тој, нема зошто да е срамота да се префрлиш. Е сега не ми е јасно само, дали сакаш на истата професија, или друго сакаш да учиш? Гледам ја спомна храброста и твоите родители Девојче, тука се разботи за твојата иднина и твојот живот. Да, си се запишала на тоа што си, ама си сфатила дека не е за тебе, уште не си ја раскрстила раскрсницата во животот. Се појавило двоумење кое и те како ти ја уништува самодовредбата, а уште поголем притисок ти прават твоите дома, со самото тоа што ти викаат дека било срамота. За кого срамота? За тебе? Дека утре ќе станеш успешен човек? Дека сакаш да успееш во животот?... Едино, ако не се проблем финанскиските средства, сепак за да смениш факултет, тоа ти се нови трошоци кои се пролонгирани од старите. Ако цврсто си застанеш на твојата одлука, и се изјасниш што и како, не верувам дека твоите дома ептен би ти направиле проблеми. Сепак треба убаво да седнеш со нив, и јасно да разговараш. Да ја кажеш причината, зошто, како, од кога... морав да редактирам и да спомнам за нашиот менаталитет, гледам веќе погоре е спомнат. Па искрено, ако живееме ние за нашиот менталитет, зошто се запишуваме на факултет? Сите различно гледаат кон работите, кон професиите... И треба дома да седиме? Да, точно е дека живееме во таква, малку чудна државичка, со малку почуден народ... ама тоа не треба да ни ги скратува крилцата, да ни ја скратува нашата желба за успех. Кој што ќе рекол? Е па нека рече подобриот од мене, а не оној кој не ни стигнал колку мене. А верувај дека тој што е над тебе, нема ни да преговори, ниту да те спомне зошто си мењала факултет, зошто си се предомислила... верувај тој ќе има попаметна работа од тоа тебе да те зборува 3 дена .
Вака,прво важно е дали факултетот на кој си сега е твој избор.Според тоа што го велиш за реакциите на твоите родители дека било срамота,ќе ги изневериш нивните очекувања и ќе ги разочараш,моја претпоставка е дека тие влијаеле на изборот на факултет за тебе и ако навистина е така,тоа е основната грешка. Секој треба да студира она што го интересира и за што го бива,затоа што треба да се пронајде во професијата што ја бира за себе и со задоволство да работи. Но ако веќе си сфатила дека те влече друг факултет тогаш донеси одлука и префрли се на друг,само се надевам дека си сериозна во таа намера и свесна за обврските што повторно те чекаат и со нов факултет. Значи оправдувам промена на факултет ама со причина,а не како некои што псотојано менуваат и по неколку факултети зачто се нешто секаде им фали и не им е по ќеф,а уствари проблемот е во самите нив.
моја другарка беше на факс во Скопје на јазици....но,и се појавија проблеми со половината неможеше да оди да седи некој период откако заздраве и пак се врати во нормала на факс заглави на испит кај некоја професорка што несакала да ја пушти а девојчево старно мн учи...полагаше упорно уште 2-3 пати но залудно и затоа си реши си ги зема докуметите и си се запиша во штип и сеа си полага и положува и + полесно и е ....затоа доколку сметаш дека факс не те влече немој да се мислиш смени го и не го слушај нашиот прост народ....среќно !
Проблемот е во тоа што, ако го променам факултетот, целосно ќе си ја променам струката, а мислам и текот на животот. Многу фактори играат улога тука. Јас мислев дека сум го направила вистинскиот избор, но како што поминуваше времето на факултет (без разлика успони и падови, положувања и паѓања на испити, тоа не е битно, секаде го има и верувам дека на сите ни се случило), се случија и некои промени во законите и во системот и сфатив дека мојот факултет бара од мене многу повеќе од она што јас можам да го дадам, а за возврат нуди 6 години макотрпна работа, без можност да работиш во струката веднаш по звршувањето, туку за тоа се потребни уште 3. Во меѓувреме, работев на неколку различни проекти и работни места со пола работно време, чисто за да се испробам што и колку можам. Со сите овие работи кои што се случија и се испреплетија помеѓу себе, сфатив дека не можам повеќе да останам на мојот факултет и дека едноставно, не е вреден. Ни една плата во подоцнежните години од животот нема да ми го врати изгубеното време, нерви и здравје. Ова е факултет кој премногу ограничува, а јас не сум таква личност која сака да живее во толку тесни граници. А да не почнувам за тоа колку животот во главниот град е поскап и колку повеќе финансии треба да вложам за да стигнам до ниво кога ќе може да ми се враќа, а во тоа воопшто не сум сигурна. И да, да бидеш на место каде што не сакаш и да го правиш тоа што не сакаш ја уништува самодовербата и ја крши личноста. Јас веќе подолго време се чувствувам ужасно. Мојот дечко мисли и дека запаѓам во депресија......
