Нема смисла со анестезија, 30 секунди трае цела процедура, ќе осетиш болка како за добивање, може ни толку. За да се опуштиш претходно напиј се нешто појако за болка, бруфен, кетонал...
И јас од истото се плашам. Некои викаат премногу болка до онесвестување. И треба да се јавам деновиве за да закажеме. Ми дадоа Прималут да пијам за да добијам па после тоа да се јавам. Ама многу ми е страв. Воопшто докторот не ми спомна за анестезија.
Веројатно е доста поскапо со анестезија во Систина, така да отпаѓа кај мене таа опција. Сите имаме различен праг на толерирање на болка. Проблем е што мојот праг е ептен никаков, не поднесувам никаква болка и добро се знам. Еве и тука некои пишаа дека ептен боли, знаејќи се себе јас ќе бидам иста. Мене и редовен гинеколошки преглед ми е болен. Тоа спекулум ве боли вас? Мене да. Си мислам вака психички се спремам зошто имам уште недела дена додека правам ама дефинитивно ќе се напијам некој ефридол и дијазепам тогаш. Стравот мора да го надминам, зошто понатаму има и други процедури ова е само почеток.
И јас осеќам болка при нормален преглед. Но имав и интетвенции неколку досега. Се јави проблем кој фала на Господ се среди ама сега треба ова да проверам пред да правиме инсеминација. Ај те молам пиши како ќе поминеш. Напиј се и магнезиум. Каде и кај кој лекар ќе правиш?
I mojot prag na tolerancjja na bolka e nikakov i plasliva sum epten, ama koga pravev hsg skroz otidov neinformirano pojma nemav sto me ceka , nitu izguglav nitu forum citav , epten labavo si otidov i uste polabavo pominav. Ti posakuvam i tebe isto . So lesnoo
Како јас да го пишував ова. Буквално исто поминав кај докторката. Изгледа е едиствената што го прави ова во Систина зошто не ми понудија друг доктор. Инаку до сега секогаш сум сметала дека имам висок праг на болка па искрено не очекував да ме боли. Но ова беше болно и воопшто не беше пријатно. Не ми се допадна пристапот кон целата процедура на докторката. Ниту објаснува, ниту разговара со тебе. Едноставно целото искуство ми беше со еден збор ужасно.
И јас планирам во Систина. Која докторка е таа? И само она ли прави? Ме интересира дали има веднаш резултати и колку вкупно трае процесот? И какви проверки правите пред ХСГ? Кој ден после менс се прави?
Јас правев HSG во Систина пред кратко време,Бојаџиев ми правеше....Болката е како јака ментруална болка...Се издржува со два бедоксина...)Пред тоа седиментација ми испитаа и толку....Со лесно
А според што не им е јасна сликата? Ти кажаа зошто? Абе зошто ја прават глупава процедура која не дава јасна слика секогаш? Што фајде кога на крај лапараскопија? Иста ситуација сум и јас, затоа те прашувам и коментирам.
Пазете и побарајте повеќе мислења со снимки од таму и мојата беше матна и за малку ќе направев лапараскопија без потреба. Не е тоа толку едноставно, сите што не праќаат правец на лапаро
Па јас отидов после во Систина за второ мислење и ми рекоа не постои полупроодни канали, снимката ти е ужас и кажи демек дали сакаш лапароскопија или повторна снимка да направиме. Не сакаа ни да ја видат оваа снимка и ме изнервираа ептен. После си ја сменив матичната зошто претходната беше ептен незаинтересирана и жената ја гледаше снимката кој знае колку време и ми вика проодни ти се каналите немој ништо да правиш. Наредниот месец ни се фати бебче со помош на кломифен што до тогаш никој не сакаше да ми го даде без лапароскопија а исто така моја познанична со снимка од кај нив направи лапаро и и рекле после зафатот па ти девојче немало никаква потреба да правиш лапароскопија. Е тоа да ми се случеше па да оди човек да ги тресне од земја.. кај некого може навистина е потребно ама не ова како што слушам и читам секоја втора ја праќаат како да е тоа обичен преглед..ужас
Гледам дека на темава има малку искуства за ХСГ во Жан Митрев. Бидејќи од кај Толовски ме одбија (заради реакција на пеницилин) се закажав таму, бидејќи и поприфатлива ми беше цената (7200 ден.). Закажана бев во 8:30, ми го направија дури во 10:30, наводно поради некоја друга интервенција. Искрено мислам дека докторката ме заборави, бидејќи кога се најавив на пулт немаа никаква информација дека сум закажана. Нејсе, по два часа чекање конечно ме примија и се беше на трчање, затоа што имале закажано друга интервенција, па моево ХСГ се протнало меѓу нив. Се чувствував буквално како на кланица, никакво објснување, брзи и невнимателни потези. Знам дека самата процедура е кратка, но не очекував дека ќе се одвива како да сум на лента. Имав и болки, но тоа го препишувам на непроодноста на каналите. Откако завршив ме испратија повторно во собата. Докторката дојде многу кратко, ми кажа само дека следно треба да правам хистеро-лапаро и дека тоа можело да се направи кај нив (секако, си реков ). Ми кажа кои антибиотици да ги земам и тоа е тоа. Никој не ми објасни каква ми е состојбата, само знам дека имам уште една интервенција која може и во Жан Митрев да се направи. Штом замина докторката на неколку пати ми се слоши. Болничарот доаѓаше, но излегуваше често од собата, кога се врати ми даде вода и неколку шеќерчиња. Лежев отприлика еден час додека се соземам и можам да станам. Искрено бев разочарана од односот, очекував да се попрофесионални, но тоа е што е. Затоа и на крај се одлучив следно да одам на клиника и искрено презадоволна сум како бев примена, прегледана и упатена за следните процедури. Тука конечно добив одговор за направеното ХСГ и што значи дијагнозата, иако претходно пребарав на интернет и chatgpt што значи сѐ. Секако дека е друго кога ќе објасни доктор. Ова секако е мое искуство, не значи дека секоја би го доживеала истото, но добро е да се има предвид. ☺️
И кај Толовски е како на лента. Кога заврши снимањето одма ме станаа ми дадоа улошка и ме испратија да си одам. На наплата ми ја дадоа снимката и никој не ни разговарше со мене за снимката, освен гинекологот што беше просутна на снимањето, додека се облекував ми довикна дека и се видело како да имам воспаление на јајникот еден и да си куоам сумамед еден да си испијам. Не ми кажаа ни антибиотик да пијам заради процедурата.
Што е кломифен и како помага? Кога го даваат и како? Инаку и мене ми кажаа најдобро да направиме лапораскопија и ќе знаеме на што си вака ова се се само претпоставки со хсг снима
Кломифен е стимулација и се дава доколку не ти растат доволно фоликулите и ако немаш овулација( само доколку ти се проодни каналите) . Дали си била да ти ги следат на гинеколог? И дали настанува овулација?
Воопшто не беше болно до онесвестување, осетив како штипкање, напиј се дијазепам пред хсг. Пред хсг треба чисти брисеви и седиментација под 12, мене ми закажаа на 8 ми ден од циклус. Процесот трае многу кратко и резултати веднаш ти кажуваат, ти даваат извештај и ренген снимка, ова за кај Толовски.