5400 во Систина, правев пред една година скоро. Јавете се прашајте сега цена. Не е болно и трае 3 минути. Поздрав @belmoni
Јас правев во Систина лани во мај кај д-р Бојаџиев, тогаш беше 5400ден, ти бараат да имаш чисти брисеви и седиментација пониска од 10. Трае кратко, можеби 5 минути, а дали е болно е релативна работа, може да почувствуваш болка доколку двата канали ти се непроодни, а нели контрастот (течноста) се вбризгува наеднаш и под притисок... или доколку имаш низок праг на толеранција на болка...
Јас правев во систина сега е 5700. Болката не е нешто страшно како менструална е само по интензивна. Сепак тоа зависи од случај до случај.
Јас денеска ги земав на Гак и 700 денсри платив.Воопшто не болеше,само кога ми ја редеше опремата мала нелагодност осетив инаку кога ја вбризга течноста ништо.
Здраво, се решив да одам на ХСГ. треба да добијам денес-утре и нели треба до 10тиот ден да се прави. ваше мислење на клиника или Систина? не ми е толку битна цената. и дали систина бараат седиментација и чисти микробиолошки? ви благодарам
Кај и да правиш ти треба мирна седиментација и чисти брисеви буквално да не си направиш проблем...а ако правиш на клиника штом добиеш одеш да ти закажат и мислам на 2- 5 дена откако ќе ти заврши закажуваат би дошло до 10од денот на добиено
После колку дена од хсг може да се активираме за бебе? Сепак е зрачење се надевам нема да има последици???
Здраво девојки Дали може да ми кажете информација за ХСГ испитување што документи се потребни и кои испитувања се прават претходно ? Колку трае постапката?
Незнам каде да правам Затоа да прашам каде е нјдобро Од кого ми треба упат и која е цената на државно? На приватно малку ми е скапо но ако немам избор и таму ќе отидам
Упат од матичен гинеколог за Амбуланта за асистирана репродукција. Таму ќе ти бараат да видат досега што имаш испитувано, а треба да имаш чисти брисеви и седиментација не поголема од 10. Се плаќа околу 700 денари мислам.
Јас правев кај толовски во август 4200 ден беше. Требат чисти брисеви и мирна седиментација. Резултати и снимки одма добив. Трае многу кратко 2 минути
Девојки дали некоја има правено HSG во Newborn кај др. Трајковски. Сакам да закажам, ме интересираат ваши искуства, дали е болна процедурата и се околу тоа..
ХСГ од кога почнале да прават во Њуборн? Колку што знам таму не прават. Освен ако им е некоја новост.
И јас треба да правам ХСГ, и сакам да прашам дали некој има искуство од док. Органџиски во Штип? Цената тука била од 4до 5000ден. А за во њуборн незнам.
3500 е. Не боли ама конкретно за таму како работат и сл. сакав искуства. Прават да, се јавив прашав. 3500 е