Јас искрено не гледна како реформата би им помогнала на учениците. Ќе ги пратат во средно без да разликуваат физика од хемија и биологија? Викаат оделе во средно неписмени, па продолжувале такви и на факс. Вака пописмени ќе отидат или со уште поголеми дупки во знаењето кои ќе мора да ги пополнат во средно? Се се плашам дека до прва ќе извади нашето образование и антиваксери, и рамноземци и креационисти.
И сега имаат природни науки. Ќе ги изучуваат како целина, мислам дека се уште се работи на програмата, баш ќе видеме како ќе ги усогласат содржините. Сега ова што го учат е катастрофа. Децата се неписмени.
Врска неам и јас како ќе помогне. Останува допрва да видиме дали ќе има бенефит или не. Дека неписмени се запишуваат и завршуваат факс па дури и магистрираат и докторираат не е новост. За жал практика е во нашава држава. Голема работа дека ќе „знаат„ што е физика, а што историја, кога не знаат граматика и правопис. Џабе им се сите силни дипломи и „знаења„ од останатие предмети кога се неписмени. И на математика треба посериозно да се обрне внимание. Јас ги вежбав внуците кога беа петто или шесто одделение, се уште не знаеја да разликуваат множење од делење и практичната примена на истите, ама битно равенки, дропки итн „учеа„ ВеМеРо заедно со крвникот ТодорОФФ го доведоа образованието на дното, сега МилиЧКА што ќе направи ќе видиме. Дали е политика или не, не можам да знам. Навистина сакам некој од дијаспорциве да сподели искуство како е формулирано образованието во другите држави. Ете @Bridget може да ни каже како е во Имачка? Историја имаат ли? Се им се врти околу историјата или како е? Исто @green.eyes сакам, ако може, да сподели доколку има информации како е во Шведска? Ова особено ме интересира бидејќи им се восхитувам на скандинавските држави. Настрана политичките муабети и партиските подбуцнувања. Ако решат дека ќе менуваат работи, тоа е меѓусебно договорено. Исто како што беше и со името. Или вие верувате поинаку?
Природни научи учат од прво до шесто. Во самиот учебник пишува дали темата е од физика, хемија, биологија. Од седмо се разделуваат на три. Веројатно некој таков план имаат и за ова , не ми е баш јасно ни мене. Моето дете е 5одд и баш сега учеа за војните (балканска, светска) за цар Самоил и слично. Не сакам да верувам дека ќе ги тргнат најбитните работи од учебниците по историја. А тоа дека децата не сакат да учат, не им е интересно е факт. Јас лично сум задоволна од онлајн наставава, гледам дека кое дете сака да учи баш се труди , работи. Оние кои не сакаат , не знам стварно зошто не им се учи. Да не знаеш да менуваш глаголи, да не знаеш да најдеш придавка и ред други работи за мене се срамота и тоа му трубам и на син ми. Може влијае и врз нив системов никаков , партиските вработувања и слично. Гледаат дека тие баш што не учат стануваат газди , директори а другиве на каса или во странство. Зборам за поголеми деца. А за сетоа тоа има голема вина општеството и оние кои образиванието го направија партиски штаб. (Не знам дали има вработен наставник (во поново време)без книшка.
@An-na Зошто ти се информации за Германија и Шведска? Да се утешиш дека можеби има нивниот образовен систем некаква сличност со реформите и дека сте на прав пат? Уште не ти се јасни огромните разлики и дека споредбите ќе немаат смисла? И престани да збориш -Бриџит во Имачка да не почнам јас со кој од каде е и зошто е.
Знам дека е катастрофа, ама мислам првично потекнува проблемот од подолните одделенија. Тоа што се случува од прво до петто е катастрофа, учат глупости од лошо преведени учебници кои не се на нивно ниво. Зошто додатно да ги отупуваат понатаму? Куќа се гради од темелот, не од кровот. Џабе ќе ги менуваат предметите во погорните години, ако не ја средат основата. Пак ќе имаме студенти кои ни цела азбука не ја знаат. Да, тоа има.. или студенти што не знаат 20% од 500 да пресметаат.
Природни науки учат од прво одделение. Колку што разбрав, баш школски психолог ми објаснуваше, реформа ќе почне од 1 и од 6 одд, значи ќе има измени и во прво. Како ќе биде се уште нема точна програма. Ќе видеме.
