1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 16 декември 2020.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.513
    Пол:
    Женски
    Па како да не бидат кога партиски се влезени? Не мислиш дека пологички е тоа да почнат да го решаваат чим се толку ептен презагрижени за образованието на децата?

    Дали ќе донесе подобри промени новава програма? Не, се ќе си остане исто. Не морам ни да ја читам. Децата пак нема да учат, ќе се ургира за оцени и пак полуписмени ќе си останат. Само бонус, нема веќе да имаат проблеми со Бугарија.
     
    На Purplelilac, Idedemja, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Прво поставуваш темели, после градиш куќа.
    Се концентрирате на проблем кој нема врска со реформите во образованието.
     
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Па тоа де,
    Само што темелите не се овие што ни ги сервираат моментално.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Причини и објаснувања зошто и какви реформи требаат во образованието има толку многу за три дена без престан да збориш. Планови и идеи кои ако си добро артикулиран ќе звучат толку добро да дури и солза ти потече од возбуда.
    Па упорно Финска и за нивен модел збори, од каде таа храброст, свесна ли е каде живее? Кембриџ не е единствен обид да се внесат новини во образованието, имаше разни програми во мое време поддржани од страна и имплементирани во одредени училишта и паралелки, експериментално, со нови предмети и скрипти превземени од факултет и исфрлување на некои основни предмети за кои до ден денес ги гледам негативните резултати. Не затоа што можеби програмата не била добра, туку кога ќе насочиш дете да се фокусира на она што во моментот тоа или учителите негови мислат дека е негов интерес или талент, треба да му овозможиш поддршка до крај да ги развива своите способности. Оти престанеш ли во еден момент или се смени интересот на детето што е сосем нормална работа, останува осакатено во одредени области.
    Така и со оваа реформа, нитту имаат способност, ниту основа што е најбитно да се зборува за напредни Фински модели, нафрлени се имиња на битни држави за да мисли народот дека којзнае што и како ќе учи.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Книгите не се темелот, туку системот врз кој ќе функционира образовниот систем.
    Иначе, се согласувам дека е проблем распадната инфраструктура и недостаток на алатки за изведување непречена настава.
     
    На Annath, Idedemja и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Само ја спомна Финска, како цел.
    А убаво кажа... резултат од реформите ќе видиме по 10 години, кога првата генерација ќе го заврши образованието.

    Мене искрено ми се допаѓа многу концептов. И со маж ми милион пати сме зборувале дека ваков образовен систем ни е потребен.

    Е сега, колку успешно ќе го реализираат е скроз друг муабет.
    И тоа пишав вчера на Актуелни.. и Кембриџ програмата е концепт за завидување, ако е направена прописно... а не само да нафрлат бирократија која 'зборува' за реформа, а на терен ништо да не се смени.
     
    На Idedemja, Ahoy и JuLleE им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Инаку, "реформите" не се никакво изненадување. Од моментот кога почнаа да менуваат битни работи, т.е да ја распродаваат државата, чекав кога учебниците ќе дојдат на ред. Па да не биде очигледно за што е фамата, направиле концепт. Парите не се проблем за еден ваков концепт, пари има, добра беше зделката. Барем Финска да беше спонзор, подруго ќе беше.
     
    На Sky-butterfly, Celltica, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Немам проблем ако наставник кој е навистина квалитетен е влезен партиски, затоа што живееме во држава каде квалитетните најчесто се пред врата.

    Реално, има и партиски влезени наставници/ професори кои си ја сакаат работата, посветуваат внимание на неа и ја работат баш како што треба.

    Но за жал, ги има и оние тотално спротивните од нив. Професори кои по предметот кои го предаваат, додека тие учеле биле со двојки, тројки, а сега го предваат истиот тој предмет на други деца и прават илјадници грешки при предавањето.

    И апсолутно да, и јас напоменав дека токму тука треба да се направи најголемата, вистинска реформа.

