Промени во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 16 декември 2020.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.300
    Пол:
    Женски
    https://sitel.com.mk/se-ukinuva-predmetot-istorija-vo-osnovno-obrazovanie

    Што е со ова па?
    Искрено глупи ги направија децава денеска. Се нешто им кратат, па уште и во основно. Гледам во средно на мојот смер што беше, многу предмети тргнале, им олесниле премногу. А, не ни беше ни тешко, добро да ете у средно медицинско може историја, бизнис не требаше да се учи, но зошто стручни предмети тргнале не ми беше јасно, место да зголемат фонд на часови биологија, фалеше тоа на пример. Ич не ми се допаѓа ова што го прават.

    И на матура исто сакаат да им кратат предмети. Абе немој, ние 4 предмети што имавме нешто попаметни бевме од нив?
    Не сакам ни ја матура, но не може ни толку да се толерираат денеска децава, па ништо не знаат после. Ние бевме меѓу последните генерации ако не и последна што колку толку нешто учеше бар. Не викам не, имаше секакви што не учеа, но за матура се тресевме со месеци спремајќи се и учејќи. Да имаше приемен исто ќе беше.
    Премногу е ова, утре овие деца нема да знаат ништо. Уште во основно ако не ги научат на ништо, касно е после во средно и на факултет.
     
    На piglet1, Idedemja, Freyja и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Страв ме фаќа за иднинава у државава...
     
    На piglet1, Idedemja, Bitter-Sweet и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.477
    Допаѓања:
    38.113
    Пол:
    Женски
    Може па и не е лошо да се воведат вакви реформи.
    Факт е дека често се учат непотребни работи, подобро помалку квантитативно, а поквалитетно распределен материјал и време.
    Ако добро се изведе оваа замисла може и да е попродуктивно.
     
    На daylight, Idedemja, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.194
    Пол:
    Женски
    Многу лошо пренесуваат порталиве. А уште не се знае баш убаво каков ќе биде концептот ама се утепаа од рекла-казала луѓево по социјалните мрежи.
    Да почекаме па ќе видиме.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.300
    Пол:
    Женски
    Сепак мислам дека во основно треба да си учат се, а во средните нека прават реформи. Во основно добиваме темел за понатамошно образование, најдобро е таму да се учи се од секоја област.
    А и не верувам кај нас да изведат нешто како што треба...
     
    На piglet1, Idedemja, Moon.Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Најверојатно ќе го зголемат бројот на часеви. На пр. Ако ја спојат биологија со хемија и физика, наместо 2 часа хемија и 2 часа физика да стават по 3 пати, вкупно 6 часа. :^)
    Како и да е, лошо...
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    26.674
    @Kitten @Dream-Girl @Angie1432
    Јас ја гледав преска на вести Царовска.
    Историја, географија ќе се едно.
    Биологија, хемија, физика ќе едно.
    Не сакам да замислам колку наставници ќе останат без работа. Како може професор што завршил географија да предава историја.
    Како ќе одат на натпревари ученици што ги бива пример биологија, а физика не.
    Глупост е реформата искрено.
     
    На Veta, piglet1, Idedemja и 22 други им се допаѓа ова.
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    И граѓанско образование ќе се укинело, мислам дека точно слушнав. :^)
    И професорите по граѓанско што ќе предаваат? :?:
     
    На GirlRose, sierra и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.327
    Ова за основно?
    Како бе жити све биолог физика ќе предава... или обратно?
    А на факултетите посебно си се учат овие науки.
     
    На Idedemja, GoodGirl45, dayla и 4 други им се допаѓа ова.
  10. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    3.473
    Пол:
    Женски
    А да стаат смерови уште од шесто нема да биде лошо.
     
    На mode-kristina и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  11. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно која е допирната точка на историја со географија?
    Ајде биологија има поврзаност и со хемија и со физика, но сепак во основно она што се учеше по биологија беа општи, поедноставни работи, без мешање на хемија и физика.
    Браво за одлуката да се полага матура ама ова со спојувањево на предмети е баш без врска.
    На толку предмети пак глупав народ има, а замислете сега кога ќе ги спојат предметиве што ќе биде.
    Не ќе се знае кој од кого е поглуп.
     
