Промени во образованието

Discussion in 'Образование' started by Dream-Girl, Dec 16, 2020.

  1. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Joined:
    Feb 26, 2016
    Messages:
    1,322
    Likes Received:
    11,338
    Gender:
    Male
    Па и не е битно Лондон чив главен град е, не е битно Бетовен дали е куче или композитор, не е битно дали Александар е македонец или грк, дали Гоце е бугарин, дали германски и англиски јазик се два различни. На крај не е битно да учиш за да ти биде полн џебот, нели еве гледаме денес кој е со полни џебови. Дреин бреин, секретари џенерали, знаме на Латвија го ставаат како знаме на Австрија.....
    Што ќе ни е ликовно музичко?!?
    Па ликовно и музичко не се природни науки. Тоа се духовни предмети. Не се тоа креативни предмети зошто не секој од нас може да е сликар или пејач. Но може да научи кои биле најголемите сликари и композитори низ историјата, зошто творел, зошто вредат нивните духовни дела и зошто нивните држави се гордеат со таквите автори. Па основи на сликарство и музика во Македонија. Ја гарантирам 99% тука незнаат кои се основоположниците на модерното сликарство во Македонија. Ликови кои цел свет ги знае а ние појма немаме, ама нели небитно, битно џепчето полно кеш да е.
    Историја и географија науки што единствено реално се судираат во однос на настанокот на земјата и животинскиот свет на неа, барем во однос на основните начела на двете науки. Па и за тоа има посебни науки ама ете произлезени од историјата и географијата.
    Не само што не треба да се укине, јас би ја надградил историјата како предмет барем по она што можам да го видам во учебникот по Историја. Нафрлани податоци, каша попара, сега и тоа ќе го редуцираат. Шо би рекол син ми, среќа професорот ни е човек што знае да ни привлече внимание на сите без да отвориме учебник и да ни раскаже многу повеќе од тоа што го има во учебникот.
    На децата им треба образование во училиштата. Надвор од нив децата може да си бидат деца, да играат да спортуваат, да одат на играорна на хипхоп да се надградуваат со курсеви од јазици, математика, информатика итн итн.
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    7,137
    Likes Received:
    37,963
    Gender:
    Female
    Абре супер... Историја, Географија, Физика, Хемија, итн... се тоа е многу, многу битно. Особено Историја. Така се чува идентитетот. Да, да. Тоа што 80% се неписмени и не го знаат јазикот, правописот и граматиката, нема врска. Битно Историја да знаеме и тоа дека Аце е наш. Тоа е важно, така се чува идентитет, јазикот е небитен.

    Што се однесува до интегрираните предмети... Децава и сега имаат интегрирани предмети (оние до 5 одд) И според мене ова е во ред пристап, особено за помалите дечиња. За оние во погорните одделенија не знам дали е практично од образовен аспект, а и од логистички. Како ќе се одвива наставата со наставниците? Сега имаме посебно наставници по Географија, Историја... не знам колку се потковани и едуцирани да ги предаваат двата предмета истовремено? Или можеби ќе има повеќе наставници за еден предмет? Многу прашалници :?:
     
    Last edited by a moderator: Dec 19, 2020
    edna_malecka, Glowy, Ahoy and 2 others like this.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    8,078
    Likes Received:
    42,837
    Gender:
    Female
    Пола и повеќе од децата(и основци и средношколци) не знаат да кажат зошто одбележуваме и празнуваме одредени датуми, мислам стварно многу се изнаучиле историја до сега. :wasntme:
     
  4. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Joined:
    Jun 14, 2019
    Messages:
    2,177
    Likes Received:
    5,397
    Gender:
    Female
    Можеби би изгледало нешто слично на ова: Сестра ми е средно медицинско, и јас завршив пред две години. Кога јас бев прва година, имав два башка предмети - башка аматомија и башка физиологија. Е сега, сестра ми има еден предмет - анатомија и физиологија, по кој што добива една оценка. Наместо да има 3 часа анатомија пример, и 2 физиологија, таа има 5 часа од тој “заедничкиот” предмет, и учи буквално од истите книги што учев и јас, со тоа што им предава три часа делот и книгата анатомија, два часа физиологија. Можеби би било по овој концепт, делот од географија би го предавал проф. по географија, исто и историја итн.
     
