Сеуште ништо не се знае дефинитивно. Оваа "реформа" треба да помине мислам, па да се имплементира. Не разбирам, кој наставник ќе предава Природни науки,а кој Општествени? Не може еден ист и хемија,физика,биологија... И токму заради фактот што никој со години не ги прашува или консултира наставниците дојдовме до ова дно во образованието. Сите нерелевантни и несоодветни се консултираат и одлучуваат, а тие/ние кои сте/сме директно запознаени (и ги живееме, и чувствуваме) со сите слабости, недостатоци на нашиот образовен систем никој ниту нè прашува, ниту нè консултира. Ние сме си на ignore, уште малку и delete. И многу ме интересира кои се тие "напредни европски земји" кои го користат ваквиот концепт на образование. Уништи го образованието, ќе ја уништиш и државата. Три столба на една држава: Образование, Здравство и Судство. Ова е мизерија.
Оф топик, ама професорка од средно (околу 54 год имаше тогаш ) ја сретнав в автобус и повторуваше лекција за прв час да ја предава, затоа ве молам со приказните дека било страшно проф по географија да предава историја, демек експертите во едно поле како ќе се пренасочат. За +20 год стаж во сон треба да ја рецитираш лекцијата за прв час. Тешко на исклучоците наставници, и нив ги тепа системот како и учениците. Ова со тргање историја е ептен ама ептен безвеза. Сите предмети се ок, не е ок начинот на споведување. Можат да се намалат, модифицираат, да не се трупаат децата со глупости, повеќе цртање, повеќе часови во природа, пливање нека воведат. Ама кога ќе спомнат фински систем, а ти текнува дека за северна збориме, дал да се смееш ил да плачеш.
Ок, и кој ќе предава? Историја се учи на еден факултет, географија на друг. Биологија, хемија и физика си имаат посебни смерови, секој си има наставна насока. Има комбинирани биологија-хемија и ми се чини хемија- физика ама не е толку детално како за во специфичните наставни насоки. Знам имаше еден предмет природни науки во 5то се учи ама тоа се ептен општи работи. И јас имав професор што ми предаваше хемија и физика ама завршил комбинирано.
Предава, и ден денес во помалите градови. И физичар предава математика, и обатно. И хемичар биологија, и обратно.
По твојата логика и историја можеш да учиш вон училиште. Имаш интернет, енциклопедии, документарни филмови, нека те носат родителите по историски места. Образованието е бесплатно, а приватни часови по музика и цртање се плаќаат. Секое дете има право на бесплатно образование, а не да плаќа дополнителни часови при веќе постоечки школи. На многу деца уметностите им одат, уживаат во музика и во цртање. Ај да ги скратиме, кај што секако на ниедно дете не му е по кејф одењето во школо, тогаш па ич нема да му се оди. Никаде во светов не постои место кај што биле тргнати уметностите само затоа што можеш и приватно да ги учиш. И математика има приватни школи, ај да ја тргниме и нејзе.
Тоа и јас погоре се прашував. Значи 2-3професори ќе има на час од споените предмети?! . Овие од себе ли си поаѓаат дека се глупи па и ние.
Има такви сличаеви каде одреден наставник/професор нема целосен фонд на часови, па ги потполнува со други предмети. Според мене, тоа е погрешно. Реформава е сосем друга приказна.
А и географија е и каде каде природна наука. Што општествено има во тектонски плочи, вулкани, реки, планини итн?
Ама значи сепак може. Тоа сакав да кажам. Можат да намалат и фонд на часови за наставници, а платата да остане иста.
Веројатно таквите работи ќе се изучува во природни науки, а социо- економските делови во предметот за Општествени. Веројатно затоа ја има во двете комбинации.
А место да има вакви збрки кое шо каде треба да се учи, ја викам да си остават како што е. Можат да подобрат содржината за секој предмет одделно.
Може, ако ти дозволи и одобри директорот, за да земаш цела плата нареден месец. Ако сака министерица да го подобри образованието, нека почне од Кембриџот, кој е тотална утка. Физика, Хемија и Биологија ги осакатија децата со оскудни знаења со Кембриџот а сега неколку предмети во еден е многу лошо решение Има и други начини, како што ги спомена погоре, но очигледно тука за друго станува збор.
Нема да биде буквално вака. Нема некој што предава физика да треба да предава билогија и сл. Концептот звучи збунувачки но ќе има разграничувања, пак секој наставник ќе си предава свој предмет. И никој нема да изгуби работа. Инаку го слушав состанокот во живо со министерката. Но за саат време состанок премногу детали не добивме. Сега само ќе се разработува концептот па ќе видиме како им е замислено. Јас сум со неутрален став, за прв пат не сум негативна кон Мон. Али живи били па видели.
