Проодност на јајцеводи (HSG)

Дискусија во 'Бременост' започната од mace12, 29 мај 2011.

  1. SenzeRR

    SenzeRR Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Која би била целта на лапораскопската процедура? Инаку сум читала дека има чај за запушени јајцеводи во билната аптека на Алкалоид.
     
  2. @mekana

    @mekana Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Ги одстрануваат само јајцеводите, секако се нефункционални, а може да направат само проблем доколку настане хидросалпинг и да предизвика спонтан абортус, доколку се полу проодни исто се препорачува да се одстранат зошто може да предизвика вонматерична бременост, и во двата случаи се оди на инвитро, затоа е подобро да ги нема и за побрзо одобрување на ваучер за ивф, мене со еден полупрооден ми бараа две инсеминации што знаев дека нема да бидат успешни, сега сфаќам дека требаше и јас да ги извадам ама за среќа не настана некој поголем проблем, сега сум бремена со близначиња.
     
    На SenzeRR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    331
    Пол:
    Женски
    Консултирај се и со друг доктор за дополнително мислење.

    Ако станува збор за хидросалпингс (најчесто се препорачува отстранување на тубите), тоа може да влијае негативно на исходот и при ИВФ. Доколку не е тоа случај, размисли дали лапароскопијата е навистина неопходна.

    Дали целосно е исклучен машкиот фактор? (Спермограм, спермокултура, ДНА фрагментација)

    Јас имам една непроодна туба, но поради присуство и на машки фактор, не ми препорачаа лапароскопија. Можеби би било корисно да направиш уште едно ХСГ на друго место за да потврдиш дијагноза.

    Ако нема проблем од машка страна, лапароскопијата не е комплицирана – обично за неколку ден си се враќаш во нормала. Најважно е да се консултираш со доктор во кого имаш доверба и кој ќе ти даде соодветни насоки...

    А и да не заборавам, кај мене на ХСГ беше наведена препорака за лапароскопија, но по разговор со докторот, ни кажа дека е подобро да преминеме на ИВФ, имајќи предвид и машкиот фактор.
     
  4. SenzeRR

    SenzeRR Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Да ти се живи и здрави и лесна бременост да имаш А ако излезат непрооди и решам дека не сакам да останам бремена бидејќи имаѓ веќе едно дали исто треба да се одстранат или така не прави тоа проблем?
     
    На @mekana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    84
    Нема машки фактор, се е ок.
    Многу бев под стрес. Ме преместуваа во тек, се стегнав, се ми беше преболно. Предолго траеше и цела се згрчив.
    Чекав долго, се беше чудно, цела се измачив.
    Мочен меур полн, во тоалет плус ми се одеше, ме наместија едвај, оди погоре, оди подоле, оди ваму, оди онаму... одвај го наместија и спекулумот им се вадеше, се осеќав како телово ми се бори. Не можев ни да се опуштам. Ги осеќав стомачниве како ми се стегнати простум.
    Се борев.
    Докторката си беше професионална, ама целиот сетинг, ден и ситуација искочи многу глупа.
    Појача и контраст, ама јас знам дека јас се борев. И едниот не се покажа воопшто, другиот бледо...

    Сега се осеќам физички измалтретирано, а веќе и психички.
     
  6. @mekana

    @mekana Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Фала ти , па мислам дека освен за бременост не би требало да прават проблем , ама секако консултирај се и со доктор
     
  7. SenzeRR

    SenzeRR Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2023
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Леле баш и звучи страшно тоа што си го поминала. За 2/3 дена ќе ти помине стресот и лошите чувства оа тогап со ладна глава че провенип дали да повторип на друго место итн. Каде го правеше хсг?
     
  8. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    331
    Пол:
    Женски
    Разбирам низ што си поминала, жал ми за твоето искуство.
    Контрастот го појачуваат да, кога нема проодност, истото го забележав и кај мене..
    Сите имаме различна толеранција на болка, но лично не би повторила ХСГ без анестезија. Сметам дека кај мене болката беше тоа по интензивно изразена поради затворениот јајцевод.
    Кога има проодност, контрастот полесно поминува, но кога е непроодно, се прави поголем притисок. Сепак, кога ќе се почувствуваш подготвена, добро би било да се консултираш со друг доктор.
    Најдобро е да го повториш ХСГ кога ќе бидеш подготвена, во подобри услови и со поопуштен пристап – со анестезија.
    Јас би ти го препорачала во др. Сотир - Плодност.
     
