Јас сум шланк благодарение на децава, 24/7 со нив, стоечки АКО можам да јадам, ако не не јадам и така. И мене од стрес ми влијае дали имам апетит или не, мислам периодов и се стопив од стресови со синко. Башка сега посебна исхрана за него, премногу тешко ми е! Поред него и јас на диета сум, благо дома нема, леб што дуе нема. Инаку огромна мака со стомакот имам, страшно ми се дуе од време на време (сега 7 дена ми е балон, еве @fana ми го виде), ме боли нешто над папок, едвај мочам... слаба сум, а надуван како за 5ти месец (а не е секогаш вака, рамна сум ептен инаку)
Стриите,виснатата кожа на бутовите и акните не ги ни приметува, ама секој втор ден ми збори колку сум била слаба и да јадам. Гради немав пред бременост, едно време ми беа поголеми, сега ми се скоро како порано, само што едната ми е многу поголема.
И мене ми вика да се поправам А градите... не ми се збори, многу убави и големи ми беа порано.. носев 90/95.. корпа Д. Сега носам корпа Б аш гради... дали и дека ослабена... мада порано и слаба си ги имав. Ми исчезнаа.. Би се поправила само за нив но џабе, а се поправам се оди во гзои и бутови највеќе
Исто и кај мене. Јас не смеам да застанам на вага страв ми е, 45 бев вчера. 8кг се поправив, а скоро 9 месеци од пораѓај сум 13кг ослабната.
Ти и превише... Јас сум си сега таман, дури би симнала и уште 1,2кг. 70кг сум на 180цм, но сакам од ова бутките уште да извадам, за тоа вежбање треба и ке почнам да вежбам кај и да е.. се канам да отидам
Во бременоста многу си се свиѓав, сега цк. 7,8 кг да се поправам ептен ќе сум среќна 1,60m сум и 52,53кг мислам дека супер ќе стојат
Ја сум си манИкенка бре со 20 кила плус, стрии од дете бр.2 и убави цицки. Сама ќе си ослабам, а цицките друг ќе ми ги среди Маж не збори многу, арна сум била (како не).
Јас ја имам килажата од пред да забременам со второ. Маж не смее да зуцне , ама неколку кила вишок кој ми останаа од првата не ќе биде лошо.
Кога правите споредба пред/потоа треба да земете во предвид дека сега сте жени, без разлика колку години имате. После бременост целата конституција на телото се менува и неможе да биде истото и да се споредувате со 20 годишна девојка или со некоја што не родила. Вишокот сало и купот целулит што го имам баш сега во лето и ме спречува да носам кратко не ме фрустрира зашто знам дека може да се санира после некое време, НО исто така килажата од 62кг која сум ја носела во тинејџерство и цела младост додека не забременив на 30 години знам дека никогаш повеќе нема да ми стои. Јас сум задоволна со тие 67кг, со помалку би изгледала анорексично.