Пишано е мислам некаде ама ај пак ќе пишам Побарај упат од матична за гак за амбуланта 29, таму е за стерилитет. Таму ќе ти кажат точно што и како ти треба. Хсг се прави на радиологија. Ќе видат прво кога односно кој месец ќе фатиш термин, ќе те запишат па ќе се јавиш кога ќе добиеш за точен ден. Се прави од 7 до 11 ден, прават само вторник и четврток. Крвна слика со седиментација ќе си направиш пред циклус(во тој што ќе правиш хсг). На денот си идеш на гак прво, и од таму сестрите ќе те однесат на радиологија
Планирам хсг да правам вторник, а четврток одам на море. Ако имам крварење дали е тоа обилно, колку трае?
Krvarenjeto e razlucno kaj sekoj, primer jas ne krvarev voopsto na brisenje samo prviot den na dvapati imav bledo kafeav iscedok i tolku.
Не е обилно и макс два дена да имаш. Нешто како при крај кога ти е добиеното е. Барем мене ми беше така.
Правев ХСГ кај Толовски пред некој ден, вика каналите се проодни, но матката неможеше да ја види докторот, и ми напиша на извештајот дека треба да правам магнетна резонанца за абдомен, да се види матката. Некако многу сумливи ми се резултатите. Јас имам ендометриоза, па некако очекував дека ќе ми кажат дека се непроодни каналите, еднаш имам правено лапароскопија за отстранување циста од јајник, сега пак имам нови цисти. Па оттука очекував повеќе да се воочи проблем со каналите. А матичната на обични прегледи на ехо ми потенцираше дека на целата мака барем матката ми била добра... Еве сега имам нов проблем да барам мислења дали навистина треба да правам магнетна.
Може да имаш ендометриозно ткиво на самата матка на надворешниот дел. Тоа не се гледа на ехо. Тоа е едина логика, инаку веза ќе нема.
Дали некој правел HSG, после една бременост успешна, и после биохемиска бременост, некои доктори после биохемиската препорачуваат, некои велат нема потреба немаш проблем со плодноста.
Обично се препорачува после пораѓај со царски рез или спонтани со киретажа, операции на матка и сл за да се исклучи можноста за блокирани јајцеводи во случај да не доаѓа до следна бременост одреден период. Не разбирам искрено зошто препорачале после биохемиска, освен ако се сомневаат на некој новонастанат септум како причина Доби некое објаснување зошто да се повтори? Јас лично повторував после спонтан со киретажа. На крај и да треба, 2 мин работа е.
Не знам искрено, матичната на ехо ми рече, бев кај друг доктор ми вика на ехо не се гледа проодност па да ти каже така, и потоа бев кај Димитров во Систина и тој вели зошто проодност после биохемиска нема потреба. Имаку првата бременост ми е царски, а пред бременоста правев хистероскопија имав септум, немам киретажи после бременоста, тоа ме праша и Димитров за киретажа. Така да не ми е јасно баш ♀️
Слушај го Димитров. Штом си забременила, ќе бидне пак. Е сега, ако некој период не бива, се разбира можеш да повториш, ради царски што си била ете. И да не се непроодни, ќе ги прочисти за поголеми шанси и така.
Здраво на сите, јас имам три спонтани од кои последното во мај годинава (сите со операција), а пред тоа имам направено хистеро-лапаро во 2023 г. Сега скоро бев на преглед кај друг др. и ми вика да направам ХСГ. Кога се консултирав со други доктори ми викаат нема потреба од ХСГ особено ако сум правела хистеро и лапаро. Би сакала да знам дали има сличен случај или па еве хистеро и лапаро да бидат „неуспешни“ и коригирани со ХСГ?
Здраво женски, ми треба мислење. Овој месец сум на летрезол прв пат, а докторот не ме прати на ХСГ. Во март имав една биохемиска, па ме интересира ваше мислење дали треба да правам ХСГ или не, бидејќи еднаш сум останала?
Женски колкава е релевантноста на HSG тестот? Останав трудна од прв обид ама за жал вонматерично. Правев лапароскопија и останав без еден јајцевод. При самата операција е проверено проодност на лев кој изгледал нормален ама течноста не поминала, со објаснување од докторот дека ова често се случува поради грч при самата изведба на операцијата и дека треба да пробам природно пак после три месеци. Јас многу се плашам и сакам да направам HSG тест после 3 месеци, не знам колку е паметно и дали ќе сум опуштена и дали вреди, некој совет? Ова што ми се случи ме скрши, не знам ни дали имам желба веќе од толку голем страв…
Како ти правеа лапароскопија без ХСГ? HSG е релевантен тест и врз основа на него често се носи одлука за понатамошна операција. Докторот добива слика каде што може да се процени дали е потребно нешто дополнително. Иначе кај мене на снимката се виде дека едниот скроз е запушен, додека другиот протекла течноста но не до крај. Потоа при операцијата не пропуштила течноста и се затворија и двата поради тоа што може да се случи спонтан... Ти препорачувам да си направиш ХСГ и да си бидеш мирна, ништо не е страшно а болките се минимални ти кажувам од искуство затоа што и ја сум голем паничар Секако дека ќе имаш желба затоа што ние сме жени и може се да издржиме..
Направена ми беше проверка на проодност за време на лапароскопијата, левата туба изгледала нормално, но течноста не поминала, докторот ми рече дека тоа може да биде поради грч. Во извештајот стои дека матката, јајниците и тубата се со нормален изглед…