1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на факултетот

Дискусија во 'Образование' започната од ChocolateCigarettes, 19 ноември 2010.

  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки и јас сакам да го променам факултетот. И моите беа бесни кога им го кажав тоа. Јас сум на државен факултет и сакам да се префрлам на приватен, разислувам за Фон.
    Ако знае некој да ми објасни како оди сето тоа. Треба само да појдам и да си ги земам документите или има некоја друга постапка? Не знам дали ќе можам сега да се префрлам или пак од септември да почнам, не можам веќе, како што велите кога немаш волја се е џабе :( Ве молам да ми објасните окулу ова и што мислите за фон, ми требаат информации
     
  2. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    ако не си се пронаоѓаш себеси во таа струка и не можеш да се видиш во иднина да ја работиш таа работа, слободно промени си го факултетот. Не си единствената што направила погрешен избор, ретко кој на свои 18 години знае што сака да биде во животот и е цврсто уверен во тоа. Еве еден конкретен пример, еден мој другар на времето се запишал на електро и после неколку положени испити сватил дека не е тоа-тоа што го исполнува. Се запишал на правен факултет, го завршил и денеска е мн успешен и баран адвокат. А твоите не ги оправдувам што не ти дозволуваат да се префрлиш само поради тоа што е срамота, добро они живеат за тебе или за другите????
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Jас одам на правен во септември го сменувам факсот, ако треба земјата нека се руши. Тоа е што сакам јас и моите ќе скренат, ама не можам нивните желби да ги исполнувам, а јас да тонам не.
    Јас одам на Правен Битола, а за фон не знам, јас од септември го фаќам патот :hai:
     
  4. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    јас сум на приватен и сакам да се префрлам на државниот на ист смер, од причина што овде некако сумљива ми е ситуацијата за мојот смер, мислам дека не им е продолжена акредитацијата! е сега испитите се скоро исти,(има некој плус минус испит,некои ги имав полагано во 1ва година а на државниот се во трета, некои од трета кај нас ги имаат во прва)) сега сум втора сакам да продолжам од 3-та година, тие што не сум ги полагала треба да ги полагам или?? како оди таа работа?се стретнал некој со овој проблем??
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки јас се записав на паралелно студирање за тоа знаеше само мајками ни одобри ни рече не арно ама сега кога дозна таткоми куќата од темел се крена од викање незнам како да објаснам како да постапам со него неможи едноставно да се разговара со него совет?
     
  6. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Сакам да се префрлам!

    Прва година сум на Факултетот за Туризам, но уште пред да се запишам се двоумев помеѓу овој и Ветерина.Кога започнав да учам се здружив со колега од медицина кој што истовремено учи и кај мене и ми кажа дека за водич немора цел факултет, туку се зимале некој испити.Сега сакам да знам дали некој знае за факултетот за ветерина знам само дека се учи 5 години, дали ќе треба од почеток да учам или ќе ме префрлат, дали е добар факултет за работа, иако ќе полагам и на туризам и дали некој се има префрлано или учено паралелно?
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сакам да се префрлам!

    Испити се признаваат само ако се учени истите предмети, пример одиш од Јустинијан Први поточно од правниот факултет на ФОН Универзитетот на тамошниот правен факултет и бидејки програмите се слични се признаваат предметите кои си ги учела веќе на државниот.
    А во случајов станува збор за апсолутно различни факултети.
    Ветерина е 5 ипол години, поточно 11 семестри. Воопшто не е лесен факултетот бидејки и е дел од медицинскиот факултет, тоа е медицина за животни.
    А да учиш медицина напоредно со друг факултет е претешко. Си бара вложување, си бара редовност, мора да одиш на часови и вежби не е зафрканција бидејки ако пропуштиш некој час на туризам теоријата дома ќе ја научиш, а во медицината мора да се слушаат вежбите и предавањата.
    Така да размисли си убаво. А и воопшто не е лесен ветерината како факултет, дури еден од најтешките, провери си ја програмата ќе видиш колку тешки предмети има.
    Ако навистина ја сакаш ветерината оди си на ветерина. Сепак ќе мора да чекаш уписи и да се запишеш повторно од нула да почнеш, сега им се почнати предавања од втор семестар.
    А ако не си спремна за толку учење, толку труд, најмалку 6 години учење, па може и потоа специјализација итн тогаш продолжи си туризам. Јас не разбирам да учиш да бидеш доктор а и да учиш туризам. Веќе кога учиш за доктор целосно вложи се во тоа.
    Затоа најдобро е да размислиш и избери си само еден факултет кој го сакаш од овие два.
    А за работа секој со своја среќа има државни и приватни ветеринарни станици каде доктори се добродојдени. Али и со туризам имаш отворени врати. А факултетот за туризам ти е многу многу полесен факултет и многу побрзо ќе го завршиш.
    Убаво размисли кои ти се амбициите и до кај сакаш да вложуваш во образованието.
     
