1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промени на телото на жената по породувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од papilona, 13 август 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    на мои другарки и братучеди сум гледала дека после породување се `деформирани`, но после првиот месец сите се вратиле во една нормала.
    зависно кој колку и како се грижел за себе си, некои дури изгледаат и поубаво од претходно.
    со вежби, исхрана, кремови, нема кој проблем не може да се среди...
    за мажот - мачките треба да се малку поедуцирани околу тоа `со што се носи` жената низ бременоста и после неа. да бидат поразбрани, посочувствителни кон неа.

    најбитна е волјата и да не се разочара жената после породувањето од изгледот, како и да не заборави да води грижа за себе си!!! На секое бебе му е потребна здрава мајка - и физички и психички. :) ;)
     
    На papilona му/ѝ се допаѓа ова.
  2. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Ми се допаѓа ставов. Се слагам тотално.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Немав никаква добра намера со препораката за посвојувањето или сурогат мајка, ама на секоја една која и е поважно изгледот на телото, која не сака да има никакви промени и ќе збори за пластики итн би и го препорачала истото.
    Можам со сигурност да тврдам од долгогодишно професионално искуство дека онаа жена која ќе направи се да има свое дете мисла водилка не и е телото, како ќе треба да прави пластики на стомакот и градите и дали партнерот ќе треба да се откажува од сексот.А кога сме веќе и кај сексот моето тело не служи само за да ги задоволува неговите потреби, тие се обострани потреби и ако се откажувам јас може и он затоа што се откажуваме со една единствена цел-да имаме свое семејство.[​IMG]
    Јас сеуште немам видено жена која изгледа вака после породување и мислам дека и тука се гледа твојата опседнатост со телото споредувајќи ја жената со вреќа |(
    Секоја жена поинаку ја поднесува бременоста има жени кои имаат паталошка бременост и цела бременост мораат да лежаат за да си формираат свое семејство и зарем оваа жена треба да ја споредуваме со вреќа, јас мислам дека не.
    Некоја има поголема потреба за храна, некоја помалку секоја различно, промените се неизбежни а јас лично ја сакам секоја промена.
    Секое кило повеќе значи дека син ми расте, секоја стрија на градите значи дека за син ми ќе има млеко и си се сакам ваква како што сум затоа што јас имам живот во мене, затоа што јас ќе станам мајка.
    Секоја нова фаза во животот носи промени а оваа е една од најубавите промени која може една жена да ја доживее, јас си уживам во промените и едвај чекам да си го држам синчето во прегратка а за телото какво е такво е, промените се мала цена за среќата да подариш некому живот, да постанеш мајка.
     
  4. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Во ред ти посакувам лесна бременост и успешно породување, нормално како и на секоја друга жена. Сите се трудиме да бидеме мајки порано или подоцна во животот. И сите се радуваме на промените на телото кога знаеме дека нов живот се создава во нас, не си единствена што се труди да има здрав однос кон детето од најрана фаза. Откако ќе станеме мајки и ќе завршиме со периодот на доење, во еден момент нормално е да сакаме да се вратиме на нашиот првобитен изглед, мислам дека и ти ќе се соочиш со таа желба. Тоа не е поврзано со опседнатост со телото, како што се изјаснуваш ти, според мене тоа е здрав однос кон самата себе, како самата се перцепираш, доживуваш и како се третираш а богами и како ќе те доживува партнерот.
     
    На MiiLla и girl.23 им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    се сетив на една другарка. девојкава (има 27год.) отсекогаш беше дебела. држеше секакви диети, вежбаше, ама од никогаш не ослаби повеќе од 5кг. (и нив одма ги враќаше).
    остана трудна, одма едно по едно пред 1,5год.
    сите мислевме дека уште толку ќе се прездебели, но НЕ. Сега е баш стапче, преслаба.
    таа вели дека и се менал метаболизмот од што многу трчала по децата и ослабела. сега јади нормално, јади се` и сешто и ништо не и` се лепи, дури и да сака да се здебели (стварно е преслаба, дури анорексично изгледа).
    Значи, ете има секакви случаеви, затоа не треба многу секирање за изгледот. Со желба и волја се` се постигнува. :) :) :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Во бременоста се поправив доста, околу 18кг. Помина скоро пола година од тогаш, и уште не сум ја вратила формата од претходно :(
     