    На Gaia_25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    84
    Не сакам да звучам во неверување и да тврдам дека е неуспешно заради нив. Но, паралелно во другата просторија имаше специјализанти и други вработени кои се караа за нешто, негодуваа.
    Толку непријатно беше се... навистина не знам што да мислам.
    Техничарот беше напнат, неспремен, отсечен. Имав чувство како прв пат да се случува интетвенцијава кај нив.
    И испадна на 6ти ден од циклус, не на 8, уште и имам малце добиено.
    Не велам дека тие не се ок, ама не можам да кажам дека беше како што треба. Се ова траеше пеколни 3.5 часа.
    Одете си кај Толовски ако немате проблем со алергии. Докторот е човечен, докторката Парталоска е царица, опуштени и одлични.
    Пак ќе речам, ова е мое искуство и може некој ќе си рече епа не и одговара резултатот па мрчи, ама сериозно не е така. Мислев ќе завршам за половина час.
    Дополнително што докторката не ми даде ни убава реакција. Како прв пат да гледа вакво нешто, а јас имаи две глави и имам пенис, буквално така беше. Така и се изрази до некаде. Од друга страна е добра докторка, така ја зборат. Се разочарав и си заминав со длабоко чувство дека сум чудак извитоперен кој е за жалење. А плус што ме испозаборавија. Па седев и со други пациенти припремени за други прегледи, со сериозни состојби, па слушаш свашта, особено поболно е што истите тие ситуации и дома ги имав па ги преживував пак. Зошто? Кога не морам и не сакам.


    Добро, секако ќе постапам така. Лапараскопија ете не бега. Ама се трудам да си најдам надеж... дали некој имал сепак хепи енд и со ваков исход? Или некој што сепак нашол алтернативен начин?
     
    Последна измена: 7 март 2025
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  10. @mekana

    @mekana Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Каде правеше HSG ?
     
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.178
    Пол:
    Женски
    Тебе те вратија од Толовски, правеше во Систина? Жал ми е што ваков хорор си доживеала, пробај да направиш на Гак за второ мислење ако си правела во Систина затоа што од таму имаше и дриги членки тука што се пожалија на третманот и погрешна дијагноза.
     
    На Gaia_25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    84
    Не би да пишувам, не сакам да нарушувам углед.
    Приватна болница е.
     
    На @mekana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    84
    Хорор е мал збор.
    На крај ме заборавија.
    3.5 часа ХСГ... Сфаќам се, и итни пациенти и случкок.
    Непријатно е да, но не е точно дека болно е ако се затнати, а не е болно ако не се. Болно е кога те местат и го влечат грлото на матката, потоа течноста не ја се ни осеќа освен како менструална болка слаба. Но местењето беше страшно...
    Да инаку, ме вратија од кај Толовски. Докторот е прекрасен, нека не ве лажат за приватните други.
    За да на крај ме остави без зборови и без совет и без објаснување...
    Јас чувствував страв цело време. Тие не можат да разберат дека борбата за бебе прави сила да издржиме се, ја не се плашев од болката, колку од исходот. И ете го...
    И кого да обвинам? Спонтаните си наоравиле свое...
     
    Последна измена: 7 март 2025
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Matteaa01

    Matteaa01 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Zdravo, imam napraveno hsg odamna i kanalite proodni. Dali se pravi pak postapkata vo slucaj da ne dojde do bremenost ? (nemam rodeno uste) Fala odnapred.
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.155
    Допаѓања:
    11.956
    Пол:
    Женски
    Па баш дека е приватна, кажи кај кој имаш одено. Боже мили да не рушеш углед, се читаш ли?
    Јас кај оваа фалената во Систина одев, Гордана и ја кажувам никогаш не би стапнала кај неа. За некој да не згреши ама па има и задоволни кај неа, па нека ди одлучува секој.
    Треба да се пишуват искуства, лугето даваат толку многу пари и зошто да минат повеќе низ хорор? Некои чекаат дете повеќе од деценија и зошто и друга мака да тргаат?
     
    На Anyshka, Gaia_25 и Ladyme им се допаѓа ова.
  16. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Јас кај толовски праев хсг излегоа непроодни и двата, после тоа хистеролапароскопија испаднаа проодни двата...
     
    На Gaia_25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Love&bebe

    Love&bebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Како се чуствувате после ХСГ.
    Вчера правев помина ок многу малку крварев,денес имам болки ,кркорење во стомакот и како подуен ми е.
    Дали да се напијам нешто или и на другите ви било вака?
     
  18. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    3.155
    Пол:
    Женски
    Пиеш антибиотик така?
     
  19. Love&bebe

    Love&bebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Цитерал 2×1
     
  20. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    3.155
    Пол:
    Женски
    Епа земи си Пробаланс по едно после два часа од антибиотикот. Покрај пробиотска култура намалува надуеност има во него нане и камилица ги смирува цревата. Јас имав чуство малку како напната бешика матка незнам како да објаснам ама немав болка. Плус испив серапептаза околу 5 дена и пентоксифилин да се подобри циркулација во матка. после два дена имавме односи дека овулирав и тој месец останав бремена симптоми пред добивање надуеност и болки гради .
     
    На Love&bebe му/ѝ се допаѓа ова.