Мене ми се таман обѕвките, ама може да му го подвалам овој феномен на мм и нови да си купам . Во текот на бременоста не ми паѓала косава толку, ама потоа страшно. Околу пола година после пораѓај почнуваше повторно да расте. Страшна бев со бебешките влакна. Како Џим Кери од глупиот и поглупиот .
Јас 41 носам и мака мачам за наоѓање обувки, освен Биана... никаде на др место не ми се арни Инаку ногата не расте, од наглата ставена тежина на телото.. стапалото се деформира (односно се шири). А и хормон некој ги опуштал зглобовите, за да може и карлицата да се спреми за пораѓај и така и лигаментите на нозете се ширеле. Јас се помирив, нз дали има спас за ова Јас и приметувам дека поширока ми е ногата (за подолга нз), ама доста поширока. Со втората бременост не се прошири уште, ова од првата ми е само... ем се поправив многу, ем големо бебе носев....
И јас имам мака со ширината на ногата. Должина носам 38.. ама сиѕе чевли ми се 40 или 41 заради ширината. Нервоза ми е кога треба да купувам чевли. И сум со многу ограничен избор. Добивањата ми се пофини. Количински малку повеќе ама немам болки какви што имав пред бременоста. Тоа е пофино. Градите ми се изменети ама тоа е тоа. Стрии немам нешто посебно (барем не нови) ама мака мачам да ги симнам килата што ги качив. Тешко заминуваат. Потешко од порано.
Градите ми пораснаа. Имам за извоз. Стрии на стомакот и бутовите. Косата не ми опаѓа толку. За време на втората бременост и после тоа, косата многу ми опаѓаше. Со обувки немам проблем.
Освен шо сум дебелка други промени немам. Косата не ми паѓа, немам стрии, цицки немав и сеуште немам ама циклусот ..чешма. Пообилно од пред бременост. Се надевам да се вратам на стара килажа ама тешко ми оди
Јас сум послаба од пред да останам бремена. Прво од режим некој си мој а потоа од нервози и две лежења во болница со дете. Првиот пат 8 дена немав јадено а вториот 11. Затоа имам цицки до колена стрии ко зебра и кожа за 2 гајди.
@LiliBoz аман компарацијата немој така мене исто косата страшно ми паѓаше првата година особено при бањање.Се смири после само од себе. со тежината и стрии немав проблеми ама затоа циклусот знае да ми е*е векот на моменти.Стрешен пмс,нервоза и мн болки.А пред тоа ок бев
шо те гајле освен маж ти и онака друг не те гледа нему не смее да му смета ништо оти он делумно е ‘крив’ за бременоста
вистина како ви реагираат мажите на промените на телото после бременоста? Мислам дека не сме зборувале за тоа
никако. не коментира. Посебно не кога бев буре. Сега само ми вели дека сум баеги ослабена ама го гледам дека загрижен е.
Цело време кога си ги кажувам мааните, он ќути. И тука почнувам со: молчењето е одобрување Па после се правда и така. Ама навистина мислам дека јас си имам поголем проблем во главата, отколку он што има. Мислам дека воопшто не се замара, односно не гледам промена на полошо, туку баш напротив, како повеќе да ме цени. Ама жена ако не искомплицира Исто Ама па шо се секираш, Даскалов во ремедика е, ако сакаш ќе го бараме да нѐ среди Втората добива 50% попуст
Па после кога ќе шетаме стегнати со децата за рака, ќе нѐ прашуваат која е нашата тајна. Ќе кажуваме дека гени се во прашање Гени од 2-3000 евра
Никако. Во овие 12 години што сме заедно имам милион пати варирано со тежината. И тоа зборувам за варијации од по 30тина кила. Никогаш не му смета ништо.. повеќе се нервира мене што ми смета и што си мрчам самата. Инаку во тек на бременоста мислам дека сфати колку стварно телото ни е подложно на промени а и настрана физичките, колку ни е подложно на хормонални лудории... беше вчудоневиден од моето однесување и емотивни скокови во расположение..