    edna_malecka and Kitten like this.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    21,330
    Likes Received:
    197,789
    Кога бев основно, имавме премет ЗПО (запознавање со природата и општеството). Супер предмет, омилен ми беше:D Друго, учителките со средно педагошко или учителско ни беа. А видете сега колку сум нај-преумна:makeup:.
     
    Idedemja, edna_malecka and Mantub like this.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,943
    Стара си ти, си заборавила дека после се делат :D
     
    Biljarkata likes this.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,335
    Па ондак која би била поентата да се спојат ако пак се предаваат посебно?

    Туку во Финска има ли во школите сапун и тоалетна во вецињата? Ако има, да ставиме и ние, ако не, да не се трошат за џабе
     
    Idedemja, Glowy, Ева33 and 2 others like this.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,484
    Likes Received:
    60,282
    Gender:
    Female
    Катастрофа. Ќе го доуништат и онака разнишаното образование.
    Не знам децата досега како учеа, ама јас сум од последните генерации осмолетка и убаво паметам дека до трето одделение имавме предмет "Природа и општество", а потоа во четврто одделение се делеше на посебен предмет "Природа" и посебен "Општество" како вовед за понатаму.

    Нема никаква поента да се спојуваат предметите. Сите предмети се битни за секој да се пронајде во нешто и во иднина секој да го работи она за кое е компетентен.
    Ништо нема да се постигне со копирање на европски модели кога немаме сопствен.
     
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2020
    Messages:
    3,682
    Likes Received:
    9,517
    Gender:
    Male
    Е сега нас не дрнаа шо учиме наставни факултети. В година 0 студенти ќе имате на наставните смерови. Ало, кај се видело 3 смерови да конкурираат за едно работно место? Боже сачувај
     
    Last edited by a moderator: Dec 19, 2020
    edna_malecka and BlackNight like this.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    21,330
    Likes Received:
    197,789
    upload_2020-12-17_13-8-39.png
    Загреота:(
     
    dayla, Idedemja, edna_malecka and 5 others like this.
  11. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Joined:
    Sep 3, 2016
    Messages:
    2,417
    Likes Received:
    34,779
    Gender:
    Female
    Да кажам зошто мислам дека реформава ќе биде лоша.

    Јас сум една од генерациите на форумов која учеше по стара програма, со сите предмети (со учебници не по Кембриџ систем).
    Конкретно за основно нема да кажам дека не бевме оптеретени со по 12-13 предмети од 5-8 одделение.
    Лично мене ми беше честопати напорно да се посветам на толку нешта, а воедно бев преуморна кога одев и на спортување, јазик, инструмент како воншколски активности кои ми будеа интерес. А всушност токму овие активности се најважни, бидејќи тоа значи дека детето самото си ги пронаоѓа интересите и се насочува за можеби идната/идните професија/професии.

    Она што беше најголем проблем не се предметите сами по себе, туку обемот на материјалот, начинот на негово предавање, (не)заинтересираноста на професорите со ретки исклучоци и фондот на часови.

    Во книгите беа опфатени и толку небитни детали, што еве искрено да ви кажам историја го хејтав како предмет баш поради тоа што само беа нафрлани години и настани без врска. Мислењето ми се промени во средно кога ни беше предавано и барано најважното, па така остануваше време и за по некоја дискусија професор - ученици што всушност сметам дека е и поентата на училиштето. Географија исто знам дека имаше многу бројки за население, па проценти некои за други податоци, а сето тоа е менливо и апсолутно ирелевантно за некој кој нема да се насочи кон тоа како струка.