    На Idedemja, mode-kristina, raww и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.838
    Допаѓања:
    6.379
    Пол:
    Женски
    Како посебно растур направивме, па сега споени да се.
    Децата не знаат кај се наоѓаат градовите, реките, планините... во државава (да не чепкам карта на свет), карта не знаат да читаат, уште комбинирано со историја.
    Историја можам да се сложам дека има премногу детали на кои се ослонуваме, а има поинтересни работи од историјата кои можат да се учат. Нека направат ревизија на учебниците и нека ги исфрлат ситниците.
    А физика, биологија и хемија ама НИКАКО да не се соединат, тогаш ќе биде ХАОС. Тогаш тупи за цел живот ќе останат децата. Бидејќи вака споени од никој предмет ништо нема да научат.
     
    На Idedemja, GoodGirl45, BeYourself и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.477
    Допаѓања:
    38.113
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме, мене искрено како концепт не ми е толку одбивно, од причина што мислам дека многу подобра слика за науките( и за природните и за општествените) би се добила ако тоа што се изучува се разгледува со ваков пристап од повеќе страни, а не сами ограничено од еден агол.
    Не верувам дека ќе бидат баш измешани, сигурно ќе има концепт и ќе се учат појави, процеси, настани итн. само од аспект на биологија/хемија/физика или од апсект на граѓанско со историја, на пример.
    Сепак треба да се имплементира, да помине време, па да видиме резултати...
     
    Последна измена од модератор: 19 декември 2020
  14. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Јас пре би ги извадила ликовно, музичко и иновации не го историја... без мисла ми е некако(facepalm)
     
    На edna_malecka, tinka-mace и noteforself им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.477
    Допаѓања:
    38.113
    Пол:
    Женски
    Зошто?
    Многу се потценуваат уметностите, за жал, премногу.

    Нема да се избрише предметот, нема да прекинат да се учат историски настани, туку ќе се учи со поинаков концепт, нешто како интердисциплинарен метод.Јас така разбрав.
    Искрено, време беше да се поттикне носење на реформи во образованиево.
     
    На Idedemja, theowndemon, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    11.112
    Пол:
    Машки
    Ова со предметиве сега ќе биде хаос. Не ја разбирам потребата од соединување на предмети, особено несродни како историја и географија. Претпоставувам дека ќе следи и солидно кратење на содржината со цел да се избегне потенцијалната неадекватност на кадарот да го предава предметот. Во замена за биологија, хемија и физика, ќе се воведе нешто од типот на "природни науки", шо сметам дека е гола вода во споредба со изучување на претходните предмети одделно.

    Забележвам дека се прават доста промени во образованието, притоа ме интересира колку наставниците, професорите и останатиот стручен кадар се консултирани во однос на овие промени. Години наназад образованието во државава е на климави нозе, многу несигурни одлуки и новитети, учениците божем експериментални глувци се. Навистина не знам шо треба да се случи за да МОН и остали се свестат дека образованието и науката ТОНАТ. Меѓутоа не ги окривувам само нив, иако доминираат во ситуацијава, кривица гледам и во наставниот кадар шо никаде, ама апсолутно никаде го нема да излезе и да даде коментар, да се побуни, да протестира. Сите си ќутат, божем им одговара.

    Исто така, разочаран сум од нивната спретност и желба да научат нова технологија, соодветно да се справат со предизвиците кои произлегуваат од пандемијата. Еве татко ми е наставник во средно училиште, значи 80% од наставниците, вклучувајќи го и него не знаат како функционира microsoft teams, ниту пак се заинтересирани да научат. Од наредна година ќе имаат и нова платформа, па повторно истите циркузи од почеток. За професорите од факултет и да не зборам, РЕЗИЛ! Туѓ срам ме јади кога ќе се уклучам на предавање.

    За крај, хаосот шо настана со веста за воведување на сексуално образование, ниту ме изненади, ниту ме разочара, туку уште еднаш ме врати во реалноста за тоа каде живеам. :|
    Не знам кои се тие "ЗАДНИ НАМЕРИ" за кои зборуваат по социјалните мрежи од професори на ПМФ, до д-р Митов, до Петкана од Кривогаштани. Кои се тие намери шо би се коселе со христијанските принципи и "традиционалното" воспитување?! СПБ? Контрацепција? Дајте ако не, да нема сексуално образование па нека учат децата the hard way.
     
