Најубаво кога ќе ти почне да се јавиш да закажеш и они ќе ти кажат во зависност колку дена ти трае кога да одиш.
Не е ништо страшно и јас бев преплашена, но оваа процедура јас препорачувам да си ја поминат сите пред да забременат без разлика дали имаат или немаат некој проблем, бидејќи е најрелевантен преглед во однос на тоа каква е формата на матката, дали има аномалии, септум, полип, миом и.т.н. Не се залажувајте да си ги давате парите за анестезии НЕМА ПОТРЕБА! Значи постапката трае 3 минути а болката е како менструална и воопшто не е страшно. Јас сум човек што не трпи болка и затоа ми беше страв, но се за џабе верувај.. кога помина постапката се прашував зашто и порано не го направив ова испитување, бидејќи ми откриа септум кој не се гледа на ехо, потоа го отстранив и септумот и сега ќе видиме Инаку правев во Систина ( не е битно за кај кој доктор ќе се одлучиш, сите се добри ) платив 5400, со мене носев седиментација и микробиолошки брисеви не постари од 3 месеци. Поздрав,
Фала многу за одгворот,сега ги добив резултатите сите ми се негативни и чекам другава недела да ми дојде да закажам.Имам уште едно прашање ако имам преграда или нешто после колку време тебе ти закажаа хистероскопија?
Ајде да споделам за некого ќе биде од корист Отидов со упат и висока седиментација ми кажаа дека касно доаѓам, иначе денес ми е 8 ден од циклус Треба веднаш кога ќе добиеш да отидеш и да ти отворат историја и ти закажуваат точно кога да отидеш Јас треба да чекам следен циклус ....тоа е тоа Со лесно на сите
Да така е, денот кога ќе добиеш циклус одиш или се јавуваш и они ти кажуваат кој ден да се направи проодноста. Пишав погоре.
Е добро тогаш. Ајде ќе се симне и ќе си направиш следниот месец ХСГ. Испиј антибиотик, па пак провери си седиментација, да видиш дали се спуштила. За да ја спуштиш до следниот циклус.