    Жално е да деца од по 10- 11 години, па и поголеми, да зборуваат што меѓусебно, со други деца, што со повозрасни (родители, познаници или наставници) за политичките настани. Ама сепак тоа не доаѓа само од наставниците, туку и од родителите, бабите и дедовците, да не речам сите возрасни кои ги опкружуваат децата, кои постојано зборуваат за политички настани. И тука веќе настапува менталитетот, кои може да се промени само со добро образование, покрај низа други реформи.
     
    На JuLleE, Idedemja, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.735
    Мене ми се допаѓа новиот концепт. Помалку предмети, мултидисциплинарен пристап. Многу предмети имаа, дел од нив можат многу лесно да се интегрираат во други. Одамна зборувам дека треба ова да се направи. Штета што децата ми се веќе големи, па нема да ги фатат овие промени.

    Не знам само колку ќе можат да го променат начинот на учење - да биде со размислување, а не со репродуцирање на материјлот. Тоа е најнеопходна реформа. Навидно ќе го решат со мултидисциплинарниот пристап, ама ќе видиме. Не е лесно таа промена да се направи.
     
    На M.B., JuLleE, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми дадеш линк да видам за кој состанок станува збор?
    Може ли да бидеш конкретна за кое експериментално школо станува збор? И како имаш информација дека било со катастрофални резултати?
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    На овој мислев:

     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Ок, фала ти. Значи сум го гледала. Тоа е тој истиот, го следев во живо. Само некој општ концепт презентираа. Јас сеуште чекам детално да го разработат и да ни се презентира. Не сакам да избрзувам со мислење и осуди како повеќето просветари, а и како што се запали нацијава со заклучоци како ќе било.
     
    На M.B. и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Исто, иако не сум просветен работник.
    Сè додека не презентираат подетално како што ќе биде, а ако не се лажам тоа ќе го сторат следнава недела, не можам да кажам да кажам дали сум потполно за или против.

    Од сегашна перспектива, имам позитивен став кон променава повеќе отколку негативен, но немам целосно оформен став, со оглед на тоа што не знаеме многу информации.
     
    На M.B., JuLleE и Kitten им се допаѓа ова.
  14. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Македонија не е Финска. Таму живее друг народ, друг менталитет, други особености, друга инфраструктура, кои се тотално различни од нашите, а тоа што на проста раја им ставаат имиња како Финска, Шведска, за да мислат Бог знае што се случува и какви ли не експерти не оправаат, е проблем со кој треба многу посериозни здравствени институции да се позанимаваат.

    За да имаш поквалитетно образование треба да имаш посилна економија, а не констатно да имаме рецесии и инвестиции да ни бегаат. Таа силна економија повлекува и младина која ќе се преорентира кон стручни делатности, а не кон општествени.
     
    Последна измена од модератор: 19 декември 2020
    На Idedemja, Amellie13, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    И мене за тоа ми е мака.
    Ама никој не ни е крив.
    30 години сме самостојни, а ништо не е мрднато од на Тито времето...
     
    На Idedemja и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.735
    Точно, ама не можеш да имаш силна економија без добро образование. Мора двете работи паралелно да се подобруваат.
     
    На Idedemja, JuLleE, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки

    Во постовите погоре пишував за тематикава и буквално јас сум тој кој е најмногу против да се гледа на темава низ призмата на политиката.

    Историјата пак ќе се изучува, само тематски, а не исклучиво преку факти, како до сега, што е одлично. Само носите заклучок од медиуми и ликови кои сакате да ги следите, а не гледате пошироко.

    Еве пример, одлично интервју каде покрај Царовска, на темава дебатираат и универзитетски професори.

     
    Последна измена од модератор: 19 декември 2020
    На JuLleE, Ugly Duckling, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Низ призма на партија, не политика.
    Реформите се политичка одлука.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.703
    Пол:
    Женски
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Циркуларна логика much?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.