    На Idedemja, BeYourself, Celltica и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Lollipop_123

    Lollipop_123 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Затоа што уметностите можеш и вон училиште да ги изведуваш.. пример да свириш некој инструмент, да црташ, да одиш на хор итн. Па ако толку те интересира тоа да се насочиш во средно образование со одбирање на соодветно стручно школо.
    Историја како предмет сметам дека треба да стои и да се изучува, но нека се измени програмата. Мое лично мислење е дека дете кое учи во школо што се вика Гоце Делчев да не знае кој бил и што правел и за што е важен тој... мислам поголема мизерија нема. Или ќе слушне од дедо му како се живеело во Југославија и да не знае кои земји ја сочинувале и како се формирала, како се распаднала итн.. 11ти октомври државен празник и сеа детево да се чуди заш дента не оди во школо што толку се празнува. Некако безмислено ми е, барем ова е моето мислење и мојот став.:)
     
    На forumce, noteforself, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    34.527
    Пол:
    Женски
    Секоја промена во образованието е подобра од ова што го имаме сега. Особено па ако се работи за растеретување на учениците од учење на непотребни работи. Уште на времето јас кога учев, се учеа навистина непотребни работи и истите се повторуваа еднаш во основно, па потоа истото во средно, така што не гледам потреба два пати истите работи да се учат. За сегашното образование немам искуство од прва рака (ќерка ми е прваче) ама внуците гледам што и колку учат и искрено коса ми се крева.
    Количината на материјал за учење не значи по автоматизам попаметни деца. Видовме од досегашните искуства. Добар дел од основците во средно доаѓаат неписмени, а неретко и на факултет се запишуваат такви и завршуваат, па и магистрираат, што е трагедија. Треба да се фокусира образованието на основните работи (затоа нели е основно) и фокусот пред се да се стави на мајчиниот јазик, граматика, правопис. Страшно е ова што се слчува со децата.
    Во врска за спојувањето на предмети, немам некое мислење за сега, оти нема точни и прецизни информации за истото, можеби подоцна ќе се произнесам околу оваа тематика. Што се однесува до тоа како би предавале професорите вакви споени предмети, јас кога учев (пред 20+ години) неретко ист професор предаваше географија и историја, биологија и хемија, физика и математика. Сега не знам како е.

    Наслушнав дека можеби ќе се враќа домаќинство и ОТП. Ова е за поздрав, иако наиде на потсмев од многумина, особено домаќинството :^)
    Некој спомена дека требало да се скратат ликовно и музичко. Тотално непродуктивно. Место да се насочуваат децата и да им се пружат можности во областите кои ги интересираат, повторно се оди со закоравеното мислење и практика да се форсираат „важните„ предмети, а оние другите се запоставуваат. Не може сите да бидеме математичари, физичари итн. Ни требаат и уметници, музичари :nod:
     
    На dayla, theowndemon, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.574
    Допаѓања:
    240.081
    Идејата е добра, реформата ветува и резултатите ќе се видат за 2-3 години.
    Ќе се скратат предметите всушност ќе се спојат, а ќе се фокусираат на престојот на учиниците во училиште кој ќе биде по 5 часа и тоа работни, не школски, за од 1 до 5 то одделение, а од 6 то по 6 часа. Ќе се намали на кванитетот.
    Реформа мора, промени мора. Не дочекувајте се на нож, на тоа работат повеќе лица и стручњаци, а наиде на позитивни ставови од стручните соработници во училиштата.
    Децата се неписмени. Образованието е катастрофа.
    Остајте вие како сте учеле, видете како сега учат.
     
    Последна измена од модератор: 19 декември 2020
    На Ambrosia, Kitten, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Многу интересни комбинации се вадат од биологија, хемија и физика, како на пример: биофизика, биохемија, физичка хемија, клеточна биохемија, молекуларна биологија со генетика.
    Леле леле, какви деца генијалци ќе имаме.
    Само со основно завршено магистри ќе бидат.
    Блазе си ни. :inlove:

    За спојот на географија и историја ќе ве молам искористете ја креативноста.
    Си бил еднаш Гоце Делчев и многу јадел ориз кој инаку на територијата на денешна Маќедоња најмногу го има во градот Кочани. :D
     
    На Idedemja, LadyLollypop, T.e.d.d.y и 19 други им се допаѓа ова.