Многу просто објасни министерката во денешното интервју за Сител, за сите да разбереме на кој начин оди спојувањето предмети. Дали има некакви прикриени намери променава не знам и не се замарам баш, ама од сите политичари само женава заслужува респект од мене затоа што сите промени кон подобро почнале баш од неа, барем презема иницијатива. Тргнувајќи од свое искуство во основно наидував на два проблеми: - губење премногу време за меморирање на факти кои нареден ден веќе ми беа заборавени; - тешкотии при поврзување информации од еден и друг предмет, никогаш нема да се сетиш да ги поврзиш, а со тоа и логички да ја сфатиш проблематиката, не само на памет. Е ова ќе се реши баш со новите промени. За изборните предмети, кога ги гледаме Америчките филмови верувам дека секој од вас посакал да има изборен предмет кој ќе ви претставува задоволство да го слушате. Еве сега ќе го има и тоа. Јас сакам уметност си бирам дополнителен час уметност, ти сакаш физичко, тој сака градинарство, таа сака предмет за личен развој. Теоретски како е замислено мене ми се допаѓа, само уште да го изведат. Кога ја слушав посакав да се вратам на училиште и да почнам се’ одново.
Јас постот го разбрав дека географијата треба да биде заедно со природните науки, наместо со историја и граѓанско. Со оглед на тоа што всушност така и се планира, географијата да биде дел од природните науки, постот нема смисла според мене. И како што кажа Ангел, географијата е поврзана и со историјата, па оттука и логично е географијата да биде дел и од историјата, со граѓанско. Географијата, покрај вулканите, релјефот и слично, што се поврзани со природните науки, изучува и распространетост на културите, јазиците, религиите и сл., што се поврзува со другата група, односно со општествените науки.
Реформи во образованието дека се неопходни не е спорно. Спорен е начинот на кој тие ќе се спроведат. Образовните реформи не трпат избрзување. Кој е тој наставник кој ќе биде доволно стручен да предава различни предмети споени во еден? Или како се замислува во практика тоа да се спроведува? Во носењето на одлуки неопходно е да бидат вклучени наставници од основното и средното образование,а не да бидат исклучени од тој процес, ниту пак да дознаваат или се информираат од портали. Обуки, семинари, консултации, работилници и сл. треба да започнат на време. Гледате дека фамозната Национална платформа воопшто не функционира, џабе пари фрлени, кога сите се префрлени онлајн преку Тимс. Има милион други начини за подобро и поквалитетно образование. Ова сега што сакаат да го наметнат е комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците!
Колку што разбрав, пример за практична примена на новиот модел ќе има следнава недела. Исто, мислам дека денес беше оддржан состанок помеѓу министерката и наставници, го има и онлајн. Не знам за што се зборувало, вечерва ќе го гледам. Оф- топик, но бидејќи спомна. Како не функционира НП? Пријатели, со деца во основно, а особено во средно образование баш се задоволни од тоа како тече наставата. Предавањата се преку Тимс да, ама добар дел од наставниците сите задолженија (домашни задачи, наставен материјал, тестови/ квизови) ги организирале преку Платформата. Пак ќе речам, немам директно искуство, ова е споделено од неколку познаници при разговор.
Да не се правиме мутави те молам. Се знае зошто си прават разни комбинации, пред се со ИСТОРИЈАТА! Само не знам кого замајуваат? Edit: Зборам за платформата со која требаше да започнеме со настава на 1 Октомври. Сега најголем дел се држи настава преку Тимс(барем во ГВ е така) но првичната замисла не беше таква.
