За едни е болна за други мала нелагодност, треба да си провериме на "своја кожа" па за да дознаеме мене ми е страв и тоа многу, ама шо да се прај. Само што пред 3-4дена ми заврши мест., а требало на 8ми 9ти ден од циклус, така да ке чекам за нареден месец. И уште неможам да сватам оти не ме пратат дирекно на хистеро, каналите очигледно ми се проодни 2 пати останувам, е сега за септум преграда полип ако недај Боже има од ХСГ на хистеро ке треба,а може 2во1
зошто можеби немаш ништо. затоа не те праќаат одма веројатно,туку прво да видат на снимка од хсг. ќе треба да те стават под анестезија за џабе и да ти направат рез за џабе,ако немаш ништо.
Мила нека не те плаши болката, тоа е нешто што трае 2мин.и е сосем издржливо. Зошто да се подложуваш веднаш на интервенција во хирушка сала со општа анестезија. Мисли на тоа дека можеби овој преглед ке ти го реши проблемот, и има случаи каде после Хсг многу брзо забремениле. Ни е толку страшно ни е толку болно. Мисли позитивно
Сите што немате направено хсг да си направите, процедурата трае буквално 2 минути и не е болна, туку непријатна. Јас одолговлекував една година и на крај сватив деке сум се зезнала зашто? затоа што ми било страв ... Ве охрабрувам да си направите сите кои планирате бременост пред да биде доцна. Истата грешка ја направив и со хистероскопијата. Одолговлекував година и повеќе еден др ми рече нема потреба други двајца ми рекоа да направам и јас го слушав оној кој повеќе ми одговараше во моментот да го слушам, односоно оној кој м е советуваше да не правам, и згрешив повторно за жал. Од тука ја научив лекцијата послушај го оној кој ќе ти каже мислење кое тебе не ти одговара Хистероскопијата траеше 30 минути буквално и доколку си одберете соодветна болница и доктор во кој верувате нема да имате никаков проблем, потоа ќе ви биде криво зашто и порано не сте направиле се што е потребно. Така да за да не одите по моиве стапки, ви давам искрен совет се што ќе ви кажат да си проверите, испитате, направите без одолговлекувања. Не сме ни болни ни неможни фала богу. Ниту се некои интервенции опасни по живот или незнам што. Се е чиста '' глупост'' која мене скапо ме чинеше се заради тој безпотребен страв кој сама си го величев и му придавав значење и изгубив 3 години. Поздрав девојки P.S. Незнаев дека во Њу Борн имаат ренген за ХСГ ова е нешто ново .. Штом Влатко прави хсг не се мислете толку е нежен, внимателен и симпатичен што би го повторила повторно кај него хахаха мала дигресија
Да поскапо е кај Толовски е 4500 Систина е 5400 јас кога правев. Толку се Толовски, Сиситина, Плодност еве сега и Њу Борн најевтино од сите приватни. На клиника се чека, инаку Тофовски го фалат ама незнам немам искуство.
Дали ти ја објасни постапката?зошто јас кога се јавив кај органџ. ми рече ако не си мој пациент ке мора да ви направам прегледи со сопругот по 2000ден, тоа вклучувало седиментација,ехо,спермограм, значи за двајцата 4000 и 7000ден ХСГ нормални ли се? Дали тука може да си ги однесам брисевите 1 месев ми се стари и да си поминам со мн мн поефтино
Мислам дека можеш, брисеви не постари од 3 медеци јас правев минатиот месец и матичната ми рече дека ми се валидни тие од декември. до душа во систина ништо и не ми побараа само кога се јавија да ми закажат прашаа и толку
@Fontana дали сме се јавиле на истиот број во Њуборн,бидејќи мене ми кажаа дека не правеле се јавив на 02 27 34 350, и ми дадоа бр. Од некоја ординација позади рамстор изгледа имаат договор со нив,се јавив на бр. што ми го дадоа ми кажаа цена 4.200. Да не знаете за која орд. и кој док. се работи? Цената е околу 1000ден разлика од систина, и се мислам
Тие позади Рамстор се Рентген толовски, јас правев таму, и тогаш цената беше 4200. Можеби соработуваат во смисла, пуштаат гинеколог од Њу борн. За мене тогаш дојде др.што ми го организираа од толовски. После прегледот веднаш ги читаат снимките, резултати веднаш.
Во њу борн има само два доктори Гуржанова и Трајковски, јас искрено не верувам дека баш они двајца кои неможат глава да кренат од пациенти со сериозни проблематики, би оделе по други ординации и ренгени за да прават хсг. Најверојатно само ви го препорачале Толовски како опција. Поздрав,
Оди си во Систина за 1000 мкд не се мисли. Сепак е болница и докторите се сите топ. Никогаш не би правела ништо не па хсг кај доктор што не го познавам.
Здраво, честитки за форумот, доста е информативен Дали некој може да ми даде мислење или совет. Останав спонтано бремена но имав спонтан абортус, по ревизијата ми направија и хистероскопија (отстранета преграда). Ми рекоа дека пак ќе можам да зачнам за неколку месеци. Од хистероскопијата помина година ипол ништо. Моја возраст 37 години. Од испитувања направив буквално СЕ остана уште ХСГ. Но проблем имам со висока седиментација која во последните неколку лаборатории никако да се спушти под 20. Дали некој има вакво искуство и има направено ХСГ? Дали е опасно и штетно да се прави ХСГ со повисока седиментација и бидејќи сепак станува збор за зрачење, дали е штетно за јајцеклетките? Што е подобро ХСГ или ХСС (снимање со ехо наместо рендген)? Сеуште сум на мисла дали и воопшто да го правам? Благодарам многу.
а имаш пиено антибитик? обично така прават тие што имаат висока седиментација. пијат антибиотик ,им се спушта и одма тогаш прават хсг.
На последната менструација ме фати грип, пиев сумамед три дена. После 10 дена направив крвна слика седиментацијата 21... сега пијам сируп за јакнење на имунитет, не знам дали ќе помогне. Направив и други испитувања кои влијаат на седиментацијата и беа во ред... Матичнот гинеколог не ми даде пак антибиотици, бидејќи овој месец веќе пиев сумамед...
Како што пишала членката н некои со константно висока седиментација им даваат кратко да пијат антибиотик за да се намали, па после прават снимање. Дали е штетно?..мислам дека не е многу бидејќи кажуваат дека по 3 дена можеш да имаш односи за да забремениш. Веројатно зрачната доза не е толку голема.
Здраво девојки, Нова сум на форумов и би сакала една консултација. Пред повеќе од една година имав спонтан и сега имаме потешкотија за повторно... По направено хсг Др. Ивановски во Систина ми кажа дека имам дискретен септум, но ништо да не правам во врска со тоа...дека мн жени родиле во таква сит. Што би ме советувале?