Проодност на јајцеводи (HSG)

Дискусија во 'Бременост' започната од mace12, 29 мај 2011.

  1. CherryLady1

    CherryLady1 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Малку чудно тоа ако не поминала а ти ја оставиле отворена...ти го препорачувам Др. Трајковски за детална анализа.
     
    На arwen93 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  2. Devotion

    Devotion Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    33

    Тубата изгледала нормално, само течноста не поминала, докторот ми рече дека тоа може да е од грч, па затоа ја оставиле за да имам шанса природно. Ми рече немаш потреба од HSG биди само опуштена и пробувајте година дена па ако не успеете ќе посетиш гинеколог. Јас не сум опуштена воопшто, и би сакала да направам тест за да сум еве не знам…збунета сум
     
    Последна измена: 3 октомври 2025
    На Gaia_25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Temena

    Temena Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Би сакала да ве замолам да споделите искуства. Пред три недели завршив на итна операција( лапараскопија) поради вонматерична бременост во лев јајцевод. Изваден ми е тој јајцевод. Претходно имам една бременост уредна. Кои би биле следни чекори? Дали има шанси во меѓувреме да ми станале непроодни јајниците? Матичната ми вика може и од царскиот да е последица… ептен сум исплашена а сега желбата за второ ми е уште поголема, ама и стравот после се што поминав
     
  4. Medical girl

    Medical girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Дали на некој му правел ХСГ Др.Дејан Огненовиќ во Жан Митрев и како поминал?
     
  5. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Не може јајниците да се непроодни туку јајцеводите. Ако левиот јајцевод ти е изваден имаш шанса да останеш трудна само ако овулираш од десниот јајник и се разбира ако десниот јајцевод е прооден. Види со докторката кои чекори да ги превземеш ако подолго време пробувате за бебе а не бива.
     
  6. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    89
    Нејасен е постот.
    На операцијата ти ги отстранија јајцеводите?
    ХСГ не важи за многу релевантен тест инаку. Го прават, ама не секогаш е точен.

    Затоа што јајцеводот не бил исполнет со течност, бил нормален. Ги вадат ако е полн со течност која може да е токсична.
    Што точно д-р Трајковски би направил?
     
  7. Devotion

    Devotion Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    33

    Отстранет ми е само десниот, левиот не.
     
  8. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    89
    Епа бил со течност, ради тоа е отстранет.
    Ако има само адхезии, не го вадат. Трајковски ми кажа така.
    Во принцип грч се случува на ХСГ, на лапаро не толку често, ама знае и тогаш. Иако исто така Трајковски ми даде и друг пример, вика хсг непроодни, лапаро пак, почнуваме да спремаме за инсеминација, доаѓа со позитивен тест.
    Се е можно. Кога животот има желба да дојде, ќе дојде...
     
  9. Devotion

    Devotion Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    33
    Не знам дали се разбираме правилно...
    Не се работеше за хидросалпингс или адхезии, туку за ектопична бременост.
    Другата туба е здрава, само при тестирањето за проодност имала НАЈВЕРОЈАТНО спазам, па течноста не поминала тогаш.
    Затоа докторот одлучи да ја остави, бидејќи изгледала сосема нормално....
     
  10. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    89
    Не сме се разбрале.
    Друга цитирав, ти ме цитираше мене, а јас мислев е она.
     
    На Devotion му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MariaSky

    MariaSky Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2025
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Имам закажано во Плодност за проверка на проодност на канали
    Се обидуваме скоро 3 год за бебе и прв пат почнуваме со испитувања
    Имав една биохемиска во Април минатата година и од тогаш ништо
    Ве молам за искуства за тие што што правеле ХСГ
    Ви благодарам премногу❤️
     
  12. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    16.829
    Пол:
    Женски
    Јас правев ХСГ исто во Плодност. Се одлучив да биде без аналгезија/анестезија пошто читав дека се издржувала болката. Релативно океј поминав. Болката беше јака ама краткотрајна, само неколку секунди. Нормално малку полежуваш после тоа, јас имав и минимално крварење. Значи не е ништо страшно и трае многу кратко. Јас си се напив еден хелекс од дома за секој случај. Со лесно!
     
  13. MariaSky

    MariaSky Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2025
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
    Се надевам се ќе биде во ред
     
    На Fluffy^-^ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Флафи колку ти зедоа за хсг? една моја другарка правеше денеска, презадоволна беше од се, ама на крај ми вика отишла на шалтер по резултати, па изгледа не бил извештајот напишан па чекала едно 30тина мин, па вика 5 пати ме препрашаа на шалтер дали бев со или без анестезија, па конечно го нашле извештајот и го испринтале, па после го чекала цт-то го немало и на крај за плаќање кога дошло вика се зачудив 12.000 ми зедоа а беше без анестезија...дали таа на шалтер ги прави цените или и ги пишува во систем...вика може таа на шалтер не ме слушна точно и ми наплати со анестезија..а знам јас лично прашував некаде мај јуни беше ми рекоја 8 без, 10 со анестезија...дали е толку поскапено или докториве си пишуваат цени како сакаат ( беше со закажување преку матичната па вика да не си додаваат проценти докторите). Чисто информативно ме интересира бидејќи и мене ме зачуди ценава некако висока
     
  15. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.016
    Тоа ми личи претерано скапо, јас платив 5000,00 кај Толовски, Ск, без анестезија (нема потреба, според мене).
     
  16. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    16.829
    Пол:
    Женски
    8 000 денари ама правев минатата година. Можи е поскапо сега
     
  17. Luna. vk

    Luna. vk Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Собирам документи за ваучер треба да направам HSG.
    На 24/10 на микробиолошки тест ми се појави уреаплазма urealyticum пиев антибиотик вибрамицин од 27/10 до 02/11 на 03/11 добив циклус се јавив во Толовски им објаснив и само крвна слика со седиментација ми побаараа за да закажам на 7-10 ден за ХСГ. Сега во петок треба да повторам брис за уреаплазма дали би имала некакви проблеми заради бактеријата или да почекам нареден месец се мислам
    Некоја од искуство да ме посоветува
    Однапред благодарам
     
  18. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Нема играчка со уреаплазма. Ако не ти е излечена никакво ХСГ.
    Најлоша е.
     
    На Luna. vk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MariaSky

    MariaSky Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2025
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Во Плодност без анастезија е 10.000 ден
    Со е 15.000 ден
    Чисто да сте информирани како скока цената
     
  20. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ете тебе толку, на другарка во понеделникот и зеле 12 без анестезија,можеби како во систина различни доктори различни цени...кај кој доктор беше?