Ако по предметот историја остават да се изучува Македонската историја, па дури и не детално како сега, туку некои најбитни датуми, херои локации, а се отфрлат некои непотребни податоци кои, освен на некои што сака да се насочи кон таква наука, нема воопшто да му служат (тука зборувам за историја на, на пример, Стариот исток, пример во која година Персијците го нападнале Египет или кога Вавилонците не знам што направиле, затоа што од тоа еве ни ден денес немам никаква корист, ниту го знам искрено). Од Мила како Министер за ОН имам големи очекувања, како и што ќе направи ќе видиме во периодот што следи. Она што сега можам да го кажам е дека ми изгледа заинтересирана за позицијата која ја работи. Заев не би да го мешам, нема поента. За Платформата, можеби, ти си во образование и сигурно знаеш повеќе од мене. Во Ресен, од муабети, можам да кажам дека и професорите, но и учениците и родителите се задоволни и од тоа како се изведува наставата, а и од оценувањето. Да не одиме веќе оф- топик. На темава, бидејќи министерката спомна дека сакаат да воведат модел сличен на IB програмата, еве како таа изгледа:
Отиде образованието во земјава во неповрат Искрено сакам да верувам во добронамерноста на презентираниот концепт, но сега за сега ништо добро не можам да видам освен моментот потреба од вработување нови партиски војничиња за овие потреби. Избрзана рамка, немање соодветно едуциран кадар и прекратко време на обука за трансформација на образовниот процес, мислам од наставник-ментор ќе се станувало наставник-советник, независно од компетиции на наставник си треба соодветна долгогодишна едукација за ваков напредок, не само едно полугодие да се мери колку и дали напреднал од тој до тој степен. Избрзано, недоволно дефинирани цели и задачи или некои зацртани цели кои се неостварливи за такво кратко време, а пред се треба минимум деценија да помине за да се согледаат ефектите од овој експеримент. Но ова не е единствен обид за некакви ''промени'' во образовноит процес, на времето министерка за образование Софија Тодорова направи експериментална паралелка во една видна гимназија која мислам после 2 генерации згасна со катастрофални финални резултати, така да ништо ново додека СДСМ е на власт и дрма во овој ресор, конкретно во ова министерство.
Историја да укинеш или сведеш на минимум( 10 лекции во цела година) во основно образование е чекор кон лоботомирање на младите генерации. Само за да удоволат на комшиите, станавме земја без историја. Во среде идентитетски спор со Бугарија, они ќе прават реформи во образование и ќе го укинуваат предметот. Од сите потребни реформи во образованието и фаличната имплементација на Кембриџ, нашиве ќе почнеле со историјата. Која случајност... Додека има училишта со полски вециња и протечени кровови, сеуште нема учебници по некои предмети, нема основни хигиенски средства, и ред други работи, не може да се разговара за фински или било кој друг модел на образование. Основните и средните училишта не смее да се претворат во концепт на сорос невладина.
Како да држела кога е по професија социјален работник, реално растур направи во Министерство за труд и социјала па сега да го досреди образованието Ај што не е квалификувана во денешното интервју на Сител вели ова не е моја идеја туку на 13 души од министерство, она била само лидер, извини лидер со колку стаж во образование? Сепак кога беше министерка во друг ресор шала на страна спроведе убави реформи и мислам дека најисправно ќе беше да ја назначат пак таму да има континуитет во реформите, не вака насекаде распределија неквалификуван кадар и бараат реформи и измени преку ноќ. Немам ништо лично против министерката баш сметам дека има многу потенцијал во доменот за кој е едуцирана, образование е преголем залак за неа со оглед на немање соодветно искуство.
Тоа е груба злоупотреба на позицијата професор, си требала да пријавиш кај продекан за настава под итно, ако станува збор за ситуација на факултет. Срамота е лични гледишта особено од професори со странско потекло кои претпоставувам не се засгнати ( не е родена ни в Грција или Бугарија) да се наметнуваат како услов за добивање поени. Можело да се дискутира подолго и пошироко со сите а не да ви наметнува личен став и да минусира поени по лична желба.
@Idedemja никогаш не сум си премолчувала на неправди и така веќе си имав проблеми со факултетот доволно. Но не од што не сум учела. Се запрепастив како функционира високото образование.
Ок, се согласувам. Само да додадам нешто. Додека наставниците, професирите, односно просветните работници ни се ултра про макс политички настроени и речиси сè гледаат низ очилата на политиката- нема да имаме квалитетно образование. Токму тука, некако, немам идеа како, треба да се спроведе најголемата реформа, иако речиси невозможно во блиска иднина. Не зборувам само за конкретнава ситуација, туку општо. Од наставник кој на час зборува дека Заефепредавник или Грујобилкриминалец, никогаш нема да биде добар наставник, небитно дали ова го зборува директно (или индиректно) кон учениците, дали го кажува на час разговарајќи на телефон со некој/а или најлошо, со колега/ колешка. Спојлер Ако го сфатиш ова лично, тогаш не си ме разбрала што сакам да кажам. И покрај тоа што знаеме дека во секоја можна тема мешаш политика нс форумов, не знам како си како наставник и не ме интересира, само гласно размислувам и погоре напишаново не е со посвета кон тебе
Го прочитавте ли постот на професорот д-р Иван Грозданов на фејсбук каде што ги објааснува причините зошто ја одбил поканата за свечен прием кај министерката за образование? https://www.facebook.com/ivan.grozdanov.5/posts/3600314963358443
Па кажете кога е добар период да се почне со реформата, можеби септември, тогаш ќе има, што спиевте. Сериозно мислете дека ќе менуваат цел концепт во образование, нова програма заради Бугарија? Многу е лесно ако сакаат тоа да го сторат. Не можете да ја одвоите политиката од ниедна сфера од животот. А тоа е лошо. Не давате шанса ништо да се смени, одма политика.