    Нема да ми верувате, ама на историја (основно) наставничката се случуваше да ни заспие на час (буквално).
    Се доцнеше на часови редовно по 10-15 минути, за потоа да се протрча низ лекцијата.
    Ученици беа праќани да завршат некоја лична обврска на наставникот.

    Фондот на часови беше ужасно „адаптиран“ за деца на таа возраст.
    Од 5-то одделение нагоре се сеќавам дека секогаш имавме по минимум шест часа, а најчесто и седум.
    Сите со траење од 45 минути од кои едвај 25 се употребуваа ефективно, останатите чисто за губење концентрација во исчекување професорот да се појави на час и да запише отсутни. На крајот на неделата изморени и со многу малку научено на самите часови, па си правиш распоред за викенд како да завршиш барем половина од предметите за да постигнеш другото во текот на идната седмица.

    Она што сметам дека може да ни го подобри образованието е ослободување на учебниците од помалку важните детали и оставање на поголема слобода за професорите преку дискусија да ги поттикнат учениците да прашуваат, истражуваат, искажуваат став и на тој начин да стекнат критичко размислување.
    Потоа сериозно прочешлување на знаењето и пристапот на образовниот кадар, со тестирања и ненајавени посети на часови од комисии од страна, како и консултација со учениците за нивните искуства со нив.
    Последно, давање простор за поголема креативност кај децата, нивно охрабрување за учества во изложби, претстави, хор, натпревари, дебати, изведување експерименти, посета на музеи/локалитети/градови споменати во учебниците.
     
    Last edited: Dec 17, 2020
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    3,753
    Likes Received:
    6,768
    Ау, колку не се согласувам со реформава. Сосема океј си беше како порано што имавме во првите четири одделенија прво Природа и општество, па после се одделија предметите и од петто па натаму си имавме биологија, историја, географија итн. Јас на пример обожавав биологија и доста сакав одредени делови од историја и географија. И доколку правеа некои спојки сметам дека само површно ќе се поминуваше преку сите овие науки и немаше ништо подлабински убаво да се научи. За тој што сака да учи, нели, зошто тој што не сака нема да учи дали имало одделни или споени предмети.

    Тука се крева и прашањето колку наставниците се стручни да предаваат историја и географија заедно или биологија, хемија и физика зошто секој си е остручен само за едно од овие, освен ако не учеле интердисциплинарно но и тогаш нема да бидат доволно навлезени и во двете материи.

    Понатаму, ние толку сакаме да експериментираме со странски системи на учење, а првенствено основата не ни е поставена, најосновни работи фалат, почнувајќи од хигиена и греење во училиштата, квалитетен кадар и добри учебници, а можам да замислам каков хаос ќе настане на веќе лоши темели да се гради нешто. Децата најмногу ќе страдаат во тој процес, а верувам и наставниците, не дека на нив им паѓа лесно со сите безвезни промени што цело време се имплементираат.

    Друга работа, симптоматично ми е што оваа реформа се случува баш во екот на спорот со Бугарија, ама ич не ми изгледа случајно а и впрочем не ми е ни чудно да е тоа главната и најголема причина за се ова.

    Но, морам да кажам дека многу ми се допадна мислењето на @theowndemon за воведување на Вештини на живеење и Сексуално образование зошто јас самата кога прв пат се имам соочено со пополнување на уплатници и готвење најосновни работи не сум знаела, а моите дома цел ден биле цркнати од работење и немале ни кога да ми покажат некои работи. Сметам дека целта на образованието покрај учење на теорија е и практично да те подготви за животот во иднина зошто сите ние ќе треба еден ден да се соочиме со тие работи, па затоа би било убаво да се учат уште од петто, шесто одделение.
     
