Луѓеее , баш ме интересира дали вашите чувства се променливи или пак секогаш знаете точно што чувствувате и што посакувате?
Многу пати ми се случувале тие променливи чувства ... за тоа сакам ова да го купам не не она,ми се свига тој па потоа се изгубат тие чувства и.т.н
па зависи кој дел од месецот, на почеток на месецот сум у пмс и сум обично депресивна тогаш и сама не знам со сакам, а после тоа сум си онаа вистинска јас што знае секогаш што сака и што не плаче на некоја најбанална работа
Aaх.. да да. за многу работи.. им завидувам на оние луѓе што имаат свој став да кажам.. значи секогаш уверени у се и секогаш сигурни што сакаат! Јас на пример иам проблем со чувствата коа станува збор за љубовта.. Еден ден многу го сакам,после тоа а нешто не ми напраи по кејф одма мислам на најлошото и се чувствувам празно..
Добро е , не сум единствена. У принцип јас сум многу чувствителна за секоја ситница можам да се расплачам,многу работи што за некој луѓе не се воопшто битни јас ги гледам и тие некој работи многу ми значат .. Ии .. некоја мнг мала работа може да ме усреќи и обратно. затоа и чувствата многу често ми се менуваат ... Али исто така и многу често незнам што чувствувам и тоа е мислам дека најголемата казна што може да му се случи на еден човек. Буквално незнаеш што осеќаш,незнаеш што да праиш,незнаеш зашто неможеш да сфатиш што чувствуваш итн.
Јас сум си такво неодлучно створење.Кога одам да купувам гардероба некогаш ќе го купам и првото што ќе го видам а некогаш ќе се мислам ќе се туфкам.А за во љубовта знам што сакам но некогаш имам такви моменти на несигурност.Мислам дека колку толку понекогаш сите ги имаат.
Некогаш навистина знам што сакам,но друг пат не.Во некој период како да се каам за одлука за која претходно сум била сигурна дека е правилна.Си велам ех да не направев така сега ќе беше подобро....Но навистина некогаш не знаеме што сакаме.Барем јас така мислам
Прашањево си го поставив себеси баш вчера. Не знам што ми се случуваше во последно време, можеби испитната сесија ми го помати умот, ама веќе не знам ни што чувствувам. На моменти си мислам дека се ми е совршено, потоа се нервирам за мали глупости, за на крајот да сфатам дека се ми е рамно до Америка и назад. Особено кога треба да добијам, се шекнувам! Решение? - Немам. Освен тоа да се напијам чај од нане и да легнам да поспијам па да си ги средам чувствата
Променливи чувства? Колку сакаш! Променливо расположение-ненормално! ВО многу тежок период се наоѓам, од кој немам излез во скоро време. Ги гледам луѓето околу мене како напредуваат, а јас тапкам во место, и што е уште потрагично, во мене се изродија некои чувтсва кои не ми се својствени и кои никогаш ги немало претходно! Почнав да им завидувам на сите околу мене, да бидам страшно лута на животот, да се нервирам што ништо не ми оди од рака, не оди како што треба, а создавав услови да бидне. Почнав на дечко ми да му завидувам за многу работи! Ова не сум јас, не се препознавам, му се лутам, а тој е ни крив ни должен. Му се лутам зашто животот бил подарежлив кон него, се карам со него... Многу ми е тешко, а последниве месец ипол расположението ми се менува на секоја минута. Помош!
Ахх.. па добро секој човек си има такви моменти во животот.. и мислам дека не постои човек кај кој секогаш чувствата му се средени и секогаш знаат точно што сакаат.. Животот е таков само и покрај сите тие работи што се случуваат секогаш и колку и да неможеме треба да ја гледаме светлата страна на животот т.е секогаш да размислуваме оптимистички. Јас сум таков човек,но не велам дека мене не ми дошло да се утепам од плачење и цела недела да лежам у кревет и да не се мрднам од таму!(секако сум имала мнг такви моменти но тоа не го правам пред другите,туку така потајно навечер ако ми е тешко ќе си се исплачам и после тоа утредента сум како НОВА со желба за живот,некако и посилна се осеќам си имам цел итн.. Али чувствава буквално си играат со човекот ..Хах,никогаш неможеш да им наредиш на чувствата ВАКА ИЛИ ОНАКА ЌЕ БИДЕ! јас сум голем ИНАЕТ и многу пати и по цена да ми е тешко некое чувство нема да го искажам , ќе го зачувам во мене . .. па после јас си знам како ми е.. Али ... незнам дечки , едноставно у последно време на пола саат ми се менуваат чувствата и ИЧ не ми се свиѓа тоа... незнам дали е до мене,дали ми е таков периодот или однесувањето на луѓето кон мене ја предизвикуваат таа промена.. НЕЗНАМ стварно!! Едноставно некогаш човек не треба да се замара со некој работи многу ,многу .. да остави се да си иде полека ..па што биде нека биде.. Сум приметила дека тие луѓе многу поубаво си поминуваат у животот него оние што стално му ја мислат зашо сеа вака,зашо онакаа..
Ехее јас сум и ќе останам жива мистерија ..Човек не знае како да ми угоди,денес ја сакам белата боја утре црната,денес сум санта ледена утре жива ватра..А најчесто се прашувам Го сакам или само ми се допаѓа ? Едноставно неможам да разграничам меѓу тие две работи.Ете не знам што сакам а би сакала да знам,ама чекај бе јас уствари САКАМ СЕ ! ..Мислам дека полот е виновен за овој наш проблем,туф жени бре
Чувствата ми се променливи само кога сум во ПМС. Мразам кога некој има премногу променливо расположение.
Не секогаш често знам што сакам, некогаш и самата не знам што сакам. Најпроменливи чувства имам во ПМС , да не објаснувам какви се подразбира, ете де ми се плаче, де ми се смее, де викам, де молчам.
Променливи чувства..Ах преку глава ми е од истите. Многу пати знам да се расплачам заради нив. Но се поминува и знам точно што сакам и што ми треба. Тоа е само моментално
Променливи чувства ми се јавуваат само кога сум несигурна во нешто. За среќа, поголем дел од времето сум прилично сигурна во работите, па не ми варира премногу интензитетот на чувствата.
Охоо темава како за мене. Многу променливи чуства имам, некогаш мислам дека стварно не знам што сакам. Си се тешам со тоа дека женско сум, хормоните ми се такви, ПМС, а освен тоа и пубертетлија сум. Сакам нешто додека не го добијам, после следи период на рамнодушност и на крај одбивност према тоа што сум го сакала пред тоа. (секако не зборувам за личности и драги луѓе,иако не негирам целосно дека ми се случило да ми се свиѓа некој и после 2 дена откако ќе видам дека е заинтересиран да ми згасне желбата да му го привлечам вниманието).