И биологија, хемија и физика ќе комбинираат? Љеље, љељенце. Да ми е да знам само од каде доаѓаат фикс идеиве, за да знам кој да исмевам. И така гротото по генерации беше доста неписмено, веќе нема зошто некој да се очекува да биде писмен. Има некој што планира иднина во Македонија? Не? Добро.
Па ова ти што го напиша не е поврзано со тоа јас што го напишав, токму тоа нагласив, нема да се избрише предметот како предмет, ќе се учи историја, ама на друг начин. Инаку, уметности се битни за развивање на креативноста и слично, не е поентата цело образование да се сведе на бубање теорија. Реков, ќе видиме, сега е рано да се носат заклучоци.
Ќе бидат покреативни. На пример, прашање на тест/матура: Ако јаболкото е овошно растение, како хемискиот состав директно им помага на гравитационите сили да ја центрираат главата на Њутон?
Ам ти од Имачка си нели? Не знам зошто се лутиш? И прашањето го поставив без скриена намера, навистина ме интересираше. И не за да се тешам, тешко дека било каква споредба може да ме утеши... само можеби би можеле да го тргнеме превезот од комунистичкото размислување и начинот на образование од тоа време кој се уште ни се сервира и му се восхитуваме.
Како може да ги интегрираат предметите Билогија, Физика, Хемија и Географија во еден наставен предмет со само 5 наставни часа? Зошто Музичко и Ликовно ги сведуваат од предмети на модули само во едно полугодие? Зошто вториот странски јазик оди како други јазици во изборни предмети? Поради албанскиот јазик нели? Од кога Историјата е општествена наука заедно со Граѓанско образование и Географија? И во финската програма постои Историја како водечки предмет со социјални студии од 3-то до 9-то оддделение. Некој кој нема ниту еден ден стаж во настава е најмалку компетентен да зборува за образование!
Од ова што гледам, во деветто ќе имаат 28 часа, поделено на 5, ќе му дојде 2 дена по 5 часа, 3 дена по 6. И ова е многу според мене, оти тука се задолжителни предмети, а каде се останатите. Значи пак ќе имаат по 7 часа? А сега по колку часа имаат Физика, Географија итн? И зошто некој што не е во образование не е компетентен да зборува? Па, некои имаме деца во образование, други се се уште ученици/студенти. Зошто сметаш дека ти си покомпетентна од мене? Зошто на пример не се сослушаат сите страни, па да се донесе некакво решение прифатливо за сите? Или ние ништо не знаеме?
Се додека министер не држел дневник во рака,не подготвувал план за наставен час,тематско и годишно распределение, не држел час,не се соочил со атмосфера и менаџмент во училница,нештата за жал ќе бидат вакви! Размислува ли некој за последиците, односно за потенцијалната појава на не адекватни кадри,.? Многу убаво, нека предава музичко професорот по ликовно, а историчарот нека предава географија...
Претходно напоменав, во мое време неретко професор по географија предаваше и историја, биологија и хемија, физика и математика. Сега не знам дали е така. Не знам навистина како го имаат ова замислено. Ова се прашања на кои треба одговор. Да се надеваме дека работите ќе станат појасни во иднина Инаку, министер ич нема потреба да држи дневник во рака, ниту пак да има практично искуство со настава, ама затоа треба да има советници од различни области. И... да се согледаат сите гледишта... на родителите, на наставниците и на учениците. Рано е да се каже било што. Јас само сум среќна што се гледа крајот на глупавиот Кембриџ т.е не е глупав Кембриџот, туку нашата интерпретација на истиот. И се надевам дека ова нема да биде чекор кој ќе не води уште подолу И не ми одговори на прашањето: сега по колку часа неделно Географија, Историја, Биологија итн. имаат учениците од деветто одделение?
Кога бев средно таа по музичко предаваше и физика. Како и зошто не знам. 2004матурантка бев. Од ученик со сите можни бодови на тестови и желба за задачи по физика јас во средно не научив ништо. За приватни часови немав можност. Можеби и ден денес се прават вакви „компензации" за да вработуваат само нивни "кадри"
Навистина нема потреба од муабети „во мое време“. Вашето време е било пред 10 години па и повеќе и нема смисла да го ставате во муабетов пошто нема додирна точка со сегашноста. Јас завршив пред 6 години основно па не можам да кажувам корелации со сега. Времињата се менуваат.