Проодност на јајцеводи (HSG)

Дискусија во 'Бременост' започната од mace12, 29 мај 2011.

  1. Mari95

    Mari95 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Направив хсг, резултатите беа супер проодност има и форма на матка нормална.Трае кратко ама болката ми беше баш голема едвај издржав некако. Докторот Палчевски беше супер ми објасни се од почеток до крај. А платив 12700
     
    На Mirgorod му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gaia_25

    Gaia_25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    126
    Палчевски е во Систина?
    Беше во Жан.
     
  3. Mari95

    Mari95 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Да во систина
     
  4. Pisces90

    Pisces90 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2025
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Денес направив ХСГ на клиника, докторката беше сосема љубезна го објаснуваше секој чекор..воопшто не е страшно.
    Болката е иста како грчеви кога добивате менструација.
     
  5. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.416
    Здраво
    Дали после hsg ви рекоа да почекате еден циклус за обиди? Во Толовски ми рекоа дека после два дена може да почнеме со обиди но мојот гениколог ми кажа еден циклус да почекаме бидејќи после hsg може лесно да се случи спонтан?
     
  6. Mari95

    Mari95 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Не, баш после хсг матичната ни рече дека најчесто останувале бремени баш тој месец. Па ќе видиме
     
  7. kokec

    kokec Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2026
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Imam eden zatnat jajcevod posle abortus rshum me napravija,vospalenie imav i bas kaj delot sto ja zema jajce kletkata e zatnat od klamidija stara infekcija luzno tkivo,taka bese sostojba pred 4 godini.
    Prasanjeto mi e dali pred transfer sega pak da proveruvam da vidam do kade se da ne nekoja nivna sostojba vlijae na transferot,iskustva?
     
  8. Gaia_25

    Gaia_25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    126
    Не те сфатив. После абортус или после кламидија? Влијае на трансферот, да, потенцирај им.
    А сакав да те прашам каде правеше брис од ендометриум?
     
  9. kokec

    kokec Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2026
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Брис од ендометриум во Њуборн правев,имам затнат десен јајцевод после абортусот од инфекција после киретажата.100% беше затнат со лузно ткиво на делот што е како отворен што треба да собере јајце клетка.На ехо рекоа не се гледа дека има течност и дека не прави проблем ама дали да направм пред трансфер контролно хсг да не пречи сепак на трансферот
     
    На Gaia_25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    3.555
    Направив и јас ХСГ. Комплетна проодност, се е во ред, уреден наод. Воопшто не беше болна процедурата, само како штипкање мало, ништо страшно. :)
     
  11. ivv7

    ivv7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Kade pravese hsg? Ako mozes pisi mi poraka, jas ne mozam da ti pisam
     
  12. fendy_girl

    fendy_girl Нов член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2026
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас правев HSG на ГАК почеток на Април, страшно болна процедура што никако не би ја повторила, буквално врескање од болка и би ја препорачала во краен случај доколку е потребно (мојот праг на болка е помал веројатно). На HSG-то на ГАК се покажа дека само левиот јајцевод ми е непрооден, но кога правев лапароскопија заедно со хистоскопија пред 2 недели се покажа дека 2та јајцеводи се непроодни, проверено со 2 обиди од страна на д-р Глигор Тофоски.
     
