Променливи ми се ехее... Премногу. незнам ни самата што сакам во некој момент. Често плачам за глупости, а после 5 минути се смеам исто за глупости. Значи ваква сум, и не сум во ПМС.. А во ПМС кога сум све ме нервира! и од што се нервирам пак плачам. Плачка сум јбг
Можам да сменам 487653 чувства во рок од 5 минути Да променлива сум многу, но многу ми се променети и чувствата од пред 4=5 месеци. Секој ден со ново мислење. Жени!
да! често менувам расположение еднаш се смеам и се ми е нај нај... за 3 минути јас чурам од нервоза. а во ПМС кога сум, не ме чепкај не разбирам тогаш ни зезања секогаш се двоумам помеѓу нештата (типично за близнаците)
Имам доста променливи чувства, понекогаш дури и се чудам дали е можно до толку ама да, типично за близнаците
имам некој периоди кога или не знам шо сакам или ми е прку глава се, па ми е сеедно шо понатаму, ама во глобала сум личност кој знај шо сака и како да го постигни истото. позз
Јас сум поим за променливи чувства. Сега вака па по пет минути инаку. Се смеам дур се смеам после ме гледаш се нервирам за нешто им се придерувам на сите фрлам тепам викам и на крајот плачам... и одново се смеам.... Порано бев секогаш оптимистички расположена, а сега се си мислам дека подрско и побезобразно суштество нема од мене..... Ама то е то.... и таква ме сакаат тие што ме сакаат.
Еееее кој не се нашол во таква ситуација,помалку или повеќе сите знаеме да бидеме такви.Во секој случај кога се во прашање поозбилни работи мислам дека е битно да си стоиш на својот став и да го почитуваш,ако сакаш да ја заслужиш и почитта од другите! Сакам да се раководам од онаа изрека Тоа што плукам не го лижам,и гледам да ми биде еден од основните принципи,но ако грешам во дадена ситуација знам да си се извинам и да го променам мислењето се со цел да биде успешно завршена работата и нормално да не бидам тврдоглава без причина!
Има периоди кога навистина незнам што воопшто сакам и постојано го менувам расположението.На моменти не ми се праве ништо,ме фаќа некоја депресија,носталгија чат-пат и пуштам некоја солза.За кратко време ми поминува тоа па почнува да ме фаќа лудило,е тогаш почнувам неконтролирано да се смеам,да пеам и уште што не.Во такво издание најдобро ме знае дечко ми,само ќе ми рече ах кој вели дека ми е лесно на мене да справувам тука со тебе Но што да правам тоа е,ме знае тој мене па не му пречи.
Не сум баш од тие што имаат променливи чувства, мислам дека мојата упорност и инатот понекогаш и ме коштаат во животот. Знам, ама таква сум...уживам во убаво расположение а се убивам во мојата затвореност понекогаш. Понекогаш треба човекот да е голем филозов за да ме свати што сакам или пак јас оставам таква слика пред друг. Не ги баш така лесно искажувам своите чувства, така да некогаш и сум неприметно нервозна или среќна. Мислам дека чувствата понекогаш излегуваат и од нашето секојдневие, работите што ни се случуваат...
Па рак сум и ние сме си познати по честото менување на расположение. Чувствата ми се менуваат од минута до минута. Некогаш не го сакам тоа, ама па кога од лошо кон добро ми се менува баш сум задоволна.
па во мојот моментален период - збрлавувам (т.н) променливи чувства еден тон, расположенија уште повеќе... па и ми доцни (ајде ден, два ништо не е) и сфатив дека поради честите двоумења (најчесто помеѓу 2 нешта), и нивните променливи чувства и расположенија, близнаците се манифестираат како нестабилни личности! е ова е главната теорија.
Има периоди кога ме фаќа некоја депресија. Тогаш сум ужасна. Можам да се смеам на нешто небитно, да плачам на нешто смешно...хорор сум Понекогаш така безвезе ми доаѓа желба да го откажам дечко ми, да се скарам со сите....И поим немам што ми го предзивикува ова расположение. Се мразам кога сум таква.
