Ништо страшно јас кога читав тука мислев леле кузнајт колку боли,и викав поарно да ми направат хистоскопија барем ќе спијам него вака,ама испадна дека не боли воопшто,мене само кога ми ставаше опремата,а тоа многу го мразам и кога одам на преглед кога земаат брисеви.Не се секирај нема ни малку од таа болка кога те прават киратража,ако си правела со локална.
Здраво девојки Се спремам за хсг така што ги добив резултатите од микробиологија. Но резултатите од пап тестот ќе биле готови после 5 ти август бидејќи фаќаат одмори, гужви... Имам и упат за крв и седиментација Ме интересира некој да ги види резултативе и да сподели мислење, што уште ми е потребно
Пап не ти е потребен. Резултатите од брисеви ти се чисти, ти треба уште ниска седиментација и толку. Друг пат да си знаеш за пап за да не чекаш толку во хистолаб резултати има за ден два а чини 500 ден.
Здраво женски,имам едно прашање.Сестра ми треба да прави утре хсг кај Толовски а че го прави др. Парталоски.Тука читам дека предходно прават микробиолошки тестови а на сестра ми докторот нипто не и рекол.Кажете ми што е се потребно и задолжително,дали се пие нешто предходно,и дали бил некој кај овој фоктор да сподели искуство.Ви благодарам.Несакам да се направи некој пропуст па наместо добра работа недсј боже да се искомплицира нешто.
Треба да има чисти микробилошки брисеви ( не поатари од 6 мес) и уредна седимемтација . Како утре ќе прави хсг? Без претходно ништо испитано? Од кога нема направено микробиолошки брисеви?
Јас правев лани кај толовски, исто не носев брисеви, не ми бараа, само седиментација. Хсг то го правеше др.кокоромановска. резултатите за 10 мин беа готови, радиологот ми ги презентираше додека бев таму.
Беше пред 10 дена на преглед кај матичниот ништо од ова не и кажа за (брисеви за нахнадно се договараа) ни крв ни ништо.Брисеви има правено пред 5-6 месеци негатовни беа.
Јас правев одамна 2015 и колку што памтам чисти брисеви и седиментација под 10 ,ова за на гак.Но потоа пиев антибиотици превентивно и ваљда докториве знаат што прават.Тоа е моето искуство
Бубе за се претходно на лекар одиме,мене така ми кажаа така го направив, ние сами кога би знаеле што и како треба нема да имаме потреба од доктори. Што е правилно а што погрешно навистина незнам, еве јас така завршив работа.
Не , не Во ред е . Не велам дека ние сме најпаметни. Таман работа . Само гласно си размислувам и споделувам . И јас правев хсг со висока седиментација, мене цел живот ми е над 20. Секако дека ќе си ги слушаме докторите
Знам мила, ни мојот коментар не е во лоша конотација напишан, те разбрав како што треба, не се секирај.
Jas pravev kaj doktor Palcevski od sistina pred 5 dena mene nista ne mi pobara doktor ni brisevi ni sedimentacija od se srce vi go preporacuvam doktorot !!!!
Мислам дека не е во ред докториве што прават ХСГ без брисеви. Јас не би слушала доктор за ова. После тој ќе ми ја има маката ако имам бактерија и ми ја однесе во матка? Женички, ако немате направено брисеви, мислам дека најдобро е прво брисеви, за секој случај. Ова чисто совет, а кој како сака, се разбира. Ве молам пишувајте со кирилица.
Девојки јас правев хсг пред некој ден во Плодност Битола. Цена 7000 илјади без анестезија 9000 со анестезија. Анестезијата не те успива само те релаксира моментално и не осеќаш болка (минимално само кога се пушта контрастот). Задоволна сум од љубезност, внимателност и после ХСГ консултација со доктор кој ти објаснува буквално се. Со среќа на сите што ќе прават страшно е ама не многу, без паника