1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени на телото на жената по породувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од papilona, 13 август 2011.

  1. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Здраво на сите.
    Малку се зборува за промените на телото на жената откако ќе се породи. Многу е важно зачувување на изгледот на жената и откако ќе стане мајка, а мене ме интересира каков е вашиот став по тоа прашање и тоа за деловите од телото кои најмногу се трпат при бременост: градите и стомакот. Според нечии мислења:
    1. Градите се спуштаат и ја губат формата со доење на бебето и никогаш повеќе не можеш да им го вратиш првичниот изглед. Мислам дека многу жени се одлучуваат за хранење на детето со вештачко млеко од стравот да не претрпат големи промени на градите, според едно друго тврдење неодамна слушнав дека дури и без да се дои овие промени се неизбежни и се природен процес,па дали мајката ќе дои или не е сосема сеедно, мит или вистина?
    2. После породувањето стомакот е олабавен и кожата е полна со стрии. Како жената да се се заштити од прекумерно појавување на стрии, како да се третира кожата или некој друг ефикасен метод за да се врати изгледот и стомачните мускули како што биле пред породување и дали е тоа возможно?

    Важно ми е искуството од вие кои сте веќе мајки: Дали сте слушнале дека со доењето помага да се затегнат мускулите на матката со што таа се враќа во првобитната положба, но иато така дека при овој процес што трае неколку дена жената трпи огромни болки? Ова е особено важно затоа што не сум поддржувач на вештачкото доење ама сакам и да си го зачувам изгледот после породувањето.
    ТНХ!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Не сум мајка, но многу жени се пример дека ако се вложи труд може да изгледаш убаво и после бременоста, па дури и подобро.За стриите, се знае, павловичева или некоја друга мрсна крема, за стомачни, исто така се знае-вежбање.Е, за градите не би знаела да коментирам, но сепак, поради многу жени земени за пример, верувам дека може да се изгледа исто или барем многу приближно како претходно.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Градите-ми беа ај да не речам мали, нека бидат средни-но цврсти :) Во бременоста нормално ми се зголемија и изгледаа како силикони да имам...После доењето ми се поголеми отколку што ми беа пред да останам трудна но се малку 'олабавени'-ништо што добар градник не може да среди...

    Стомакот-после породување ми беше малку опуштен и лабав но после неколку месеци се врати во првобитна состојба, имав среќа па немам стрии воопшто-се мачкав за време на бременост со хидратантни креми но мислам дека сепак зависи и од кожата...

    Килажа-после една година сум на иста килажа како претходно, инаку после породување се вратив дома со 7-8 кг. вишок

    Тоа би било...се на се, иста сум како порано освен (плус) поголеми гради, но (минус) малку олабавени... ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас ќе зборовум за себе. Во текот на бременоста се поправив многу, цели 26 кг. :$ претпоставувам дека веќе знаеш дека пожелно е да се поправиш од 9 до 12 кг. После породувањето бев иста, сета килажа ми остана. Градите ми беа прилично големи, од 75 прслуче одеднаш носев 95-ка., :o :tmi: толку ми беа големи што искрено ми сметаа, ме потеа и ме нервираа. Меѓутоа никогаш не ни помислив да не ја дојам ќерка ми.
    Конкретно за болдираново, сум слушнала ама јас немав никакви енормно големи болки, нормална постпородилна болка. Мене повеќе ме болеше раната што бев сечена при породувањето, а матката, јајниците и стомакот не ме болеа, само крварев дури 40 дена.
    Моја среќа беше што стомакот не ми испука, не ми се појавија стрии, а се мачкав само со павловичева. Но затоа градите доживеаа свое фијаско :D , ми се појавија стрии и џабе беше мачкањето.
    Откако престанав со доење градите ми се намалија и сега после речиси 5 год. носам прслуче 80, значи не ми се големи и не ми се мали, нормални ми се, некако самите си добија свој облик и не ми се баш виснати. Добро сега, не ми се како на 22 годишна девојчица, ама солидни се. :lol:. Стриите ми беа грди и црвени, сега пак се познаваат ама се бледи и не бодат очи за разлика од претходно.
    Кога се породив стомакот ми беше мек како пача, искрено се исплашив кога се погледнав и кога се допрев колку беше мек и никаков. Постепено како што си поминуваше времето, заслабнав ама и правев стомачни за да се стегнам малку од малку. Не вежбав претерана, така малку од малку.