Уф, за жал да. Имам моменти кога ми се менува расположението, обично во пмс. Плачам, па ќе ме обземе чуство на среќа, па лута сум и се ми иде на живци, паме фрка депресија и очај итн. Тогаш се затварам дома и си се празнам емотивно. Не за друго - ги жалам тие што би ме трпеле. Кој да ме трпи кога самата сум си досадна во вакви периоди Тоа е. Жена. Плус водолија. Ужас
Па со оглед на тоа што сум близнаци,и тоа како знам да сменам повеќе расположенија Но,кога ќе решам нешто,тогаш си стојам на тоа
Мене ко што ме дрмнал пубертетот да не зборам све што ми се дешава. А и плус сум Риби, што е многу чувствителен знак и за се и секого се грижи, неснаодлив е - баш како мене , онака се вознемирува и се плаши за глупости, знае длабоко да сака и многу брзо да се заљуби. Туку јас си забегав од темата, почнав да си раскажувам за хороскоп Па јас денес сменив САМО сто расположенија Сабајле бев таква цела bouncy , среќна, возбудена, после се изнервирав, бев тажна и љута и у нервозата што све не напраив, дури на еден почнав да го мавам нешто што ме нервираше, а чоекот уопште не беше крив. Сеа не е битно кој е , шо е После му се извинив битно хахаха, не се љутеше И некако уште ми трае нервозата, зашо напраив така, како сум глупа итн. Ама сепак сеа сум подобра од преска, пак сум посреќна. А до после - којзнае што може да се деси пакк
И јас сум близнаци . Нема потреба да објаснувам повеќе . Расположенијата се менуваат, работите здосадуваат... Сепак во врска со љубовните чувства никогаш не ми биле променливи. Е, сега во однос на други работи, често знам за без причина да бидам тажна да ми се плаче, па за кратко да се насмеам да сум среќна. . Но на крај кога се одлучам, одлучено е како што кажа виолинистка.
Близнаци сум и јас - се е кажано! Расположенија менувам 300 на саат. Ќе плачам па за 5 мин ќе се смеам. Чудна работа! Постојано незнам што сакам и за се и сешто си плачам. Па поради тоа често паѓам и во депресија, поради мојата потсвест дека сум осамена. Среќа па брзо ми поминува.
Претежно си знам што сакам и се стремам да го постигнам тоа се додека не успеам. Некогаш долг период имам една желба и додека не ја исполнам не се намалува, напротив, тоа уште повеќе ми ја зголемува фантазијата и посакувањето. Некогаш пак (сепак ретко се сличува, но има и такви моменти), во многу краток период можам да го сменам мислењето повеќе пати. Но тоа најчесто се работи што не се од голема важност за мене и конечната одлука нема да промени нешто значајно.
Променливи чувства,сите си ги имаме на сите ни се случува.. Имаме моменти кога сме со едно чувство а по некое време за краток или пак подолг период тоа чувство мора да се промени не можеме постојано да се чувствуваме среќни или пак тажни,депресивни или пак секогаш позитивно расположени. Лично јас си имам онака понагласени чувства,во последно време се трудам некако да си се исконтролирам или пак барем да поднаучам како да си ги контролирам.Само кај мене некако сум си забележала кога сум среќна и за ситница сакам сите да го знаат тоа и тоа од една причина за да им ја пренесам мојата позитивна енергија и на другите.А кога сум негативно расположена со некои негативни чувства знам и тоагаш многу отворено да си ги искажам и покажам а тоа ми е огромна грешка..Што сум отворена,а убаво викаат никој не го интересира твојот проблем како што на самата тебе,сите можат да те советуваат а тешко е да се стават во твоја кожа или пак ти во нечија ...
Јас сакам нешто да ве прашам. Нормално ли е да незнаеш за што плачеш или да се смеееш на прст ? Дефинитивно кога сум во пмс, јас се корнам од плачење, а незнам зошто. Ќе ми текне дека сум некое си дете од Танзанија и ќе земам да плачам. Или ќе ми текне дека имало маскeмбал за наставници и крај ќе прснам од смеење. Неможам да се контролирам, ќе си дојдам од школо целата во некој филм што сме зборувале оклештена и наеднаш ке ми текне дека на тестот ништо не напишав и така ке се замислам, уште да заплачам. Не друго, ги збунувам домашните. Неможат луѓето да сватат какво ми е расположението. Ќе појдам кај една другарка, да си се тешиме, ќе и цимолам.. ова, она... и ќе ми текне. - Ај екни ја таа песна и ќе земеме ко луди да викаме, мислиш на лото сме добиле.