Каков народ - таква држава. И ова е малку, ама ајде. За историјата со актуелната ситуација со Бугарија и Грција пред година професорка од друга држава проба да нè пецне сите. Погодете што? Сите молчеа, освен мене. Мене ми скрати бодови од активност само зошто не си молчев.
Треба да поттикнуваме креативно мислење кај децата, а не да кратиме јер можат да прат надвор од училиште. Предметите како шо се сега се со причина. Математика толку шо се учи па ич не е дека на пазар или во секојдневен живот ќе ни се најди туку е поќе за поттик на логично резонирање. Песнички во прво одделение се за поттик на меморија. Ликовно е за поттик на креативно мислење. А, креативното мислење е доста важно и се имплементира во сите останати предмети. Не е училиштето само учење факти. Дури и да ме прашаш, не се поттикнува доволно креативно мислење во основните училишта денес. Сакав да дочитам темата па да дам мислење, за разлика од кога друг пат коментирам, ама сепак морав дур памтам да пишам горе така да ќе пишам сега шо мислам за темата општо. Дур се помали децата, рано основно, има корист предметите да се споени. Да се споени како општествени науки и како природни науки. Да се видат како целина и од поќе агли како се поврзани. Ова ќе биди како припрема за постепено делење на предметите. Зависно како планират да е изведена програмата мислам дека е неминовно предметите да се одделат другата половина од основно. Читав ќе укинеле граѓанско. Ако историја влегва под предмет општествени науки, тука влегува и граѓанско. А, во поглед средно. Гимназиско образование е разновидно образование и не мислам дека вакви спојки се потребни. За разлика од тоа стручните училишта немаат потреба од толку детален преглед во некои општи предмети и би имале корист од пошироки предмети како општествени науки и/ли природни науки. Јас учев медицинско, првите две години имав историја, ликовно, музичко, граѓанско, информатика, физика и слично. Многу полесно за сите ќе беше да имав помалку предмети, особено втора година кога имав два дена пракса и три дена за сите останати предмети. А, имав бааѓи стручни. Нормално дека не можам да имам предмет природни науки зошто сите засебно седеа ради нивната детална важност, ама многу полесно ќе ми беше место историја, граѓанско да имав општествени науки во едно, па дури и "креативно катче" место ликовно и музичко. Јас сум дури и да се додат предмети ако со спојкава се ослободи место. И мислам конкретно на два: сексуално образование од најрана возраст до крај на средно и вештини на живеење. За првиот предмет во поќе наврати имам зборано детално, зато ќе пишам за вториот само. Сме имале овој предмет како една година во основно, не знам дали уште го има. Се учеше плетење (???), и готвење ситници. Мојата "реформа" за предметот е да го има поќе години и да е сменет. Да се учат практични работи, особено во средно. Како се плаќаат сметки. Видови кредити. Готвење. Чистење. Планирање на финансии. Па, ете да не е засебен предмет тука можи да влези и учење за нутриција и здрава чинија ( гледам од аспект, колку долго можиш да учиш како се плаќат сметки лол, неколку лекции за се друго и остатокот нешто шо ќе работи на здравјето на детето од корен, али ова можи да се спој и со физичко образование. Физичко не треба да е само за вежби и спорт туку и треба да има значаен нутритивен аспект и барем јас дур учев овој дел беше целосно занемарен ама во секој случај нутриција како нешто важно шо треба да учиме мора да се приспој на некој од овие два предмети). Пошто овие работи ги учиме од дома, и некои не учат поќе/ помалку од други. А, колку би било убо сите да имаме знаење за светот кој во иднина ќе ни стани секојдневие. Овој предмет го сметам важен за средно, кон крај на средно. Реформата не мора да е лоша по дифолт ама се плашам како ќе биди изведена. Ова се шо пишав е на база на претпоставка. Следен пат ќе коментирам кога ќе бидат презентирани поќе информации зошто ќе можи да се добие подобра слика за замислата на спојкиве.
Како што тргнало... возот тргна. Македонија ќе ја избришат од историја,понатака од мапа. Децата ќе станат полуписмени,од паметна раја ќе ги направат прости. Ќе испадне дека Лондон е главен град на Норвешка. Ќе незнаат една мапа рачно да користат без да користат уред. За Александар Македонски да не зборуваме. И така.
Јас да се надоврзам на она дека ќе се враќаат Домаќинство и ОТП, јас би да вратам и ОНО, општонародна одбрана. Да знаат да разликуваат кризна од вонредна состојба, зашто се виде сега со пандемијава дека појма немаат од основни работи луѓево. А за новава реформа, рано е да се зборува се е сега само на идеа, не знаеме како ќе фунционира, ама за да имаме Фински модел на образование, треба да име и Фински опремени училишта, а не да имаме школи кои немаат ни грееење. Македонија не е само Скопје. Одете во помалите градови, да ги видите училиштата на што личат. немаат основни средства за учење, реформи ќе правеле.. Вратете тоа пред Кембриџ глупоста и нека научат децава нешто.