Концептот е изгледан уште првиот ден. Катастрофа.... Опшествени науки историја и географија, исто и приросните науки.Зошто стидирале тие наставници? Што се труделе толку години на ПМФ? За некој да им го преименува предметот како сака? 5 часа има неделно природни науки а предаваат 5 наставника, како ќе ги поделат тие часа? По еден неделно, автоматски ќе им се намали фондот на часови, остајте таму што е дадено на таа презентација од Мила.....
Катастрофа... само да направат нешто демек фински модел уствари истото ти е само различно име и демек скратен фонд на часови.... жими 1-2 часа скратиле. Јас бев последната генерација што учеше по старата програма и не ме фати кембриџ. Многу бев задоволен од тие програми , буквално во 8мо учевме хемија формули/равенки веќе во 9то задачи и бевме потковани за средно. Сега со кембриџов е катастрофа , се учат небитни работи и после децата не мислеле критички и логички. Ах мојата чудесна земја... прва работа што треба да се направи е сите тие кембриџ ср**ња да се исфрлат и да се вратат старите програми кои колку толку покажуваа некаков резултат. А во врска со учењето на учениците , улога играат и наставниците а не само програмите. Поглупо нешто нема да им текне.
Точно! Така е ги затупија децата со тој кембриџ сега уште толку ќе ги направат паразити. Какво критичко размиалување со таква програма врска нема. Таа е целта да се уништи образованието, затоа треба да се кренат сите наставници и ученици.
Добро е да се знае историјата на еден народ, ама тие датуми кој што не тераа да ги учиме на памет, па ќе утнеш некоја бројка и 4ка ќе ти стават а не 5ка само заради една бројка што си утнал. Океј е да се учи историја, ама реално може да се вметне во некој друг предмет и да се учи она основното а не работи од типот, Александар Македонски умрел во 324 година пне се родил не знам таму кога и тоа мораше да го знаеш на памет, а на крај на лекцијата пишува дека тоа се информации непотврдени и мораш да знаеш дека го отруле и умрел во пештера, ама и тоа не е потврдено. Мислам океј е да знам основни работи за историјата на еден народ, општо за светот ама не да ме тераат да учам механички, и да учам работи кој што не се потврдени туку се од ваму таму...
Епа така е тоа некој ќе учи, ќе се тресе пред наставници, а некој од дома на прошетка ќе оди. Не дека јас учев кузнај колку, али строг наставник имав у основно, стрес си е стрес. А од друга страна криво ми е некои да си останат неписмени. А да бидеме реални, повеќето учат напамет за оценка. А не за да му биде збогатен речникот.
Баш со кембриџ програмава е скратен материјалот, само кај нас си стои традицијата наставниците да предадат колку да се каже а децата да научат на памет, па нормално ќе изгледа дека проблемот е во програмата, а не во нејзината имплементација, како што е реално.
Добар ден Финци. Додека се прават реформи во програмата, во меѓувреме условите во училиштата. Спојлер
Да, за жал таква е сликата низ многу училишта низ мк а тие ќе интегрирале предмети за греота, намести да гледаат да формираат нормални услови и да личи на училиште а не да немаат учениците каде да одат во вц. @нина122 тука не се скратуваат годините што сте ги учеле "напамет" туку се укинува предметот историја, таа е целта а заедно со тоа и физика, хемија и биологија се интегрира ви еден предмет. Никаде во светот не се укинуваат тие предмети.
Јас колку што сфатив, не се укинува Историја, туку се спојува со Географија и Граѓанско, што е според мене ок за подобро сфаќање на материјалот. Не гледам потреба 12 годишно дете да учи за државата на Австро- Унгарија и кога, каде и како тие ја добивале/ губеле својата територија и слично. АМА, има туку едно ама што го прават медиумите. Вака гледано, ако на овој начин се укинува предметот Историја, како што велите вие, и медиумите со своите уау наслови, тогаш се укинува и Биологија, Хемија и Физика, со оглед на тоа што и тие ќе се спојат во еден предмет. Но, не видовме наслови од типот: "ШОКАНТНО: СЕ УКИНУВА ПРЕДМЕТОТ БИОЛОГИЈА" "СКАНДАЛИЗНО: НЕМА ВЕЌЕ ДА СЕ ИЗУЧУВА ХЕМИЈА ВО УЧИЛИШТАТА" "НЕПРИФАТЛИВО- НАШИТЕ ДЕЦА ВЕЌЕ НЕМА ДА ЈА ИЗУЧУВААТ ФИЗИКАТА" Така?! Истото важи и за предметите Географија и Граѓанско, и тие се спојуваат со некои други науки. Патем, еве што вели министерката: ИНТЕРВЈУ со Царовска
Па спојување, да, така што дел од наставниците ќе останат без часови затоа што мораат да ја тргнат историјта. Ги прашал некој тие наставници како стидирале а сега да им го отргнуваат предметот и да го "спојуваат" да прават 3 во 1? Тие велат едно а на крајот излегува дека ќе е сосем трето. Да се спои предметот биологија во природни науки за да се воведе сексуално образование. Смешки.... Па и така во основно биологија се учи за оплодување. Да, треба да им се укаже на младите но тоа не треба да биде во училиштето како посебен предмет. Денешнава младина во се е упатена и се знае а и плус тие деца си имаат родители кои треба да ги поддучуваат на некои работи. Никаде во светот нема посебен предмет сексуално образование. И како што напишав во горенаведеното 5 часа ќе имаат учениците а 4 предмети се вметнуваат во едно. Ете тоа е тоа укинување на предмети и оставање на наставниците без работа.
