Јас сум породена веќе 6м и сеуште се потам страшно многу незнам што може да биде а циклус добив сега на 6м. Незнам што да испитам и косава ми опадна многу незнам што треба да фали или кој хормон треба да е нормален за да помине ова потењево и косата да се оправи?
Јас го земав Перусан и шампон и тоа ко регенератор плус што иде , и задоволна сум не само што ми се нормализира косата , оживна и нема опаѓање , е сега дали беше само до него или и самите хормони се нормализираа , престанав со доење пред 3м , имаше уште еден у аптека и тој доста фален , само да се виде дали се ок за користење при доење треба .
Јас без коса останав, ми се преполови, цели десет месеци интензивно ми пагаше. Малку помогна што ја скратив скоро 15 сантиметри. И со првата и со втората бременост исто. Но не се секирај, еве сега се обновува ко луда, цели прамени ми растат, со антени сум на сите страни. Инаку добив после десет месеци.
Косата кај сите паѓа, без исклучок. Тоа се нарекува ефлувиум. Мора да испадне сето она што не испаднало во бременоста, и многу често се случува косата да се проретчи, ама после си надокнадува. Освен тоа, може да се случи виткана коса да се исправи, или права да стане виткана, ништо чудно.
И се шишнав и не бива коренот кога се чешлам ми се бројат и тие неколку влакненца што останале.Во бременост влакно не ми падна ама затоа сега ќељава ќе си шетам.Па со Геровитал-ов ми намали но си имам супер коса сега сум ко небањатка На свадба сум месецов ни фризурче ни шминка нема да стои потоп се правам страшно се потам...не смрдкам но го некој да ми истурил чаша вода врз глава ах жени е тоа ни е
Мене ме спаси Биоблас шампонот, месец дена не ми паѓа.. како паѓаше леле... Јас среќа ептен густа коса имам и ми остана сепак уште. Сега сум антенички цела, нова коса ми штрчи нагоре
Од аптека Betty, а го има и во Жито видов во повеќе врсти, овој е баш за коса што паѓа и за побрзо растење...
Пробај, мене ептен ми одговара.. посјајна ми е и не ми прави ич првут. А не е прескап, 400мл е 180-200ден.
Мислам тука разговаравме за пораснати стапала. Епа мене ми пораснаа за еден број И тоа во втората бременост. Купив пред еден месец и мислев дека е до моделот, ама овие дена што шетам по продавници, веќе почнав да си барам поголеми и точни ми се. Не ми се отечени стапалата, ама во должина отишле напред. Инаку, мене и сега ми паѓа косата, ама гледам и нова расте, цела сум со бебешки прамени. После пораѓај, којзнае што ќе биде
Ова за пораснати стапала не сум знаела дека постои, породена сум пред 3 недели отоци немам но летните обувки ми се сите мали не ми се веруваше дека и тоа можело да се деси да порасне стапалото за еден број.
И мене ми пораснаа но кога ослабев се вратив на старото бројче. . А за коса не можам да се пожалам. Мене не ми паѓаше туку бетер ми се згусти дур доев. Како што велиш куп нови прамени. .
Не знам што да кажам, со првото ми остана истиот број, не ми отекуваа, единствено ме болеше левото стапало и тоа ми остана и сега, ама имам дискус хернија, па некој нерв поткачува. А сега, не ми се отечени, мислам најнормално како и претходните лета после долго шетање знаат да бидат благо отечени, ама ништо страшно. Денес во неколку продавници пробав 38-ки и такви си купив на крај. Сакаш да кажеш пак ти се скратија во должина? Мм ми вика денес ако ми се вратат пак стапалата на стариот број, одиме на трето, да не се за џабе сандалите
Еве ме десет месеци како сум породена, вратена сум на старата килажа и носам се од пред бременост освен чевлите . Може не цел број, ама пола сигурно ми е избеган. Само едни чевли кои мислам и пред бременост ми беа покомотни можам да носам. Ова само за штиклите, балетанки неколку пара што извадив ми пасуваат. Мислам дека пеоблемот повеќе е што после повеќе од 1,5 година неносење штикли стапалото ми се врати во нормала. Претходно од високи штикли, шпиц малку ми беше деформирано. Не се откажувам од срарите, а до тогаш ќе си купам нови А за косата не ми попаѓа, ама сама отидов и ја ишишав. Не дека претхосно ми беше кој знае колку долга