1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени во образованието

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 16 декември 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Во интервјуто вели дека се надева дека ќе има собраниска седница на темава каде ќе учествува и таа.

    Образование и политика исто... и после главен град на Турција бил Истанбул. Епа Истанбул.
     
    Последна измена од модератор: 19 декември 2020
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.703
    Пол:
    Женски
    Не сум ни СДСМ ниту пак ВМРО.
    Сум за реформи во образованието.
    Ама прво треба да се создадат "новите" наставници во соработка со факултетите или да има евалуација на истите наставници кој може да предава по новиот образовен систем.
    Со семинари или обуки не се спроведуваат вакви измени.

    А без тоа,како и досега ќе биде една голем експеримент кој ке биде на товар на нашите деца.
     
    На Annath, M.B., Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Уфф, да видиш само колку беше убедлива, самоуверена и слаткоречива на разно-разни интервјуа пред некој месец кога се фалеше и чукаше во гради за Националната платформа..

    Па тоа обуки фрчеа во минута до 12, за 3 дена да поминеш се живо и диво, да се обучиш, ИТ техничари станавме, од младо-па се до старо.

    И зошто сето тоа?
    За да работиме преку Тимс? (fingers)

    Просто утопија во образованието чиниш прави,а уствари се потрошија 5 мил евра(мислам толку беше) за што???
     
  4. gwæøtüé

    gwæøtüé Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    eden neka mi objasni spojakta megju biologija i fizika vo prirodni nauki,??
    kako prvo fizikata e brat-sestra na matematikata, samo magisteski i doktorski studii se interdisciplinarni megju fizika i biologija.
    da se najdat nekolku lugje na forumov da mi objasnat....................................................
    .ne samo eden, se popravam od pogore
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Ете сега обуките ќе почнеле во март, 3 месеци ќе траеле. Значи нема да биде last minute offer.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Кои обуки кога сеуште не е ништо изгласано.

    Ниту една релевантна институција не се согласува со овие реформи.
    (Факултети, институти, потоа наставници/професори, добар дел на родители, и многу други. )

    Со главата во ѕид ли ќе одиме кога немаш ни 10%поддршка од буквално никого?!
     
    Последна измена: 19 декември 2020
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    6.238
    Пол:
    Женски
    И самата Царовска не знае да ти објаснат. Прават експериментални глувци и од учениците и од наставниците. Рандом од денес за утре се се работи во нашата државичка. Никаков концепт никаков договор, никој не ги прашал наставниците дали се согласуваат со таквиот концепт. Да треба реформи во образованието но не со укинување и спојување на предмети. Прво треба да се ангажираат да создадат услови за работа во училиштето, кабинети по тие предмети ( физика, хемија, биологија)
    Знаете дека 90% од училиштата во внатрешноста немаат нагледни средства за работа? Карти по географија, историја, микроскопи, хемиски материјали и прибори за работа итн,итн....Тука треба да се работи да има ефект пд секоја настава и заинтересираност од страна на учениците ПРАКТИЧНА НАСТАВА,тоа фали во образованието а не интегрирање на предмети. Грујо го почна уништување на образованието со тој Кембриџ сега овие ќе го доуништат....
     
    На Idedemja и Ева33 им се допаѓа ова.
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ја укинаа по две генерации од разбирливи причини, добро знам за што пишувам и потполно исто размислувам за тие експериментални паралелки како опишаново во потцртаниов дел, ама не сум сигурна дали за истите паралелки зборуваме, ама ми делува дека да.
     
    Последна измена: 19 декември 2020
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Да, но пак не ми одговори ништо конкретно што те прашав. Ниту име ми кажа, ниту какви се тие катастрофални резултати. Биди конкретна. Ако сакаш де.
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Мене не ми се допаѓа реформата од неколку аспекти.
    Прво, треба да се направат поосновни искоренувања како што е Кембриџ и слично.
    Друго, би требало да се искоренат и тие многу тешки задачи по математика кои реално се и непотребни и брзо се забораваат. Би требало да се додаде поголем број на изборни.
    Само ќе се спојат часовите, кажа министеркава од 6-9то одделение ќе имале пак минимум 5 часа во денот.
    Пологички ми е да се сменат книгите него ли правење вакви предмети во еден.
    Книгите треба да се сменат сместа.
    Условите во училиштата се благо речено катастрофа.
    Треба да се воведе некој тест психолошки, а богами и за знаење пред некој да стане професор.
    Денес се живо стана професор само треба книшка да имаш, затоа пола младина е неписмена.
    Наставникот од 45 минути час, 15 минути касни. Па, каде го има тоа?
    Ако сме искрени, реформата е нешто најлесно. Толку има проблеми и дупки кои на крај памет не и се ни на министеркава ни на оние што се на власт.
    Лошо е, многу е лошо.
     