  7. kerin

    kerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    во бременоста се поправив 25 кг и буквално бев како топка.Сите ми велеа без гајле одма после порогај губис 10 кила до 6 недели усте 10 и готово,ама не бесе така јас по порогајот изгубив 2 или 3 кила а после прикладов усте 5 оти јадев и пиев за да имам млеко.Апетитот ми остана голем како во бременоста а телото ми претрпи огромни промени,ама се дури малиот не поцна да трца и да бара големо внимание јас не знам како ама ете после една година телото ми се собра и поцнав да се вракам во нормала,се рабира дека има огромна улога и поголемата физицка активност.Битно е што сега ми се врака самодовербата а гледам дека и мм е позадоволен од мојотт изглед и поубаво се осекам.
     
  8. Keryy

    Keryy Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    7
    Би сакала да ве прашам дали некоја од вас може да каже за ширење на карлицата за бременоста, зошто јас сум со многу ситна градна и карлицата ми е малечка и сега се плашам дека многу ќе се рашири за бременост и нема да се врати, а јас многу пазам на своето тело секојсневно вежбам, пешачам и сега овај податок ми го кажа една трудница и ме загрижи :(
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    34.382
    Пол:
    Женски
    Јас сум ситна , пред бременоста имав 55 кила. се поправив 15 кила за бременоста. :)
    Првата недела после порагајот 10 кила ослабнав :wasntme: . СтомаЧето само поЧнува да се намалува
    ( се собира )
    и сум истата како и пред да останам бремена. ИнаЧе и јас бев со ситна карлица , па не се рашири.
    Сепак потребно е време за да се врати самото тело во нормала.
    Сепак не гледам на моето тело дека е деформирано.
    Гледам да се хранам здраво за да имам млеко да го дојам бебето. Па полека полека ке си ја вратам и старата форма на телото . :)
     
  10. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас пред да останам бремена имав некаде 55 килограми горе долу едно две кила,пред да се порадам некаде оклу две недели пред пораѓај околу 88 -89 килограми,после 6 месеци од породувањето јас имам 50 килограми ,ептен ми се промени телото,
    значи многу нагло ослабнав и сега ај да не речам сум без гради и без газ
     
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Незнам зошто кај нас уште сме со тоа мислење. Демек после породување толку од женственост и сексипилност на жената. Ама ајде. Како бе тоа на сите манекенки и славни, па и на многу мои другарки кои внимаваат што јадат и вежбаа после бременост карлиците не им се проширија или не личат на вреќи. Една од нив искрено дури и сега ми има поубаво тело од претходно. :lol: Лугето се враќаат на писта по месец дена. Е сега далеку од тоа дека и ние треба да се споредуваме со нив, но ете жив доказ дека кога се сака се се може. Ајде мамички со сето не спиење и трчкање по бебушот, лесно ќе се вратиме сите во форма. ;)
     
    На Lolo5 и blond им се допаѓа ова.
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    мене навистина не ми е битно како ке изгледам откако ке се породам
    битно ми е бебушот да ми е жив и здрав... отсекогаш сум била полничка сега уште повеќе се здебелувам од шумливите пијам витамин Ц и Калциум и многу ме тераат на јадење.
    кај нас тука имаше една трудница не сакаше воопшто да се здебели држеше диети јадеше само салати не пиеше млеко и на крај го роди детенцето 1кг и 500гр. многу се каеше послем тоа ама тоа е тоа..

    А во врска со маж ми мислам дека секој маж знае дека кога ке сме трудни ке имаме и стомаци и стрии и останато. мислам дека со тек на време ке се навикне на тоа .. и дека се ке се промени кога ке пристигне дома ангелчето на мама и на тато :)
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ми се промени телото по породувањето. А што друго да се очекува?!?

    Мислам дека мажот многу не ги приметува овие маани. Тие 9 месеци додека плодот се подготвува за живот, така и родителите се подготвуваат психички (свесно или несвесно) за се што следува.