    Затоа мој совет е после породувањето да си го доиш бебенцето, вештачкото млеко неможе да го замени мајчиното, а за линијата и изгледот ќе му ја мислиш откако малото малку ќе потпорасне.Ќе почне да оди, да трчка, па ќе следи возење точак, а за сето тоа време ти ќе трчкараш по неа/него.
    Подобро вежбање од тоа нема:D
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Многу ми е драго што ги делите вашите искуства, вака гледано можам да заклучам само дека се е до генетика и како се чуваш за време на бременоста, ама бегање од ширење кукови и стрии на градите нема, па да се надевам дека ќе имам пари за пластика и ласер по пораѓај другото.
    Lolyta многу се мислев за хранењето вештачкото млеко и фала што ме поттурна да размислувам сериозно за вистинско доење, всушност мајчиното е најчиста работа тоа што природата и го дала на жената, ниеден фармацевт нема да и го даде.
    Само уште нешто: како ве прифаќаше партнерот физички после породување? Зошто да не се лажеме - на сите ни е битно на мажот да му останеме привлечни секогаш
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Мило ќе ми биде ако се одлучиш да си го доиш бебето, всушност колострумот (првото мајчино млеко) е најхранливо и мислам дека не би требала да го лишиш бебчето од истото. Сепак одлуката е твоја :)

    Како ме прифаќаше :D ...е тоа е посебна приказна :D
    Со оглед на тоа дека само кукав колку сум поправена и дека неможам да се поднесам, мислам дека човекот немаше шанса да коментира и да даде мислење... :wasntme:
    Шала на страна, тој што те сака ама вистински те сака со цело свое срце и битие некое килце повеќе нема да му смета. Додај го и фактот дека после породувањето т.е. после закрапнувањето од породувањето, конечно ќе може да добие секс во сите можни пози :$ верувај нема да има замерки :lol:
     
  7. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Се Супер! Само да не почне да ч'чка по сајтови да не кажам....а ќе кажам "забранети" за под 18 год., па да излезе после "Те сакам, само си плакнам очи" :)) BTW имам многу сува кожа склона на пукање и знам дека ќе ми се појават стрии, од тоа ми е највеќе мака.... така што Павловичева мене нема да ми помогне ми треба нешто стварно проверено и ефикасно некоја комплетна програма за заштита на кожата наменета за трудници
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ти па ептен му ја мислиш...па нека ч`чка, нека гледа, зошто има очи, гледајте заедно и ти плакни очи и коментирај... ^_^ :wink:
    Мислиш овој тука што лежи во моментов до мене не гледа :^) гледа, баш ми е гајле, ич не се замарам со тоа, а немој ни ти...Всушност кога бебенцето ќе дојде дома, дали ќе има време да дремне, мислиш само мајките не спијат и дежураат...не, не, не...ќе го наместиш неколку вечери да си го чува бебчето (неколку часа) ти да дремнеш, па да видиш после колку ќе гледа... :D ;)
    Што се однесува за заштитата на кожата, прашај си во аптека, сигурно ќе ти препорачаат нешто :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Поважно е како ќе се прифатиш ти после породувањето...
    Јас на почеток многу не се замарав за тоа како изгледам, искрено и немав време за тоа, и бев преокупирана со бебушот...Како минуваше времето очекував некако и килограмите да се топат сами од себе, али они инат ко магаре на мост...Тука па тука, не сака да мрдне... :)
    Ми сметаа, не сум имала никогаш вишок и не се чуствував убаво...постојано му кукав на мм како веќе не сум привлечна, како сега сигурно не ме сака ;( :^) Не ми беа доволни неговите зборови дека сум најубава на свет-Лаже бе, не сум, си знам јас... ;( Колку и да ме убедуваше, се беше џабе, кога ќе си умисли во глава нешто човек, дур сам не се свести ништо не помага...така и јас...
    Еве сега се вратив на старата килажа- јупии пак ме сака :party:
    -немој како мене... ;)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Ех... не е лесно да се справиш со тие промени, особено после породувањето... додека си бремена ништо не е важно, освен тоа со бебето да биде се' во ред, а после доаѓа маката... ми беше тешко да се прифатам таква деформирана на почетокот, ама лека полека се' си дојде на свое место. Килограмите почнаа да се намалуваат, иако не драстично, стомакот се повлекува, е целулитот сака малку повеќе работа. Свесна сум за оние две-три стрии што ми излегоа еден месец после породувањето (инаку и јас имам екстремно сува кожа, па се мачкав со бадемово масло и млекото Елдена), свесна сум дека градите нема да ми бидат како што ми беа, ама секако нема допрва да станувам манекенка.
    А партнерот? Е па, и јас кукав колку сум поправена и непривлечна и еден ден на мажот ми му се здосади да ме слуша, и ми рече дека сум му најубава (ова може малку лице ми правеше, секако Моника Белучи му е нему најубава :P :D ) затоа што сум му родила дете, и дека со време ќе ослабам, а тој не очекува од мене да изгледам како топ модел, башка што си ме сака таква заоблена (додуша, малку послаба отколку сега), ама интензивно работиме на тоа да го стопиме вишокот од моето тело. Ова се однесува на она што го кажа Лолита - секс во сите можни пози, од кој што бил ускратен во така подолгичок период. Да се разбереме, сексот е супер и во бременоста, ама малку си ограничен, особено во третото тромесечие.
    Има и некои други промени кај мене... станав поосетлива во одредени делови... поголема ми е желбата за секс... полесно доживувам оргазам... уште ли да набројувам? 8)
     