    На noteforself, Idedemja, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Јас се изјаснив по темава, ако сакав да пишам детали ќе пишев ама смеатм дека е надвор од темава. За резултатите какви се катастрофални се истите како што претходно е пишано во потцртаниот дел, може и @Bridget да ја прашаме за таквите негативни разултати, ако сака да каже де.
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.735
    Мислам дека тек ќе има дебати. Секогаш за нови работи има отпор. Ама ако ја истераат до крај реформата, нема да е лошо.

    Некои одговори зошто е неипходна реформа има тука, ако некој сака да чита.

    https://www.unicef.org/northmacedonia/media/4836/file/OECD study MK EDU.pdf

    Имаше едно време две паралелки експериментална настава Пекснас беше кратенката. Две години траеше, потоа не се продолжи и учениците требаше да се преместат во редовна настава, а тоа беше катастрофа. Тие претходно учеа по сосема друга програма, имаа можност за голем избор на предмети, учеа подететално за некои предмети, ама по други многу помалку од редовната настава. Имаше протести, двете генерации завршија, ама реформата баш неславно заврши.

    Не знам дали на ова се мислеше, ама ова е еден случај за кој знам.
     
    На Kitten, Ahoy и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    6.471
    Ќе пишам пак, се почнува од темелот, а не од кровот. Се сеќавам кога бев во основно, вецињата ни беа хорор филм, јас трпев по неколку часа од што ми беше језиво и гад да одам. Имавме чучњевци, не ретко страшно смрдеше, и имаше посебен дел за миење на раце, од времето брат ми кога учел основно па и порано, ужасно изгледаше, беше преладно и живи темници, кога бев втора смена сама никако не сакав да одам таму. Од чешмите висеа некои искинати крпи, језа ме фати сега само што се присетив. Прозорите пола ни беа искршени, подот беше цел излитен и искорнат на места.

    Друга работа, брат ми кога учел основно имале кабинети по биологија, хемија и правеле експерименти по тие предмети. Јас бев толку желна да научам и многу сакав да гледам низ микроскоп, во 4 години мислам дека учевме само теорија, немавме никаков практичен дел.

    Сметам дека на децата најпрво треба да им се овозможат основни и нормални услови за работа, добри учебници и квалитен кадар а после некои некст левел реформи што според мене добро знаеме зошто баш сега се случуваат...
     
    На noteforself, Sky-butterfly, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Сите заебанции што ги видов на темава е дека децата немало да знаат кој е Гоце Делчев или зашто славиме 11ти Октомври, а за природниве науки никој не видов да се мајтапи.:?:
     
    На black-angel, Ugly Duckling, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Прочитав претходно тука дека се направи паралела на програмава со ИБ меѓународната програма. Во Скопје во две училишта се изучува програмава (Браќа Миладиновци и Кирил и Методиј) и за Кирил и Методиј морам да кажам дека е фијаско. Програмата како програма е многу добра, ама реализацијата кај нас е страшна. Бев на презентацијата и бев воодушевена од неа, од идејата, начинот на учење, се, ама.... како можеше да се спроведе таа програма во Кирил и Методиј кога таму се уште немаа/т сала за физичко? А одделните кабинети за кои се збореше? Па и ботаничка градина? ВЦ-њата не сакам да ги споменувам...
    Е сега, ако оваа програма е слична со ИБ, супер, ама џабе ќе биде програмата ако реализацијата потфрли. А се си мислам дека ќе биде така. Не сакам да бидам песимист, сакам да дадам шанса... Ќе видиме :?:
     
