Проодност на јајцеводи (HSG)

Дискусија во 'Бременост' започната од mace12, 29 мај 2011.

  1. LolaLala

    LolaLala Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2025
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Денес како малку да ми се потсмирува, а хсг ми правеа во средата. Но не крварам денес, до вчера. Фала ви.
     
  2. iva0006

    iva0006 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки! Листав барајќи искуство со HSG на клиника, но не можев да пронајдам. Бев упатена за HSG, закажување само со чисти брисеви и крвна слика (седиментација). Резултатите од брисеви ги добив негативни, сега следен чекор е закажувањe, па решив да истражам дали на клиника или систина, но по тоа што прочитав тука сепак ќе биде ГАК. Исто така и совет од матичната добив дека најмногу им верува во ГАК, евентуално систина, Толовски не баш. Ве молам некој да сподели искуство од целата процедура на гинекологија: закажувањето (кој ден од циклус, и како сме сигурни дека ќе го погодиме тој ден доколку моментално сме на средина на циклусот), самата процедура, што потоа, итн... Добив информација од матичната дека се прави на 8ми ден, но прочитав различно тука. Исто така, што рекоа за природно пробување по процедурата - дали се паузира? За болката се помирив и сум ок со тоа! Да додадам дека има и доста искуства кадешто се случила бременост наредниот месец по процедурата бидејќи ако постои мало запушување самата течност може да потпомогне со проодноста, така да... :) :fingers-crossed:
     
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.494
    Пол:
    Женски
    Нема тука одговор за на Гак, до сега неколку пати прашуваа. Ако добиеш инфо сподели го, зошто јас колку што ја пратам темава никој нема таму правено освен една членка која рече дека и со врски била. Мене гинекологот ми рече кај Толовски дека се прави, еве последниве искуства што ги споделија членки од Систина и Жан Митрев не беа добри.
     
    На iva0006 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iva0006

    iva0006 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Фала Ива :) За кај Толовски - да, се прави, но мојата матична не ми го препорача. Океј, сепак ќе одам со ГАК, одам утре да закажам па ќе споделам искуство <3
     
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.494
    Пол:
    Женски
    Јас сум во циклус и вртам кај Толовски зафатено е. Иначе и јас на Гак највеќе верувам ама не го знам начинот на закажување.
     
  6. princessgirl47

    princessgirl47 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Па најверојатно треба матичната да закаже или упат да ти даде. Не сум сигурна ама јави си се прашај.
     
  7. iva0006

    iva0006 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас бев препратена од матичниот гинеколог на ГАК - оддел асистирана репродукција со цел да ми дадат упат за Анти Мулериан, но докторката на ГАК рече пред било што - прво ХСГ. Така, во извештајот пишува “да закаже ХСГ со брисеви и крвна слика“. Сестрата ме посоветува прво да направам брис па да се вратам да закажам термин за ХСГ. Колку што знам матичниот гинеколог не може да даде упат за ХСГ нити за АнтиМулериан, само специјалист... Сепак ќе одам да закажам во петок бидејќи тогаш имам упат и за прогестерон така да, ќе споделам тогаш :)
     
  8. princessgirl47

    princessgirl47 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2018
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Аа епа тогаш ќе ти даде матичен приоритетен упат за на гак и ќе те превземат од таму. Барем за мене така беше кога имав хиперстимулација па после интерно од гак ми даваа упати и ми закажуваа термини за се
     
    На iva0006 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.343
    Пол:
    Женски
    Ниту болки, ниту крварење.
    @91magi спроти фискултурно е, Димче Мирчев.
    @iva0006 мене матичниот гинеколог ми даде упат за амх на Клиничка биохемија, за гак не може да даде, мора гинеколог од таму.
    Хсг сама си закажав кај Толовски.
    Ми закажаа 8ми ден од циклус, за обиди ми кажаа 2 дена пауза.
     
    Последна измена: 6 мај 2025
    На 91magi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    84
    ХСГ на клиника мене матичната пак ни рече не. Од хигиена до тоа дека тешко се доаѓа до термин.

    И мене не ме болеше после хсг, имав уште циклус, па уште малце крварев и тоа беше се.
     
  11. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.494
    Пол:
    Женски
    Во право си била, немало потреба за анестезија.
    Бев и поминав без да осетам болка хаха. Се напив кетонал и дијазепам пред да одам и кратко трае а ништо не осетив. Кога ми рече сега ќе те заболи нема да те лажам ништо не сетив посебно, само како некој мал притисок. Ама проодни ми се каналите може и тоа има улога. Кај Толовски бев и супер сум задоволна од хигиена, пристапот и се беше супер.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. iva0006

    iva0006 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Да дадам update во врска со закажувањето на ГАК. Целата процедура изгледаше вака:
    Матичната ми даде упат за на ГАК оддел асистирана репродукција - оттаму, специјалистот (Др Ирена) ми препорача да закажам HSG со крвна слика + седиментација и чисти брисеви. Направив брисеви и крвна слика и отидов да закажам (се наоѓаат на трети спрат). Таму културно и фино ве примаат, проверуваат леукоцити и седиментација од крвната слика и брисевите, па ако е се во ред ве запишуваат на датум што одговара како 7-11 ден од циклус. Доколку сте на средина од циклусот - тука е веќе само претпоставка на датум (7-11 дена броено од денот на почетокот на очекуваниот нов циклус). Се прави само во вторник и четврток. Потоа ви даваат бројче да се јавите на денот кога ќе добиете нов циклус за да го потврдите датумот. Утринава се јавив да потврдам, ми рекоа дека е иницијалниот датум е во ред, и ќе ме исконтактираат ден пред за точно време и се друго што треба.

    Одам следна недела, па ќе споделам искуство :)

    Ова е голема утеха, фала ти :)
     
    На Iva:) му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mucana_Sk

    Mucana_Sk Нов член

    Се зачлени на:
    8 април 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да споделам и јас искуство кај Толовски, тукушто завршив и буквално никаква болка не осетив, дури и кога докторот рече “сега може да те заболи”, апсолутно ништо. Беше многу внимателен и за се низ процесот ми зборуваше, објаснуваше. Цела процедура Траеше буквално 3 минути. Во моментов малку крв на влошка, верувам ќе си се регулира.
    Е сега, ми кажа дека едниот е скроз запушен, но другиот прооден и дека без проблем би се постигнала бременост со таа туба.
    Мислење од искуство? ќе закажам и кај матичната консултација секако па оттаму би виделе.
     
    На Gaia_25 му/ѝ се допаѓа ова.