    На Lolo5, nesa и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Со оглед на тоа дека за време на бременоста качив само 9,6 кг по пордувањето си останав на истат килажа како што си бев претходно.Стрии воопшто не ми се појавија бидејки постојано се мачкав со млеко за тело,а градите малце ми се зголемија но сега пак ми се исти како порано(отсекогач сум имала мали гради).Така да нема никакви промени на моето тело по породувањето.Истата сум си како и пред бременоста.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мое искуство, кај мене има драстични промени. Пред породување - како девојка имав килажа 65-68кг во бременоста достигнав неверојатни 92кг :) (висока сум 178см па не ми се многу приметуваше) ама сега имам 58 кг. Успеав за брзо време да ги симнам, за 2-3 месеци паднав на 58кг и еве веќе 4 год, ја носам таа килажа. Како резултат на тоа се здобив со стрии кои се најизразени на стомак и колковите.
    Градите ми се намалиа за цел еден број на прслуче, носев 85-ка па отидов на 95-ка и сега сум 80-ка. Успеав да си ги сочувам забите и косата - се расипуваат додека цица бебушот. Калциум и флуор таблети џвакав скоро секој ден.
    И тоа, друга некоја драстична промена немам.
    Би ги советувала сите идни мајки, да во периодот од 9 мес. после породувањето поработат на своето здравје и тело, да не се запоставуваат самите себе си
     
  13. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Ухуху ова последново што го кажа Annath, вреди да се размисли, сега ме подисплаши малце, јас и онака имам здрава желба за секс а за остливост да не праиме муабет :) што ќе биде со мене после породување нема да смее да ме пипне хехе. Знам дека после 3 тото тромесечје не се препорачува секс но некои доктори го дозволуваат дури до 7-миот месец од бременоста!? Замисли да го тераш да трпи 10-12 месеци без секс, и после ќе се чудиш како ја изневерил бремената девојка :/
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Нема причина да си го ускратуваш сексот во бременоста, освен ако лекарот стриктно ти забрани. Кај нормална, здрава бременост сексот не е забранет ниту во третото тромесечие, кога веќе стомакот е пречка за одредени пози, но сепак има други кои можат да се практикуваат ;) А за осетливоста и желбата, индивидуално е тоа. Кај некои жени исчезнува желбата за секс после породувањето, кај некои се зголемува, кај некои останува исто...
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Осетливоста и желбата за секс зависи од хормоните колку лудуваат :)
     
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Мене постовите ми личаат на бош муабет, де пластики за стомакот, де ако доиш ке ти се расипаат градите |( , де ќе те изневери, се` на се` бош муабет.