Погледни го интервјуто што го споделив, ниту еден професор нема да ја загуби својата работа. Зошто верувате на рекла- казала муабети? Другото, како мислиш не е битно да се воведе сексуално образование како предмет и како тоа дека никаде не постои? Прогуглај ќе видиш. А и за важноста да тоа постои како предмет, само отвори во некоја од темите за секс проблеми на форумов, уверен сум дека ќе сфатиш зошто тој треба да постои како предмет. Биологијата, бидејќи ја спомна, е битна. Меѓутоа, не ја сака секој и нема потреба секој да знае каква е функцијата на ендоплазматичниот ретикулум во клетката, посебно не дете од 13- 14 години. Далеку е побитно истото тоа дете да знае дека не смее да има секс без кондом и кои се последиците од некористењето, а кои се придобивките на користењето. А многу, мнозината не се едуцирани на темава и прават така како што не треба. Нема да бараат практични вежби по предметот ако се воведе, не се грижете. Сепак, подобро да знае кога одреден крал дошол на власт во Австро- Унгарија, него ли да биде едуциран на тема сексуално здравје, нели.
Како прво ендоплазматичен ретикулум се изучува во 2ра година средно (бидејќи тоа го даде за пример) По Кембриџ се изучуваат и те како основни работи. А сега сакаат уште толку да ги уништат генерациите д бидат паразити. Какво критичко размислување какви глупости. Треба да се отворат лаборатории да има практична настава, нели го земала примерот од Финска? Прогуглај види како и кои предмети се изучуваат. Имам роднини таму знм како им функционира целиот образовен систем. Остај ти Царовска што збори на интервјуто гледај во реалноста што се дешава. Сакат да ја искорнат историјата тоа е договорот со Бугарија да нема историја да не постоеме како народ. Идните генерации да не си го знаат минатото. Во новите учебници да пишува дека Гоце бил бугарин.Знаеме сите што е целта ама молчиме. Btw си имаш свое мислење а и затоа е форумов да делиме мислења.
Не ми се допаѓаат измените,бидејќи најголем дел од проблемот во нашето образование е што имаме кадар кој не знае да пренесе знаење. Тука се потребни реформи. Наставник кој знае да пренесе,знаеше и со минатиот план,и со Кембриџ. Децата не се глупи. Историја нема зошто да се спојува со географијата.
Како бе не ви се битни границите на Австро-Унгарија? Па тоа е најбитното од поновата историја што треба да го знаете, за да ви биде јасно што се случува денес? Ако не знаете за Австроунгарија , ќе знаете зошто се слави 24 ти мај? Или заедно со словаците ќе го славите во јули? Што е тоа граѓанско не знам, еве ме, сосем солидна граѓанка сум и без да учам граѓанско. Тоа е некој предмет измислен по скрипта од фондација Сорос? Стварно, шо предмет е тоа и кој профил на професор го предава?
Во основно ми го предаваше наставникот по Историја. Во средно имав посебна професорка за Граѓанско. Не сум сигурна, ама мислам дека имаше Социологија завршено.
Да, ќе се менуваат. Ќе има учебник по предметот Опшествени науки во кој ќе им материјал од историја и географија. По предметот Природни науки за 7,8 и 9то одд.ќе има содржини од хемија, физика, биологија и дел од географија. Е тоа е тоа луѓенца мои, нашава чудесна земја....
Нас ни предаваше професорка по социологија. Тоа беше уствари вовед во социологија со мали примеси на основни правни работи, колку што се сеќавам.
Во историјата можеа да го вклучат "Класична култура на европската цивилизација". Наместо да се учи како посебен. -Етика, -граѓанско , -вовед во религии,(изб) -етика во религии.(изб) Ете ти спојување во едно. Ама измислени беа предмети за да се вработуваат куп партиски војници. Танц и ора имаа нашиве. Тотално губење време во школо, наместо изборен можеше да биде во склоп на физичко или музичко. Па "нашата татковина", вештини на живеење,......