девојко ич не мисли се..бидејки подоцна стварно може да паднеш во депресија..ако сега не застанеш на нозе и да пордолжиш цел живот ке ти е мака...и ке си го упропастиш..што, сакаш да работиш како продавачка?или па во текстилна индустрија по 12 саати и да земаш 8000плата? упиши го факултетот што ти е по желба и не си играј со судбината..остави и родители и се нека зборат..они не ке живеат уместо тебе
Цело ова што сега го напиша, ќе им го кажеш на твоите родители. Ќе поразговарате како здрави и совесни особи, полни со разбирање... Значи проблемот е во тоа, ја менуваш професијата. На профилчето како што гледам имаш 20 години, ако не се лажам Па млада си уште, ништо страшно. Менувај го и ич око да не ти трепне. Утре нема да има мама, тато, сама на себе ќе си бидеш оставена, сама ќе треба да успеваш понатаму во животот, семејство треба да градиш, да гледаш... и сакаш да си ја преговараш испуштената шанса цел живот? Посебно кога ќе имаш дечиња и кога ќе се почувствуваш бедно оти ќе немаш да му дадеш по 100 ден (што се вика). Терај си таму во животот, се што мислиш дека ќе ти донеси успех, реализирај го
Chocolate cigarettes пиши на кој факултет си и на кој сакаш да се префрлиш. Јас се имам префрлано и можам да кажам дека воопшто не е срамота да се направи такво нешто. Никогаш не е доцна да се пронајдеш себеси...што сакаш да учиш и вистински те интересира. Јас незнам што ќе се случеше со мене да не се префрлев...тоа беше депресија невидена. И моите родители реагираа бурно, но им помина за кратко време. Само мора да бидеш одлучна и цврсто да стоиш на ставот дека несакаш повеќе да одиш на тој факултет. Поздравче
Јас сум запишана на медицина и го имам истиот проблем како тебе. Сакам да се отпишам од овој факултет. Им кажав дома за ситуацијата и никој не ме подржа, дури ни дечко ми... Јас сум крајно депресивна. Не можам да се натерам да учам. Порано мислев дека воа е факултетот на кој сакам да се запишам, но некако веќе не сум сигурна дали сакам да останам. Секој ден ми е се потешко, не можам да се натерам да станам насабајле и да отидам. Свесна сум дека направив грешка и им кажав дека сакам да ја поправам, но ми рекоа чим сум почнала со ова да продолжам. Дури ми рекоа и дека се срамат од мене. Срамота е шо ќе кажат луѓето на тоа шо ја сум го променила факултетот. Глуп македонски менталитет. Мислам дека само кај нас одредени работи се сфаќаат толку трагично.... Сите вие сте во право. Ќе истраам и јас. Ќе се отпишам и доколку ми дозволат ќе гледам да почнам да студирам нешто шо повеќе ќе го сакам....
Дури и со огромни маки да го завршиш факултетот, нема да бидеш успешна во работата. Бидејќи нема да ја сакаш, нема да ја работиш со љубов. А поготово медицината... Не дозволувај нивните мислења да ти го уништат животот. Животот е еден и ти избираш како ќе го живееш. Дали поради недостаток на поддршка ќе се јадеш себеси цел живот или ќе превземеш нешто додека се уште можеш. И не ми е јасно што има врска ако го смениш факултетот? Што има срамота тука? Само гледаш да го направиш најдоброто за себе
Епа кога се запишав моите се пофалија, шо е нормално. И сега како они ќе објаснеле дека ја сум го променила факултетот. Покрај тоа премногу пари вложиле во моето образование. Ја ги разбирам нив, но они никако да ме разберат мене. Џабе учам, кога едноставно сметам дека воа беше грешка, дека требаше да се запишам на друго место. На најблиските роднини им ја соопштив одлуката за они да ми помогнат да ги убедам мама и тато, па ќе видиме. Ја сакам да бидам среќна, а не депресивна
Нема потреба да се замараш со тоа што ќе кажат другите. Не си ни прва ни последна која откако се запишала на факултет сфатила дека не се пронаоѓа во истиот. Јас мислам дека е многу подобро грешката да ја исправиш сега и да се запишеш на нешто што ќе го сакаш, отколку да изгубиш 6 години на медицина што воопшто не се малку, и на крај да работиш нешто во што не се пронаоѓаш. А и не сфаќам што е срамота тука, битно заврши си нешто што сакаш да го работиш, а не заради мислењето на другите да си го упропастиш животот, бидејќи навистина станува збор за нешто кое многу ќе ти влијае во иднина.
Девојки и јас да прашам нешто? Постое ли можност да се префрлам од еден смер во друг (на истиот факултет) за време на вториот семестар или морам да чекам до октомври? Ве молам ако знае некој, оние на студентски ништо не ми одговорија премногу биле зафатени со пријавите и немале време за тоа да се оптеретуваат
девојки јас сакам да се префрлам на друг факултет на економски сум сакам на правен тоа сакав да студирам или царина но подоцна сватив дека правниот факулет е за мене ќе се запрашате па што барала оваа на економски тоа беше желбата на моите родители колку плачев на почетокот ноќи не спиев го мразам тој факултет го мразам сега имам храброст да направам таков чекор ако треба светот да се струши не ми е гајле што велите вие ?сакам да знам дали некој ми дава поддршка и какво е вашето мислење
Нормално дека имаш поддршка, доколку се работи за одлука која ТЕБЕ те исполнува. А за родителите, нормално е и тие да си имаат однапред испланирано што сакаат од нивните деца, но на крај, ќе не’ прифатат какви и да сме, зашто сепак ни се родители, нели? Само напред со оваа твоја желба, и среќно.
благодарам знам дека ќе успеам оти тоа е вистински јас што го сакам многу работи згрешив смо да му угодам на моите родители но во ова нема знам дека ќе се разочараат ама неможам да издржам со сила да одам некаде каде што неможам да се замислам душата ме боли кога ќе помислам на прокоцканите години но не се откажувам никогаш не е доцна
Убаво кажано, никогаш не е. Многу поголем проблем кај нас е да се најде волјата за учење, а не каде да се студира. Така што, не грешиш никаде. А твоите, колку и да се разочараат, замисли си колку ќе се горди кога по 4 години студирање ќе им покажеш диплома за иден правник, и кога ќе успееш со тоа во животот? Само бори се за она што ти следи, и не потклекнувај.