секој различно се поправа,кај мене скоро сите кг што ги добив беа во средина на бременоста,мислам дека секој ден по едно кило ставав последниот месец стагнирав,бебуш беше 3010 гр ,пораѓајот беше супер,бебе здраво,мама здрава и дебела,ама ете ослабе не се секирај,ако резултатите ти се во ред нема потреба од грижи,ти посакувам лесна бременост (остатокот од неа) и најлесен пораѓај!
Елеонорче се надевам нема да ми се налутиш ама јас не се согласувам баш со твоето да си јадиме колку си сакаме и што си сакаме во текот на бременоста. Далеку од тоа дека бременоста е период кога треба да држиме диети или слични глупости, но мало внимание нема да е на штета ни за нас ни за бебушот. Сепак веќе не важи тоа јади за двајца, ами докажано е дека на трудница и треба само 300 калории плус во вториот семестар и до 450 плус во третиот, додека во првиот и нема никаква потреба од плус калории. Нормално дека ако те фати желба за нешто ќе си каснеш, ама една торта или 2 л кока кола неможе да е добро нити за бебчето нити за мама, a сите кои сме бремени или сме биле знаеме дека често се случува да имаме некои луди желби
Далеко од тоа да јадеш торта и да пиеш кока кола,јас не јадев торти,ниту пиев газирано,јадев повеќе овошје,мусли,житарици,риба, сакав да кажам оти си јадев се што ќе посакав,не водев грижа до тој степен колку калории има и слично,е сега ги слушав советите на гиникологот да не јадам паштети,салами,мајонез,риба конзерва и ред други работи кој би можело да му штетат на плодот,за секој месец ми кажуваше гиникологот што би било подобро да се јаде ,инаку од се пробував зошто си бев и стрвничка ама тоа што беше забрането немав и некоја желба да го јадам
Потполно се согласувам со мислењето. Секоја прекумерност во кг во текот на бременоста носи проблеми, некои се помали некои се поголеми, вообичаени се дијабетис и високиот крвен притисок. Не треба ни опсесивно да се бројат калории и да се угледуваат на Викторија Бекам дека ставила само 5кг во текот на бременоста бидејќи и тоа не е добро, ниту здраво ама дека треба да се јаде како за двајца и тоа без мерка и тоа не е добро, умереноста е најбитна. Прекумерните кг носат проблеми и при породувањето, 70% од трудниците со над 15 кг зголема тежина се породуваат со царски рез, а дури 90% од трудниците со над 20 кг зголемена тежина се породуваат со царски рез. Инаку за општо прифатените светски стандарди за колку кг е вообичаено и нормално да се стават во текот на бременоста битна е и стартната тежина на трудницата, во светот се базираат на BMI- body mass index. Трудница со BMI испод нормалата (18.5-21) од 13-16 кг. Трудница со BMI во нормални граници (22-25) од 10-13 кг. Трудница со BMI над нормалата (26-30) од 7-10 кг. А оние со BMI над 30 што спаѓаат во прегојазност (obese) во текот на бременоста не треба да ја зголемат тежината повеќе од 5 кг.
Јас имаав плус 15 кила каЧено , а ситна сум 155см . сепак не делував здебелно само мешето го имав напред. Плус бебето големко 55 см . тешко 3430 гр. А на срека се породив природно без сеЧења и никакви повреди . јас самата не верував дека ке успеам природно да се породам , ама ете И баш сум срекна за тоа после 3 дена бев како да не сум тазе породена , нормално си функционирав . Во бременоста не пазеев многу на јадење. Пиев многу вода , се хранев добро но и си јадев благиЧко и др ... зеленЧук не јадам ама ете здраво право дете родив
Телото по породувањето Совети и вашите искуства-приказни, во врска со килограмите по породувањето, стомакот (носење на мидер или не), вежбање и симнување на килажата кога?
