Не ретко ќе ми текне дека речиси за секој здравствен проблем што сум го имала различни доктори ми викале: ќе родиш дете, ќе се среди Како бременоста и раѓањето да се магично решение за се. Е како бе никој не ми кажа дека после бременост ќе ми се распадне телово Стопалата ми пораснаа во должина и ширина за 2 броја (41 носам сега ) Сколиозата ќе ми се зголеми и ни гардероба нема да прикрива толкава грбка Косата пола падна, ама среќа се обнови. Циклусите ми станаа поболни, а ПМС драстично поизразен. Стрии не добив нови (само заради кремата што ја мачкав) ама затоа капилари, вени, целулит... А да, и да не заборавам се уште 8 кг+ што си ги носам. Јаготка на шлагот- сите алергии и болести се уште си ги имам. P.s. и мигрените на другарките мои не поминаа
Читам дека некои имале проблеми со циклусот. Јас немам. По двете породувања обилноста на циклусот се намали. Раат сум.
Јас немам обилен, ни болки... кога ке добијам како да не сум добила. Но мноооогу ми касни, после прв пораѓај едно 4,5 пати со апчиња добивав, а еве и сега после втор ми е исто, рано е.. па ај се надевам ке се среди.. И ја префрлам вината на тироидната, мислам таа е крива што толку ми касни..
Ми остана стомаче ко трудничко Се случувало да ме прашат -има нешто ново? Ко 5,6 ти месец ми е подуено. Дури се мислам на лекар да појдам Нешто не вежбам баш освен орбитрек, а и на јадење пазам но не премногу.
Ќе пукнам од мака дека ми остана стомак. Рамен стомак и тенка половина беше единственото нешто што сакам на моето тело, а сега ...
Настрана тоа што сум дебела... Сум ги имала овие килограми и порано ама сега ко проширена сум гломазна безврска ептен
Јас симнувам уште кг. И планирам бар уште 10тина да симнам, ама ко шифоњер сум во конституција. Па газов ко 2 чиста нова македонија е.
Strii aha tuka se.Na stomak i na noze.Abe mnogu kilaza kaciv vo bremenosta.Pocnav so 53 a se porodiv so nad +20.AMA za moja sreka,simnav skoro se.Denes se merev,56kg sum.Imam malce stomak ne vikam ne,ama nisto strasno ne e.Gradite ne mi se visnati ko na barbikata pogore @mariz so ja postirase samo mi se malkicku pogolemi od prethodno.Se na se,zadovolna sum od momentalniot izgled.Malku poveke oblini i gz koi mi licat, ne sum slaba ko porano.Stalno vikam debela sum,ama so 3+kg poveke priznavam ne e strasno. Site sme si ubavi be zenski,neli majki sme
20тина. Ги симнав сите и идам уште надоле, ама некако формава ми е бљак. Мора да се вежба за затегнување. Целулит колку сакаш. Ми е мака за моето даска меше и за газов "машала" Сакам уште 10тина минус каква што си бев во 20тите.
И јас после првото бев баш девојче мала килажа качив немаше ширење карлица од раѓање бев царски рамно меше тесни колкчиња абе манекенка. Ама пак после природниот пораѓај ми пораснаа бутчиња ај со килажа некако се вратив ама не личев пак на тоа девојчето од 20год. Гради машала си имав од мома и сеа можам ко индијанките бебето на грб и да го дојам , а може и машна да ги врзам е тек после третово сега ај може ќе ме чести маж ми сега за синко(имаме 2моми) брест ридакшн -едно Затегање корекција на гради
После прво се менува телото, а тек после второ, трето Кај мене не е толку проблем килажата, ама дефинитивно му треба стегнување на телото. Видливи резултати имав единствено со фитнесот, и тоа одев некои 2-3 месеци. И да кажам, дека со облека знам да се прикријам и изгледам исто како претходно, ама без неа, далеку од тоа што бев порано.