Три до четири реални мислења максимум дали има во темава. Другово се е проекција на партиска припадност што си ја прикажувате и во други теми. Едниве воодушевени wow која реформа се направи, мислиш нешто добро и паметно има во променава, другиве па, паники како досега да беше совршено образованието, па сега генерациите неписмени ќе биле. Мој став, нема ништо добро да донесе реформава и тајмингот и е ужасно сомнителен. Мислев досега експерименти дека се правеа во образование, ама не, можело и полошо да им текне.
Теорија на заговор како Бил ГејЦ и Корона и сеопфатно сексуално образование и пуштање порно на час... И претходните кога сакаа да направат нешто, скокаа сегашните, сега обратно. Тешко е да се размислува со свој памет и да се носат сопствени заклучоци настрана од политичката определеност. Та ако беше за Гоце, ќе сменеа на овај или на онај начин, не е дека досега не сме виделе дека им се може.
6) На лично ниво, не чувствувам никаква чест да одам на свечен прием кај министерка која во најчувствителната област на образование на нашите деца, програмата за образование по ткн. „Сестрано сексуално образование“ ја доверува на хомосексуално-лезбејски здруженија, чиј промотор е и самата министерка. Тоа е како да им довериш на проститутките да ги учат децата на морални вредности. Со заложба токму на оваа министерка, не само што се озаконија и истополови бракови, контроверзни родови идеологии, туку се работи на тоа, кај децата да се внесат искривени морални вредности за половите машко и женско, за бракот и семејството. Токму оваа министерка турка закони и образование во насока на уривање на јавниот општествен морал – нешто, што допрва ќе го почувствуваме. Хахаххахахахахахахха суптилна хомофобија малкуцка.
Кога започнав да го читам постот си помислив браво за професорот. Реално ја прикажува состојбата на нашето образование, мешањето на политиката во истото, и воедно може да прочитаме зошто имаме одлив на интелектуалци од државчево. Но, потоа дојде делот кој посакувам никогаш да не го прочитав Настрана хомофобијата, жално е тоа што е против таков предмет, а сигурна сум дека како професор е свесен за неинформираноста на младите за сексот. Што директно води до зголемен број несакани и рани бремености, пренос на СПБ, прашања од типот ми сврши во близина на аналниот отвор, дали сум бремена?, и слично. Очајно ни е потребен таков предмет. Што се однесува до реформиве, џабе ни се ако не го решаваме проблемот од корен. Вака само се залажуваме дека ќе постигнеме некаков успех, а во реалноста учиме во училишта кои се распаѓаат, имаме неодговорни и мрзливи професори, во тоалетите немаме никакви услови за хигиена, инвентарите се од времето на Тито и имаме програми кои се учат напамет, без да се сфати суштината на напишаното.
Не е работата во тајмингот, КОГА да се почне со реформи, туку КАКВИ реформи се потребни... Се почнува од најосновното, снабди ги со учебници децата(англиски за 2 и 3 одд немаат сеуште учебници во цела МК, работат со стари, од минатите генерации кои патем целите се пишувани, обоени, исечени..) За повисоките одделенија иста приказна, учат со дотрајани и стари учебници, им фалат листови, и сл. Следно, намали го минималниот број на ученици во една паралелка. Наместо сегашниот минимум од 24 деца во клас, направи 20 да биде. Наставата ќе биде поквалитетна со помалку деца во еден клас. Ќе се отворат и плус нови работни места, и сите просветни работници ќе бидат по мотивирани за работа, бидејќи не е исто со 30+ ученици да се работи и со 20+ По намалување на бројот на ученици во една паралелка, апропо се зголемуваа бројот на паралелки, во повишите класови укини ги изборните предмети, кои реално се вишак, и служат само за пополнување на бројот на часови кај некои наставници. Олеснување плус и за децата, и за наставниците... Ниедна од гореспоменатите измени нема да наиде на негодување и отпор од ниту една страна. Има, има еден куп други реформи кои се по потребни, од овие глупости и срања што ги експериментираат.