    За мене мажот што ја прекорува жената поради промените (овде не спаѓаат оние драстичните) е прост маж, себичен!
     
    На Lolo5, MacenceEna, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    леле феминки јас сум 26 недела и сум здебелена околу 18кг. Знам дека е многу но што да правам таква ми е конструкцијата одсекогаш сум била склона кон дебелеење. Но сето тоа не ми е гриза само малиот да биде жив и здрав, но се плашам како ќе ме биде на пораѓај.....можно ли е да имам тежок пораѓај. Ве молам нека ми казе некоја од вас ако сте имале сличен случај..... позз
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Велат дека дебелината влијае на раѓањето.
    Една тетка моја, имаше многу голема тежина па си роди природно без проблем и тоа деца по 4200гр.
    Јас се здебелив 30тина килограми. Тешко ми беше последните месец-два. А кај мене не знам дали дебелината влијаеше на тешкиот пораѓај. Ма не, јас сум ситна, а бебушот се роди голем, можеби затоа не можев природно да го донесам на свет.

    Сепак, намали со внесувањето на тестенини (избегнувај ги максимално), движи се повеќе. И најбитно од се-не јади за двајца :lol: така ќе избегнеш наталожување килограми.
     
  16. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас многу се поправив станав 90 килограми последното мерење а можеби бев и повеќе,не бирав што јадев зошто чуствував глад и нон стоп нешто морав да јадам инаку почнував да се тресам ко лист,за подвижна да не кажувам колку подвижна бев од сабајле шетнана по цел ден и цела вечер на сите друштво им правев за шетање не се пребирав дома,може и малото радио тоа сега не сака дома сака по цел ден надвор да е (мала шала)инаку се роди поголемко и не сакаше да излегува па со поминат термин и редица други работи завршив со царски рез
     
  17. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    мене единствено ми е страв да не има некакви проблеми за бебушот..... а иначе не мозам да не јадам за двајца, морам нешто да јадам по цел ден и не ми е мака :) сепак фала на советите позз
     
  18. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Нема никаков проблем за бебушот ич да не му се секираш ,лапкај си колку ти душа сака ич не се истизавај
     
  19. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Во врска со килограмите јас за бременоста се поравив 13 кг,еве два месеци од кога се породив сум 11 кила ослабена значи сум + 2 .
    Во однос на другите работи, стрии не ми се појавија цела бременост дури од кога се породив на стомакот ми излегоа 3 од левата и 3 од десната и се црвени исто и на градите ми се појавија од доњето , а се мачкав и со павловичева оригинал и една специална крема на Чико против стрии, но џабе било све.
    Искрено повеке се плашев за време на бременоста што како ке биде со моето тело од колку сега, сега кога ке ги видам тие стрии во огледало помислувам на моето ангелче кое го донесов на свет и воопшто не ми влијат на самодовербата напротив горда сум што сум донела здраво и право дете на свет, а гледам дека ни на мм дека не му предоставуваат проблем напротив е срекен татко :)
    Така да мамички и трудници се вреди за нашите ангелчина, ако толку ви влијаат на самодовербата тие стрии има ласерски корекции, а за килограмите кој сака и има волја мислам дека може да си ја врати килажата.
     
  20. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    јас се поправив цели 22 кг во бременоста,после пораѓај изгубив само 4, 3 кг бебуш, 1 кг вода и слично,многу малце вода имав.за три месеци изгубив 14,последните 4 беа најтешки за слабеење,еве уште едно килце и добра сум (бебуш е 8 месеци). немав стрии,ни испукав ни ме шиеја ,и сега не приметувам разлика од порано.не се согласувам веќе со тоа јади што сакаш за време на бременост,за следната дефинитивно ќе пазам повеќе и поздраво ќе се хранам,барем така си викам,помалце благо и бел леб,повеќе зеленчук,овошје,тоа сите го знаеме
    А и генетски е,погоре некој има напишано дека некоја трудница пазела многу па мало бебе родила,а онаа Бекам 3 кг што се поправи за бременост,ништо не јадела,па 3800 беше бебето,поголемо од моето,така да кај секој различно