    Манекенкине што заработуваат од телото раѓаат, па се враќаат на писта, не се тие надлуѓе, исти се како и сите ние што сме.

    А има и решение за твојот проблем ако не сакаш да имаш никакви промени на телото, да не го тераш партнерот да биде без секс за да не изневери, кога ќе дојде време или посвои си дете или плати сурогат.

    Да не бидам офф топик, сеуште не сум породена има уште малку време, ама си се адаптирам на промените кои ги трпи телото.
    Пред да останам бремена ретко носев градник, сега имам пу,пу машала деколте и носам постојано градник, исто градите и стомакот ги мачкам со бадемово масло.
    Не сум многу поправена едвај 3 кг, немам проблеми со бременоста и си пешачам секој ден исто како и пред да останам бремена.
    Мене ми е најголем проблем што неможам да спијам на стомак, во текот на ноќтта обавезно ќе се свртев на стомак, навика, е сега тоа си го решив со спиење на тросед, нема каде да се свртам.
    Здравје кога ќе се породам се надевам дека ќе имам млеко за син ми, нема ништо поздраво, сигурно нема да ми биде поважно изгледот на градите од здравјето на син ми, а и градите дали ќе дојиш или не веќе имаат претрпено промени.
     
    На girl.23, nesa, lubenicka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Значи, во ред е твојот став, Respect! Е сега: Препораките од типот "посвој си дете" и "најди си сурогат мајка" можеш да им ги даваш на пријателки или некои кои ти се доволно блиски за да ти ја сфатат добрата намера. На здрави жени во репродуктивна фаза па и оние кои имаат проблеми со обидување да затруднат ЈАС лично никогаш не би ги обесхрабрила со вакви коментари зошто секоја жена верувам дека најпрво СЕ ќе направи за да роди свое дете, па потоа размислува за друго. НО ако родиш не значи дека треба да изгледаш како вреќа. Муабетите не се воопшто "бош" туку спонтани, па не се наоѓаме на тркалезна маса да бидат by the book, едноставно ме интересираат промените на телото,искуствата на жените и односот кон самите себе по бременоста, и најискрено мислев дека ќе добијам информација за некој фармаколошки препарат со специјална намена за заштита на кожата, косата, забите, зглобовите и др. на трудницата за нормалн да си олесниме самите себе како на жени.
    Поздрав.
     
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Па сега, не може да нема промени после се што му се случува на телото.
    Мене најголемата мака ми беше што на стомакот ми остана вишок кожа. Не си го сакам таков и . :) . Кога колку-толку се потсреди, останав бремена вторпат... и ево га опет :P И ми се направија стрии, таква ми е кожата. Се мачкав како на норма за првото бебе посебно, и тоа со Павловиќева оригинал+масло од бадем+АД капки, ама џабе. Други средства не користев заради хемикалиите. Во осми месец мислам преку ноќ ми испука стомакот. И не можам да објаснам колку ме чешаше. А се мачкав наутро, кога ќе станев, попладне, навечер обавезно се шлапав пола саат со кремот...
    Го доев првото, второво уште го дојам и можам да кажам една предност за средна големина гради... поиздржливи се :!: . Јас после еве 25 месеци (вкупно за двете деца) доење имам промени на градите, нормално, помеки ми се, мислам дека мускулното ткиво е подизгубено, а кога завршив со доење на првото и ми се намалија... к’смет (На другарките скоро на сите им останаа поголеми, мене помали отколку што ми беа пред да забременам), а сосема мааалку се поопуштени. И никогаш не сум пожалила. Реално, на денешно време има милион начини да си ги средите градите, ама доењето не може ништо да го замени.
    Има промени и „таму долу јужно“ :D ама тие не се страшни и актуелни се само првите месеци по породувањето.
     
    На papilona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Нешто повеќе за АБ капките?
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    ^^АД капките ги има во секоја аптека. Се препорачуваат и за мачкање на брадавиците во бременоста и после тоа, за да немате проблеми со доењето, т.е да имате помалку мака ;)