    Idedemja, edna_malecka, Glowy and 6 others like this.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,260
    Likes Received:
    39,710
    Gender:
    Female
    Реформа и те како е потребна, а за претстојнава, јас би да почекам за официјалниот модел на замислава па да дадам мислење.
    Знам за себе у основно, еве и сегашниве основци, зборам и за дечиња од прво до четврто одделение, од 5 дена у неделата, 4 дена имаат по 7 часа. Ранци, поголеми од самите нив, со книгите за предметите од тој ден, па доаќа систематски преглед и од 30 деца, 30 имаат проблеми со рбетниот столб. Туга.
    Бубање на памет и механичко меморизирање на информациите ништо добро не носат, па ете се надевам дека со новава реформа ќе се обрне внимание и на начинот, не само на формата.

    Кога ќе ми текне на предметот економска географија, кој патем сеуште се изучува и е меѓу задолжителните. Учебник од 2002, учевме колку овци броел Нов Зеланд, колку квадратни плантажи брои какаото у Јужна Америка, колку волна произведувала Австралија. Ебате ненормалните ебате.

    А да. И немојте со приказните нашите деца најобразовани, ќе ги затупат, американци ќе ги сторат. Едно е интелигенција друго е образование. Факт е дека имаме неписмена младина, за што сведочат бројни истражувања, и самите сведочиме низ х настани. На образовниот модел ќе да се должи, на ништо друго.
     
  14. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2020
    Messages:
    315
    Likes Received:
    532
    Gender:
    Male
    Сум за промени но не за вакви. Ова сега е хаос.
     
    Idedemja likes this.
  15. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Joined:
    Mar 7, 2020
    Messages:
    1,550
    Likes Received:
    6,585
    Gender:
    Female
    Леле хаос е оваа реформа. Дали стварно ќе се случи.,жално... И сите спијат уште треба сите да излезат на протести. Какво е тоа спојување на предмети. Мислите ли дека стварно ќе ја применат реформава или нема да ја изгласат?
     
    Idedemja likes this.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,698
    Likes Received:
    262,952
    Нема официјален став се уште.
    Се планира интегрирање на предмети.
    На пример во Општествени науки ќе има Историја, Географија ама она кој го опфаќа општествениот дел, за вулкани ќе се учи во прирпдниот дел кој ќе го покрива природни науки. И ќе се учи како целина, на пример македонски јазик се обработува еден период, истиот ќе се обработува и историја. Ќе бидат поврзани предметите.
    Нема да се крати ниту пак ќе се исфрла предмет туку ќе се реорганизира. Министерката убаво објасни, ама побитно е да се вадат работите од контекст. Засега предлогот е добар и ветува, но мора да се почека официјалната програма и секако реализацијата.
     
    Ahoy, theowndemon, boomsleng and 2 others like this.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,335
    Ама која е воопшто целта да се спојат природните на пример? Уште не видов некој да каже.
    Само се следело некаков модел.
    Зашто не си останат истите предмети, а за секој да се реорганизира што се учи?
    Тогаш зошто да не се спојат македонски и англиски во еден предмет рецимо?
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,698
    Likes Received:
    262,952
    Ќе се поврзуваат. Да оставеме, да почекаме официјална програма.
    Но за ова да се изведе, мора промена и во насоките на факултет, да ги спојат како предмети и така да се изучуваат во иднина.
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,570
    Gender:
    Female
    БРО: Ниеден наставник нема да остане без работа, напротив, ќе има потреба и од нови

    17 декември 2020

    Одговорно тврдиме дека ниту еден наставник во основното образование нема да остане без работа, уверуваат надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО), по низата реакции во јавноста дека со новиот концепт ќе се бркаат наставници од училиштата. Оттаму објаснуваат дека во изминатиот период работеле на новата концепција за основното образование, по увидивување на потребата за темелни реформи во образовниот процес.

