Според мене, добар потег. Ако изреагираат од финското мин. за образование, и бараат објаснување од "нашите" дали се злоупотребува нивниот модел кај нас или не.
Јасно е на каде оди ова, наставник ментор наслушнав дека ќе воведувале, кои ќе бидат тие, најмногу шо лижеле по партија или најмногу статуси напишани за лидерот/нашата земја? Друго, спојување на историја и географија, ќе дојде лекција за периодот 1939-1945, дај ќе спомнивме дека имало војна, спомни нешто Германија и Хитлер, другиот дел ќе им предаваме за прашуми и тундри и клима на Мадагаскар. Мене лично не ми пречи сексуално образование, но ова со спојувањето...има наставници кои имале часови хемија и физика по 2 3 пати неделно, кога ќе се спојат предметите не може со ист фонд да останат. Што да прават тие? Среќа последна година му е на татко ми и оди во пензија. Можеш некои изборни плус да им додадеш, но не да кратиш и да додаваш глупости, а да кратиш на физика, хемија, биологија. Излегува ако сам не бараш материјали после часови дека ќе бидеш глуп и без логика Вака воведи им мултикултура, може ќе тонат со знаење ама бар не можат никого да навредат
Зошто да нема јавна расправа за образованието? За реформи во образование, за темелот на секоја индивидуа, мора да има расправа. И покрај официјалните ставови на сите релевантни институции според кои најавената концепција не е добра, а реформи треба да има, мора јавно и исцрпно да се објасни секој сегмент и дел од новиот концепт. Сите имаме деца, внуци на училиште, а и сите знаеме дека образованието е најбитната инвестиција за детето! Зошто ароганцијата на министерката да биде пречка која ни оневозможува да ги чуеме стручните мислења на професорите, наставниците и учителите?! *Зошто нема ниту еден нормален аргумент затоа не сака јавна дебата?!
Што мислите за новиот концепт за основно образование.Воведување на сексуално образование ,јога дрнд ,денс и т.н. Јас мислам катастрофа е новиот концепт без дискусија
Само со сексуалното образование се согласувам, другото се е живи диви глупости. Но ако го стават уште од основно нека биде ограничено зошто сепак премногу е за дете од 11 години да знае како хомосекуалците имаат односи.
Де кажи што мислиш дека се учи на сексуално образование? Не мислиш дека е важно да знаат за семејно планирање, за репродуктивно здравје, за спречување несакана бременост, за да не мора децава од порничи да се информираат за тоа како секс треба да изгледа? Некад мислам дека зборот секс со разврат го поврзувате. Олабај се нема да учат за разврат. Баш мислам дека образование во оваа сфера ќе придонесе за здрав сексуален живот кај тинејџериве, многу повеќе отколку "на улица" да учат. За другиве промени не можам да коментирам не сум видела што се е сменето.
Да де, затоа на форум после ќе прашуваат дали ќе затруднат ако голтнат сперма(а ова го имам слушнато и во живо од цела 21 годишна девојка) или со срам ќе прашуваат за секоја развојна промена што им се случува.Нормална едукација е, нема да им предаваат за секс пози.Не знам зошто на некого би му сметало децата да ја знаат биологијата, болестите, заштитата од непланирана бременост итн.
Дали некој знае да ми каже дали може да се користат телефони за решавање на наставно ливче преку тимс сега кога сме со физичко присуство? Или ако имате број од советник за образование ве молам споделете.
Телефони не се дозволени во образование. Тој што го носи не смее ни да помисли да го извади од џеб за време на часови.