  13. Mirgorod

    Mirgorod Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2026
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Добар ден, бев на ГАК, џамити за инсеменација или после за ин витро. Роса Наумоска првпат ме гледа во животот, 2 минути ме сослуша и одма пресуди да ми се сечат десните јајник со јајцевод. Имав 2 операции (и то едната е со цистата на жолто тело, а другата воопшто пред 12 години) за неа се повод да каже „за џабе ти се, имаш хронична инфекција“. Без доказ дека ја имам, без испитувања. Ја прашав дали може прво да се пронајде инфекцијата ако веќе мисли така, не бе брате, одговорот беше фантастичен „За што ти е? Ќе добиеш вонматерична бременост“. Наместо лекување - ампутација!!! Цела ноќ не спиев, преку ноќ имав хистерија, сабајлево сонував кошмар со масакр каде што ме стерилизираат. Имам само 34 години, немам деца, 20 гинеколози и хирурзи од различни држави во животот не ми рекле нешто такво, а оваа на ти, сместа спремај се, јас половината од твојот систем ќе ти го одземам. Минатиот месец на десниот јајник имав овулација, и таа вчера ми вели јајникот нема доволно фоликули, абе ајде! Јајникот работи? Работи! Крај! Ми се запреа цревата, ми се крена притисокот, а вчера воошто ми се снеарни и исгубив свест откако излеговме од болницата. Оваа жестокост од 15-ти век не ја разбирам. А немам ни тумор ни ништо, нема НИКАКОВ ПОВОД за ампутација. Ми пиша упат за на ХСГ и ми рече дека после тоа ќе ми ја прави таа ампутација. Луѓе, ова не е медицински пристап, ова е болест! Денеска му се јавив на д-р ** од Систина, тој ми ја знае анамнезата, ме оперираше, рече ти си здрава женска, направи ХСГ и дојди. И ќе појдам. Не знам од каде да земам пари за во Систина, ама нема избор. Државната медицина е мртва. А во понеделник одам на психијатар да ми препише апчиња после овој потрес, не можам да дојдам на себе веќе повеќе од 24 саати, поминувам со чај од валеријана и со дијазепам за да можам да преспијам барем неколку саати. Баш прекрасна состојба на организмот за да останеш трудна, нели? У п*чку мајчину шубо е! Се консултирав со мојот матичен од мојата родна држава што ме познава со години, ми рече ти забранувам да ги потпишуваш овие фашистички документи за ампутацијата, ако не знае да лекува, ќе појдеш таму кајшто знаат и крај. Истото ми го кажаа и маж ми, и мајка ми, и татко ми, и свекрва ми, и цела фамилија, и женски со 3-4 живи и здрави деца на коишто некогаш им било речено дека се неплодни.
     
    Последна измена: 27 јуни 2026
  14. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Тоа е нејзино мислење,и никој не може да ти направи нешто што ти нема да го дозволиш.Ќе си направиш ХСГ и хистероскопија да се види состојбата на јајцеводите.Јајацеводи да вадат.А јајник мн ретко.Да воспалението ако е хронично може да го запуши и да го уништи јајцеводот.
    хидросалпинкс се нарекува и да го намалува природното забременување и дури и при ИВФ може да излачи течност што ја попречува имлантацијата на плодот.
    Сепак ќе си бараш и второ и трето мислење.
    Те види на ехо,има ендометриоза?
    што е причината за претходните две операции?
     
  15. Mirgorod

    Mirgorod Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2026
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски

    Добар ден! Во 2022 во тек на операцијата ги проверија и тубите, и проодни се двете. И го кажав ама џабе, како да не ме слушаше. Тогаш беше пукната циста на жолтото тело со внатрешто крварење во абдоменот. 7 дена ме маткаа во Прилеп со болки по ринцип „ништо не ти е“ и ете, на крајот цистата пукна. Со се* со крвниот сад. Сполај им на докторите Оропан и Весна, касапи невидени „немаш циста, имаш болежлива овулација“ и со флажил и со антибиотик ме пуштија дома да си умрам. Фала Богу ми текна да се јавам кај друг доктор и завршив во Систина на операција на раб на сепса. Со кредит од илјади евра. Но, барем, останав жива.
    А во 2014 беше салпингоофорит, имаше капка гној, едноставно сето се исчисти на лапароскопија, после 2 недели инјекции антибиотици и витамини во болница и ми помина. Пред тоа беше хламидиоза, ама фатена буквално другиот ден, дијагностицирана и успешно лекувана. Можеби се качила погоре. Но не верувам. Многу брзо и стручно ја отепавме хламидиозата. И во 2022 тубите се проодни.
    А иначе со години сум имала хронично слепо црево. Во 2023 ми го отстранија, со години сум го носела, никој не знае колку, и баш хирургот уште еднаш детално го прегледа абдоменот и рече дека сето е во ред. И слепото црево можело да биде извор на сето ова.
    Значи нема никаков повод. Кај нас во државата се вади само ако имаш тумор или ендометриоза. Сето друго се лекува и тоа ако има потреба. А овдека и нозе и раце и матки сечат без гајле, гледам.
    Јас ни ендометриоза немам.
    Немам никаков проблем значи. Само да останам трудна. Дојде време. Не се испитани хормоните како што треба, само оние за џабе што се 3-иот ден од циклусот со се* хормоните од втората фаза од циклусот, кои на 3-иот ден едноставно „спијат“, значи ништо подлабоко не е испитано, ама ајде да правиме ампутација.
    Но докторката сето ова го сослуша и ми постави ултиматум: ги испитуваме тубите за да имаме пресен извештај, а после ампутација. Нема шанси. Маж ми во понеделник ќе се јави таму дека ја прекинуваме постапката поради таквиот незгоден пристап. Јас не можам да се расправам, се чувствувам психички пореметена од ова.
     