    На JuLleE, Ahoy и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ја пак оптимист сум... иако праксата оди против мене со децении :tmi:
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Буквално истово го мислам и пишував претходно особено оној дел каде од наставник- ментор, стануваат наставници- советници. Прво треба да имаат соодветна обука и едукација за ова и не мислам брзински и семинарски тип на доедукација колку да се рече се одржало. И јас сум за реформи, ама не избрзано и неплански при што се жалат многу еминентни порфесори дека не се ни консултирани. Ама ако транспарентно се одвива се како што најави министерката и бар овој пат да вработуваат нов кадар според заслужени и стекнати знаења со соодветни дипломи а не по партиски препораки, може да профункционира. Кадар има, само да се вклучи соодветно едуциран на вистинско работно место и да има добар мониторинг и евалуација на се ова и особено да се следи кариерниот развој на секој наставник засебно од соодветни кадри. Не да се пушти во оптек и да се импровизира како во претходниот обид што го спомнав.
     
    На Cosmi и Ева33 им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Се' што треба да научат наставниците, е тимска работа
    А не секој-за себе.
     
    На Kitten и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Сакав, доколку некој има искуство од прва рака со ИБ програмата во „Браќа Миладиновци„ да сподели искуство. Имам познаници кои се преселија во Аеродром само за нивното дете да го посетува училиштево и првично беа многу задоволни. Одамна не сме се виделе, па не знам дали се уште се.
    За „Кирил и Методиј„ веќе споделив дека е неуспешна имплементацијата на програмата, меѓутоа доколку во „Браќа Миладиновци„ е поинаку, убаво би било да се прочита искуство. Особено што новава програма ја поврзуваат со ИБ.
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Читам дека некој пиша мислењата не биле релевантни во темава зошто биле исполитизирани.
    Еве дури и откако објаснија подетално како ќе е пак си стојам на истото. Иако искрено и не ме засега лично моментално ситуацијава, завршува и брат ми основно, немам ниту вработен близок во основно што предава тоа, ниту брзо ќе имам деца, буквално ништо, ни па сум политички настроена.

    Но, бев прва генерација деветолетка и ние мислам први имавме природни науки воведен предмет. Имам неубаво искуство со тој предмет. Ни предаваше професорка математика, мислам беше хаос цел материјал и се. Имав 5ка по предметот, но дома барав многу да ми дообјаснуваат работи зошто се беше споено и испомешано, не ми беше доволно тоа од книгата, оставаше многу прашања од биологија и хемија на пример. Професорката реков беше по математика и не учела факс за биологија и хемија, туку си беше стручна за математика и колку и да се трудеше немаше пак одговор на многу прашања како што би имал професор биологија или хемија, што со години си ја учи само таа наука. Наставничката ни рече се ќе ви е појасно од 7мо натака кога ќе си ги учите сите овие предмети посебно, вака знам дека е тешко, но тоа е деца, така е програмата, жал ми е. Во 6то па професорка природни науки ми беше по хемија и тогаш веќе почнавме да сфаќаме подобро, но за делот хемија. Пак за биологија ни фалеше наставник биологија.

    Каша попара е кога се мешаат така предмети.
    Нека си има македонски, англиски, математика, биологија, хемија, историја, географија, информатика, ликовно, музичко и физичко во основно. И уште еден странски јазик секако ете, нека е изборен тој наместо тие глупости што ги биравме во основно. Се друго нека исфрлат и таман ќе си е. Место иновации, техничко, етика, граѓанско и не знам какви не изборни за религии имаше и беспотребно не замараа за тоа, нека се фокусираат само на овие предмети и готово.

    Во средно да се прават реформи сум за, поготово за стручните.
    Во гимназија си е океј, таму треба да е опфатено се.
    Затоа што ако имаш добра основа од основно, во средно стручно особено треба фокус да си има на битните стручни предмети што во иднина се битни за работа за тој смер што е избран, да има повеќе пракса и да има ете да речеме во средно медицинско биологија и хемија општо 4 години задолжително, значи општи предмети, но битни за струката. Затоа што јас кога завршив пред година ипол само 2 години беше задолжително хемија и биологија, исто толку беа и историја и математика. Мислам дека ќе беше подобро да имаме 3 часа неделно хемија, 3 биологија отколку да учевме историја во средно медицина.
    Е тука си требаат реформи. Не во основно кога децата треба да добијат основа и кога сите учиме исто.
     
    На busybee, noteforself, злоба и 5 други им се допаѓа ова.