Телото по породувањето Зависи колку кг се качени во текот на бременоста, нормално е до 13 да се качат, при пораѓај се губат едно 7,8 и остануваат уште 5,6 кои со тек на време би требало да се изгубат. Јас веќе 3 месеци како сум породена ми останаа тие 5,6 кг и сеуште ништо, нема да мрднат, не се губат. За вежбање, после 2 месеци може да почне да се вежба ако е природен пораѓајот, а ако е царски би требало после 6 месеци да се почне со вежбање. За мидер, јас лично носев првите денови после пораѓај, а додека пак гинекологот ми забрани да носам, телото ми вели до 6 месеци самото ќе се стабилизира и ќе си дојде како пред пораѓај, така де се тешам и јас дека ќе си бидам истата која си бев пред да останам трудна Ќе видме затоа потоа.
EJ jас сум 12kg+ Не е за фалење,ама не паѓам во депресија зошто не мислам на тоа Се надевам летово без вечерање,салати ќе се вратам во форма до септември А мидер носам веќе две недели и доста ми се врати стомакот на свое место На пораѓај отидов со 85 сега имам 75,а останав со 63
Oх, ја па имам проблем.. Уствари незнам дали е проблем и после три бремености сум иста како коа бев 20години..големото детенце е 6год а ме стигна така е зборот.. на пораѓај одев со 55кг а сеа имам 50сакам уште 5кила да се поправам ама неиде
@eli25 Јас само 6 кг изгубив. Се мерев после една недела од пораѓај. А постепено со тек на времето и другите ги изгубив. Сепак индивидуално е кај секој.
Почнав со 45, на пораѓај заминав со 66, а кога си дојдов од болница се мерев и бев 56. Супер ми седат и не сакам да ги симнам освен стомакот да ми се собери
Излегов со 10 кг помалку од болница. од тогаш до сега уште 25 ко ништо симнав, без диети без ништо. Сами почнаа да се губат. На почетокот дур се среди лактацијата не баш ама 4-5 месеци подоцна, нагло. Промени имам од типот стрии, избледеа ама тука се. Кожа троа повеќе на стомак, но ни тоа не е страшно нешто. Мислам дека минимални промени имам со оглед колкава бев .
Три дена после раѓање се мерев и бев веќе -10кг. Резултатот е од бебето + плодова вода + отоци. Почнав со 70, завршив со над 100... но ептен брзо слабеев, дали дека синко беше крупно бебе и цицаше леле мајко сите калории и масти он си ги зимаше, за многу брзо без диети дојдов до 76кг и со толку бев 2,3м, па за тие 6 малку повежбав и држев ун диета еден месец за на синко прв роденден бев веќе 70/71кг.
Брзо ги симнав килограмите после вториот пораѓај. Ослабев 16 килограми, а бев здебелена 13 килограми. Ми остана мешенце и по неколку стрии, ама бледи.
После две бремености исто изгледам, дури налик послабо од порано... Но коски тежат, се менува како старееме цела анатомија и на мускулите и коските,па затоа вагата можеби исто кажува. Од една страна умор ме тепа, но од друга страна од хормоните чувствувам подмладување
Се пробав, и на крај спасот го најдов во шампонот Афродита белиот со лук. Период е за косата, после породувањето нормално да паѓа кај сите.
После првата бременост останав иста само градите ми се зголемија, а и онака ми беа големи. После втората бременост ми останаа плус 7 кила и еден број поголеми чевли носам.
Јас до сега сум поправена 6 кг. Ама јас до 12 недела одлабнав 3 кг. Од 64 на 61, сега 69,5. Послаба делувам од пред да останам трудна. Ако стварно се губат на породување толку кг. па ја ќе сум манекенка бре хаахха . Здравје боже. Како треба нека биде. Јас јадев се што ми душа сака и колку сака. Не дека тоа беше обилно ама сепак си дозволував се. Благо само не поднесувам многу од сам почеток. За подетални информации ќе ве известам после породување.