    Последна измена: 27 јуни 2026
  16. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    После операција на слепо црево можно е да дојде до затнување на тубите.Исто така и Кламидија е причина за затнување на туби.А хормони точно де испитуваат на 3 ден тие што се за репродукција.И даваат јасна слика за работата на јајниците.Што значи дека не треба да спијаат на 3 ден.Ќе си имспитам ако немаш и АМХ да се види резервата на јајце клетки.Ќе си направиш хистероскопија и ХСГ.Да се види точната состојба.Претпоставувам дека имаш проблем со зачнување,што си се одлучила за инесминација и ифв.Некаде проблем мора да се бара.Што не значи дека има,ама ќе си провериш
     
    На Mirgorod му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mirgorod

    Mirgorod Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2026
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Во рамки на подготовка за бременост не сите женски хормони се испитуваат на 3-ти ден од циклусот. На 2–4 ден од циклусот обично се испитуваат ФСХ, ЛХ и естрадиол, затоа што тоа се основни показатели на првата фаза од циклусот и помагаат да се процени работата на јајниците и оваријалната резерва. Понекогаш заедно со нив може да се назначи и инхибин B, но тоа не е задолжителна анализа за сите. АМХ може да се испитува во кој било ден од циклусот, затоа што речиси не зависи од конкретниот ден на циклусот и исто така се користи за проценка на оваријалната резерва. Прогестеронот не се испитува на 3-ти ден: тој се проверува во втората фаза од циклусот, приближно 7 дена по овулацијата, за да се види дали имало овулација и каква е лутеалната фаза. При циклус од околу 28 дена тоа често е приближно 21-ви ден, но ако овулацијата е подоцна, и денот за испитување на прогестеронот треба да се помести. Пролактинот обично може да се испитува во кој било ден од циклусот, најдобро наутро и во мирна состојба, затоа што покачен пролактин може да ја наруши овулацијата. ТСХ и слободен Т4 може да се испитуваат во кој било ден од циклусот, затоа што тоа се хормони на тироидната жлезда, а нарушувањата на тироидната жлезда може да влијаат врз зачнувањето и текот на бременоста. Антителата на ТПО и на тиреоглобулин не се женски хормони, но понекогаш дополнително се назначуваат при подготовка за бременост, ако треба да се уточни состојбата на тироидната жлезда. Затоа не е точно да се каже дека сите хормони за подготовка за бременост се испитуваат на 3-ти ден од циклусот: на 3-ти ден обично се проверува само дел од показателите на првата фаза, а другите анализи се испитуваат во други денови или воопшто не зависат од денот на циклусот.
    А за инвитро и сл. одлучи мојата матична џамити да не се замарам веќе многу на моите години. И ете што испадна
    Убедена сум, дека едноставно има некоја ситница, и таа ќе се најде. Сите во фамилијата од двете страни се плодни, дури и со десеттина абортуси секоја втора женска, оти веќе имаат 3+ здрави деца. И секако без ампутација. И запушување на каналите не е повод за ампутација. Повод за ин витро да, ама постојат и процедури на пробушување на каналите, и лекување, има триста чуда, фала Богу. А не масакр од пусто турско.
    Во благодарам за поддршката!
     
  18. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Девојче знам што кога се испитува имам 4 инвитра зад мене.4 години поминати во испитувања.Не мора да ми копираш од Ghat GPT.Со среќа да ти е и ти посакувам успешна бременост што поскоро
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mirgorod

    Mirgorod Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2026
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Женско, ветеринар сум и имам оплодено над 3000 мачки, кучиња и кобили, стара школа сум од Москва, не ми треба никаков чат GPT :)
    И на мачката гледам да и ја сочувам матката, а овдека за човек кроз прсти одлучуваат за ампутации ко за пиење кафе :)
    Фала! Убав викенд!
     
    На mom to be му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како одлучи докторката тоа само од разговор.Зборуваме за специјалист,доцент и професор како е можно од разговор да одлучи.За тоа да се одлучи треба да има медицинска причина.Прашањето ми беше на што се базираше др.на преглед на ехо на хормони и достави документација?Мислам целосно е нелогично од сослушување така да одлучи да се вади јајник и јајцевод
     
    На Mirgorod му/ѝ се допаѓа ова.