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Сум за промена на факултетот ако навистина имаш проблеми, не наоѓаш задоволство во тоа што го учиш, ако не те исполнува. Единствено што не ми е јасно, без навреда ако се пронајде некој, е како може да студираш 3 години на некој факултет и да ти текне дека не си за таму |( Па што си размислувал кога си се запишувал :!: И што сега, залудно трошење време и пари на тој факултет, што не можеш да ги вратиш.
    Затоа сум многу против мешање на родителите во образованието на детето. И сум за внимателно одбирање на факултетот кој го студираш, претходно распрашување, запознавање со предметите, увидување на тоа дали сакаш, можеш, да го студираш тоа и слично.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас сум за промена...на пример јас уште од самиот старт во прво одд. каснев една генерација. тргнав со 7години и 9 месеци....и фактички кога требаше да бидам прва факултет јас бев матурантка.
    Е сега, учев право 4 години,и запишав правен на Јус.Први. но од хх причини заминав од тој факултет.

    И запишав ТБЛ на Г.Делчев во СК
    Е сегааа ме фати маката. Кај една година каснев школски од старт па и овде една испуштена...офф срце ме боли. Сега дури почнувам прва година а во јануари полнам 21 ;( но што да правам,времето неможам да го вратам....сакам да речам секој има право на грешка, некој од финансии неможе да издржи,некој од хх други причини. Така да секогаш треба да се даде втора шанса за се,па дури и за факултетот.
     
  10. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Ме интерсира ако има некој што студира историја да ми пише во лп дали е тешко ,што како , што се учи . :)
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^колешке и ти ли ќе бегаш од таму :|
     
  12. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Jа обожавам историјата ..желба ми беше да студирам или историја или право ..до последен момент за запишување се мислев ..сега за сега не планирам ама не ја исклучувам можноста ..сакам само да се информирам .. :) сите ми велеаа дека со историја дека тешко се наоѓало работа ..демек со правен ќе најдам .Врие од правници 600 души во генерација . Јас сакам за меѓународно право ама додека да стигнам до таму ... душата ќе ја оставам .. На нет најдов нешто , се негативни мислења скоро испаднаа за историјава :^) ..
     
  13. HoNeY93

    HoNeY93 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    можна ли е промена на факултетот уште во прв или втор семестар или мора да чекам да помине една година за да почнам во септември :)
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    не е можна промена на факултетот на сред година ,на сред семестар или пак после сите уписи сега незнам на кој факултет сакаш и дали ќе дозволат ама еве лично на правниот факултет кај мене неможи така,моја колешка сакаше истото ова да го направи лани после сите уписи и само ја шетаја по тавани беше и во Ректоратот на универзитетот молби барања ова она,џабе све дури и се јавија после нова година ако сака да се запиши и да приложи документ зошто во дадениот рок не се запишала или пак во вашиот заеднички случај не го променила факултетот,не и се исплаќање да се запише на сред година нормално и плус каков док.да приложи?и се запиша оваа година во првиот уписен рок и влезе во државна квота,сепак прашај на факултет ама не ми се верува искрено :hai:
     
  15. HoNeY93

    HoNeY93 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    И мене не ми се верува ама пак да си прашам да не има некој исклучок, фала :)
     
  16. HoNeY93

    HoNeY93 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Девојки каква била таа можност за преместување на друг факултет во текот на овие 10 дена?
     
  17. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558

    Јас колку што знам заврши тоа,ама мислам дека мораш да имаш положени испити за да се префрлиш, значи не може си се запишала прва година и после една недела да се смениш. Мора да имаш веќе завршено прва година.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    зошто не си прашаш дирекно на факултет јас незнам зошто си го губиш тука времето тоа не ми е јасно оди на факултет и прашај годината веќе започна ако ти се исплаќа да плаќаш уште една партиципација незнам тоа ти си знаеш,но сите рокови се поминати јас колку што слушнав на вестите во понеделникот беше последниот рок да се прерфрлиш или запишеш на др.факултет но сепак оди таму и дирекно прашајси...
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Прв пат ја гледам темава, а си мислев дека само јас сакам да го променам факултетот.
    Ме мачи, ме измачува психички, најчесто кога доаѓа сесија , мене ме мава депресија, не можам да јадам, не ми се спие...
    Вака кога ќе прочитав и други искуства малку ме охрабривте..Цело време мислам дека вината е во мене , дека јас сум размазена, се окривувам самата себе.
    Не го сакам тоа што го учам, кога доаѓаат предмеи кои неемат никаква поврзаност со струката, а знаеме дека секаде ги има, јас со задоволство си ги учам, а се друго ми е мачење.

    Сакам да се запишам на факултет во мојот град, ако најдам работа и да се вработам, имам завршено средно стручно, па да не ги теретам повеќе моите.
    Кога нешто ќе им спомнам, прават некои кисели фаци, па ме демотивираат. Единствена подршка е дечко ми, кој пак некогаш знае да каже ајде учи да дипломираш, па да се земеме.

    И секоја сесија иста песна, се по демотивирана, се по незадоволна...
     
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Еве имаш поддршка и од мене. Зошто да продолжиш да правиш нешто што те унесреќува? Животот е твој, а дали треба на крајот да сфатиш дека си била несреќна само за да им удоволиш на останатите? Знам дека ти е глупо бидејќи сопствените родители не те поддржуваат, но на крај нема каде да одат, така да знаат. Кога ќе го промениш, евентуално ќе прифатат. Па и не е крај на светот.
    Едно да знаеш, кога ќе го избереш тоа што го сакаш, нема да работиш до крајот на животот :)
     
    На duffi и Elena69221 им се допаѓа ова.