    „БРО најавува дека предлог текстот на концепцијата ќе биде даден на јавна расправа и сите засегнати страни ќе може со свои предлози да учествуваат во подобрување на овој концепт. Имплементацијата е предвидено да отпочне од учебната 2021/22 година со учениците од прво и шесто одделение, по усогласување на концепцијата и наставните програми со сите релевантни чинители. По донесувањето на концепцијата ќе следи изработка на наставни програми за сите одделни наставни предмети. Овој процес, како и до сега, ќе биде транспарентен и инклузивен. Во него ќе учествуваат универзитетски професори и наставници од практиката кои заедно со претставници од Бирото, ќе ги развиваат наставните програми“, стои во соопштението од Бирото.

    Предлог-наставниот план, како што нагласуваат, предвидува изучување на нови интегрирани наставни предмети, но тоа не значи укинување на одделните научни дисциплини – историја, географија, граѓанско образование.

    „Напротив, тие ќе бидат изучувани преку нови пристапи што подразбираат интеграција и интердисциплинарно изучување прилагодено на возраста на учениците. При изработката на новиот наставен план и застепеноста на задолжителните и изборните предмети осбено внимание е посветено на ангажираност на постоечкиот наставен кадар, искористување на капацитетите со коишто располга секое училиште и одговорно тврдиме дека ниеден наставник нема да остане без работа. Наставниците ќе бидат ангажирани за реализација на наставата, а особено за креирање на сопствена листа на изборни предмети и за изработување наставни програми од интерес на учениците. Исто така, ќе бидат ангажирани во реализација на општествено-хуманитарната работа со учениците и воннаставните активности“, додаваат одговорните.

    Иако фондот на часови е намелен по одредени наставни предмети (музичко и ликовно образование), преку изборните предмети и воннаставните активности наставниицте кои ја изведуваат наставата ќе имаат дури и повеќе часови отколку што имале до сега.

    „Според анализите на БРО ќе има и потреба од ангажирање на нови наставници. Целото ангажирање на наставниците ќе биде вреднувано, како преку нивниот кариерен развој, така и преку зголемениот обем на работа (доколку се ангажирани за реализација на различни активности во училиштето). За сите новини, наставни програми, други активности ќе бидат подготвени нови учебници, наставни материјали и прирачници. Бирото за развој на образованието ќе им овозможи на наставниците континуирана обука и поддршка за планирањето, организирањето и реализацијата на наставата и сите предвидени активности во училиштето“, велат оттаму.

    БРО ги повикува сите наставници да ја дадат поддршката на предвидените реформи.

    „Само преку нови, креативни пристапи ќе успеееме заедно да дадеме нов квалитет на основното образование и да овозможиме нашите ученици да бидат среќни и задоволни во училиштето. Ние, како институција ќе ги вложиме сите напори да успее предвидената реформа, но очекуваме, како и до сега, посветеност, доверба и соработка од наставниците. Образованието мора да биде заеднички интерес на сите во државата, без оглед на етничката, верската, политичката, родовата или која било припадност. Да се обидеме интересот на децата и нивното задоволство од учењето и престојот во училиште да не поврзе и да работиме за доброто на сите ученици. Наставниците ја покажаа својата посветеност оваа година, кога во услови на здравствена криза, без многу време за посебни подготвоки, успеаа целата настава да ја водат од далечина, така што не се сомневаме во нивната успешност сега кога ќе ја добијат целосно поддршката од институциите за претстојната реформа. Институциите тоа го почитуваат, знаат да го вреднуваат и да работат на враќање на достоинството на наставничката професија“, сметаат во Бирото.
     
    g8lQQk and JuLleE like this.
  20. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Joined:
    Mar 7, 2020
    Messages:
    1,550
    Likes Received:
    6,585
    Gender:
    Female
    Уверуваат? Тие само кажуваат а се спротивно праваат. Си постоеле предметите и треба да постојат.Не треба да има никакво интегрирање, како си постојат хемија, физика, биологија на ПМФ а сега да ги интегрираат во едно!? Тоа е апсурдно, треба и учениците и професорите сите да ја блокираат оваа нова реформа.
     
    Idedemja and Ева33 like this.