Здраво девојки и јас прв пат ја гледам темава и сакам да прашам во врска со промената на факултетот.Прва година сум и се запишав на правен факултет во Скопје но проблемот е во тоа што нејкам да студирам во Скопје(избрзав со одлуката и се запишав во Скопје но сега се предомислуваам) и сакам да се префрлам во Штип исто на правен.Е сега бидејки веке помина и втор уписен рок а и запишав веке семестар се ми е платено па ме интересира ке може ли втор семестар да запишамво Штип или ке мора да чекам цела година и доколку може има ли некои процедури за испишување од Скопје и се плака ли нешто за да се испишам и да се префрлам во Штип?
^Е како можи бе девојче прв семестар на еден факултет а 2 семестар на друг?тоа не е возможно, за да се преместиш на друг факултет треба документите да си ги земиш од овај каде што си запишана и да се запишиш на другиот ти требат и дукументи и све да си земиш логично....
Според мене е многу подобро да се промени факултетот уште при првата година доколку увидите дека сте погрешиле. Една година не ви менува ништо. Оно по 10 пати се мажат и женат што се вика, вие за еден факултет толку се замарате. Мада, ова може да има и една негативна страна, а тоа се парите! Стварно е скапо без оглед на тоа во која квота си и би било стварно жално да се даваат залудно пари. Но, подобро така отколку да учите нешто што не ви е по ќејф.
Јас од медицина сакам на сосема трет.Медицината ја сакам ама немам овде перспектива.2 година сум и сакам да работам и учам во мојот град а не далеку и одвај пари собирам а и плус други трошоци и сум со кофинансирање.Не ме поддржуваат да се откажам.Имам можност во странство да живеам,и заедно со дечкото да си обезбедиме убав живот.Имам и диплома за мед.сестра.Ама не морало доктор.Јас го сакам тоа, но еве имам други шанси за надвор од земјава.Дечко ми не ме притиска за ништо,тој ме поддржува што и да одлучам.Не знам што да правам.Од дома се запнале доктор дечко да си најдиш, глупости.Не ми се верува што сакаат да ми направат со такви муабети.Срамота.
здр Дечки се отпишав од факултет пред некој ден и сега се предомислив сакам повторно да се запишам на истиот редовен студент бев во државна квота на угд дали некок знае доколку повторно се запишам на истиот дали повторно ке бидам во државна квота
Кога се отпиша? Се зависи дали твоето место е веќе доделено на друг/а. Затоа делувај итно, оди у понеделник, барај го продеканот за настава и објасни дека си направила грешка и сл. Ако не е таму, зборувај со секретарот.